Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Mоре Кавадарчани шо чутите даа?Виа да не лафат напамет?
Датум: 30.01.2014, 11:29
ЕДНА ПИВАРА ИЗГРАДЕНА ДРУГА СЕ ГРАДИ ВО КАВАДАРЦИ

Кавадарци добива две пивари, изјави синоќа на трибина кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Едната на компанијата “Кожувчанка” и другата на “Горска”.
Пиварата на “Горска” е веќе изградена во село Конопиште под Кожуф. Опремата инаку италијанска, била стигната , се работело на нејзино докомплетирање.
-Капацитетот на пиварата е 10 милиони литри премиум пиво со врвен квалитет. Се работи за типично македонско пиво, сопствен бренд. Името се знае, но засега останува тајна. Репроматеријалите ќе се увезуваат. Се очекуваат и нови вработувања во пиварата која треба да проработи некаде на пролет-вели нашиот извор.
Се работело за сопствена инвестиција на компанијата која произведува вода и сокови а отсега и пиво. На прашањето дали пивото ќе биде конкуренција на виното во градот на виното, добивме одговор дека винар си е винар, пивар си е пивар.
Конопиште се наоѓа на околу 36 километри од градот Кавадарци а нашиот извор е дециден дека овде има и те како идеални услови за развој на руралниот туризам и дека тоа е во плановите за во иднина.
-Замислете ако не беше укината поранешната општина Конопиште колку таа ќе одеше напред-беше коментарот на изворот на Дневник.
Инаку токму Дневник неодамна прв информираше дека компанијата Кожувчанка која произведува вода и сокови гради пивара. Во поткожувското село Мрежичко, кое некогаш беше дел од поранешната општина Конопиште.
- Пиварата се гради и првото производство го очекуваме во месец април. Ќе стартуваме со производство на 5 милиони литри за почеток, за да се стекне искуство во оваа работа која е нова за нас и да се согледаат состојбите околу самата продажба на готовиот производ. Доколку се оди според планот и предизвикаме интерес со нашето пиво и тргне продажбата, најавуваме и поголема пивара во градот Кавадарци со капацитет од 25 милиони литри. Таа би била изградена за две три години. За почеток најавуваме вработување на 25 лица а за две три години, на стотина-изјави сопственикот на Кожувчанка, Митко Јанчев.
(С.Д.)