И јас истово го мислам сепак треба од негден да се надокнадат тиа 20 % што ќе се намалат за компаниите пак по народот ќе удрат изгледа полека ќе се враќаме на свеќите .
Што ќе направат ќе видиме
Ситуацијата е вон контрола. Се е препуштено на лепотаните од регулаторна. Лепотаните се наполно под контрола на претпријатијата кои се занимаваат со енергетика, некакви асоцијации, некакви здруженија, некакви професори, некакви доктори на науки, некакви „ визионери “, некакви „ енергетски консултанти “ и секаков олош кој е околу нив и кој само гледа личен интерес.
Сите видовте како политичарите се подбиваа со нас кога протестиравме во Протестот АМАН
Пред неколку дена Ве известив дека Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за да ни се намали цената на струјата за симболични 1,5%
Да се надеваме дека нема повторно да ја поскапат струјата,
Инаку кај нас струјата е огин скапа. Струјата е поскапа од колку што беше во Бугарија кога тамошните протестанти ја срушија тамошната влада.
Во прилог имате цени на струјата за домаќинства во САД за секоја држава .
Нај доле можете да видите дека просечно домаќинство месечно троши 903 КWh, просечната цена за еден КWh е 11,88 цента ( 5,46 денари ) и просечната месечна сметка е 107,28 долари. ( еден долар е околу 46 денари )
Кај нас цената на струјата за домаќинствата е 6,36 денари за КWh, а за дуќаните е 9.90 денари