Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 280 40,6%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,2%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,7%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,7%

  • Вкупно гласачи
    690
Не терам инат али каде Даб подобро пиво од Скопско. Малце е појако Скопското повеќе реже али затоа се осеќа баш полн вкус на пиво дека пиеш. Со ова си на пола пиво - пола вода, слабо газирано и со слаб вкус. Барем ако е слабо газирано нека е со појак сладок вкус.


Да, погорчливо е и појак вкус и ова му е плус.Ама последно време таква една реа на мртво кога отвораш капаче то е чудно нешто.Дури понекогаш е ок, ама почесто е такво ‘миризливо‘ - нестандарден квалитет.За киселини и болки од само 2 голтки да не коментираме.Скопско беше подобро ај пред едно 2 години, од тогаш вагата сврти во обратна насока.Во меѓувреме мајмунчињата си донесоа некој западен технолог и си го средија пивото.А дека немало Даб по угостителски објекти тешко.Можда во Скопје е инаква ситуацијата, исто како со Дабот во Прилеп и Кенбахот во Битола :D
Единствена замерка за Прилепска - етикетата.Можело пооригинално.
 
Што осетливи луѓе ќе бевте, киселини и болки во стомакот...
 
chiemseer_hell.jpg


Светло пиво од Розенхајм Баварија


andechser-weissbier---hefetrb--0-5-l---5-5---vol--.jpg


Сорта "Wheat beer" или "Weizenbier" од пиварата во Манастирот Андекс во Баварија, основана во 15. век. Дефинитивно топ 3 пива од оваа сорта популарна посебно во Баварија.

И двата моментално големи фаворити, Баварските пива дефинитивно се најдобри.
 
chiemseer_hell.jpg


Светло пиво од Розенхајм Баварија


andechser-weissbier---hefetrb--0-5-l---5-5---vol--.jpg


Сорта "Wheat beer" или "Weizenbier" од пиварата во Манастирот Андекс во Баварија, основана во 15. век. Дефинитивно топ 3 пива од оваа сорта популарна посебно во Баварија.

И двата моментално големи фаворити, Баварските пива дефинитивно се најдобри.
Ти парирам со ова:
londonpridebottlemain.jpg


и ова:
fullers-london-porter.jpg


Знаат британциве како да прават пиво мамето нивно :D
Скопско и Даб споредено со овие ти се дно дна.
 
Скопско пијам од кога знам за себе, и некогаш беше поубаво. Не знам зошто сега, последниве година две го чувствувам ослабено, променето.. Дабот е катастрофа, мене стариот даб чинам поубав ми беше, кога бев у Прилеп ретко да имаа некаде скопско и затоа пиев даб. Исто и Старопрамен го признавам за убо пивце.

Како ми се припија сега ко ја видов темава :X3:
 
Влегуваат во кафана Скопско, Кембах и Крали Марко.
- Скопско порачува Скопско.
- Камбах порачува Камбах.
- Крали Марко порачува Пепси.
Го прашуваат:
-Зошто порача пепси?
-Па кога никој не пие пиво, нема ни јас.
 
Даб оригинал :icon_lol: @Igorcemk, некоја информација за џерманскиот Даб?
1238937_490669781028237_331730626_n.jpg

ДАБ (Дортмундска Акционерска Пивара) е една од малце останатите пивари од Дортмунд, доста пивари или брендој или ги нема повеќе или се преземени од други. Дортмунд е град со голема пиварска традиција и дури си има своја сорта (Дортмундер Експорт) по која се познати пивата од тука. Денес Експорт-пивото се поретко се пие. Тие Експорт пива во времето ги правеле ко немаше уште струја и фрижидери а овие експорт-пива имаа поголем рок и со тоа можеше подалеку да се носат (затоа и името Експорт). Го немам пробано ова пиво ама љубител сум на експорт-пива (иако ретко ги пијам). Мислам и дека водата во Дортмунд е мека и со тоа пивата од тука добиваат на квалитет. Иначе Германскиот ДАБ и Македонскиот Даб мислам немаат некоја допирна точка.
 
http://www.sueddeutsche.de/kultur/die-besten-biere-der-welt-stiftung-blasentest-1.419191

Најдобрите 100 пива поред некоје стручно мислејне на Михаел Рудолф, нормално тоа е само субјективно мислејне и оваа листа ја сметам како инспирација. Се согласувам со наведувајнето на Аугустинер Еделштоф, феноменално пиво од сортата Експорт! Листава не е поредена од прво до стотто место туку општо се наведени 100 пива. (y)
 
Истото тоа пиво Горско Пиво всушност Стар лисец е преименуван во Горско пиво и еве ти прилика да пробаш :)
Да споредуваш Горско со Лисец, е како да го спредуваш Боки13. Со Моника Белучи. Самото спомнување на претходните во иста реченица (гледаш јас ги ставив во две реченици), ти фрла клетва во стилот „цела година да имаш секс само со Боки„.

Или во твојот случај цела година да пиеш само Горско (не, не може ни вода: мора да пиеш нешто ужасно). Којзнае, помеѓу Боки и Горско, Боки и не е толку лош... а Пане? ;)


Monica-Bellucci-poses-with-bicycle.jpg


bojan-jovanovski-boki-13-1352064245-226535.jpg







--- надополнето: 5 февруари 2014 во 18:06 ---
Отворете ја анкетата повторно да видите каков растур ќе направи Дабот. Ако ништо друго во последно време мислам дека повеќе се пие од Скопското.
Скопско одамна дееволуираше во сомнителна течност за поттикнување на нагонот ждригање, која јас денес ја консумирам само кога некаде нема ништо друго или кога од Х причини не смеам да пијам алкохол.
Но нејсе, и такво какво што е Скопско барем можеби можеме да го наречеме пиво. Можеби!

За разлика од...
Дабот.

Дабот, првата година кога испадна беше донекаде пристоен (или јас не се разбирав многу во пиво, најверојатно второво). Сега е некаква безлична бледа помалку жолтеникава и донекаде газирана течност, без вкус но често со лош мирис. Пијачка прикладна за ситуација кога во многу сомнителен бар, на шанк ќе прашате „Зошто е оволку лошо пивово?„ и ќе ви одговорат „Тоа е затоа што МОЧАМЕ ВО НЕГО, АХАХАХАААХАХАХА!!!„. :cautious: :ROFLMAO: :D



За крај морам да ја искористам оваа прилика и на сите вас што на Саемот на Пивото ве гледам како пиете Скопско или Даб, да ви кажам:

АХАХАХАХХАХХХАХАХАААЊХАХАХАХАХАХАХАХАХААХАХАХААААА аХАХАА ХАХА ХА ХАХАХАА ХА ХА!!!
ХААХАА
ХАХА
АХА...

Ах... ОК. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom