Филм кој го ОБОЖАВАТЕ?

Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Donnie Darko
The Exorcist
Coraline
Resident Evil Apocalypse
The Rocky Horror Picture Show
Bag of Bones (мини серија од две епизоди, поубаво кажано филм) :D
Mistery

Ако мора да изберам еден тогаш дефинитвно првиот. :D
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Има многу филмови што ми се омилени. Некои сум ги сакал како дете, ги сакам и сега, а други сум ги прераснал. Никогаш не ми било важно кој е глумец, кој режира а кој пишува сценарио, но со текот на времето изградуваме некаков (не)вкус и така, како и во се друго, селектираме и кај филмовите.
Во долниот список има секакви филмови и тој во никој случај не е целосен, ниту пак во него има некаков ред, во смисла на тоа - прв, втор итн. Веројатно и кусите искажувања не се којзнае што, некои од нив одамна не су ги гледал.

Elephant man - Најдобриот филм на Линч, според моето скромно мислење. Плени со својата (не)човечност во секоја смисла на зборот. Приказна за тоа какви се можеме да бидеме и одвнатре и однадвор.
Rashomon - Според еден убав расказ на Акугутава, режисеров снима не помалку убав филм. Секој си има своја вистина и таа не мора да биде помалку вистинита од туѓите вистини. Што на крајот на краиштата е вистината и кој е меродавен да ја оценува?
Dersu Uzala - Од сите филмови на Куросава, овој ми е најомилен. Секако му е еден од најдобрите и го препорачувам. Не заради тоа што е награден со оскар, туку затоа што овозможува, меѓу другите нешта, и увид во цивилизацискиот расчекор меѓу човекот и природата, низ призмата на еден мал човек, кој сакал или не, претставува врска меѓу нив.
Kagemusha - Историска приказна за едни, психолошки трилер за други. Колку можеме да се соживееме со туѓите улоги и животи што ни се наметнати?
Star Wars IV-VI - Лукас се надмина себеси со овие 3 филма. Ништо што режирал пред тоа и потоа не може да се мери со оригиналната приказна која се одвивала far far away...
Goonies - Авантуристички филм за деца. Нема метли за летање ни волшебни стапчиња. Таман.
Green Mile - Класика. Одлично напишани карактери кои се исто така, совршено одглумени. Дури и глушецот се снашол :)
The Shining - Стенли Кјубрик, Стивен Кинг и Џек Николсон. За мене повеќе од доволно.
The Godfather I, II - Совршенство. И во режијата и во глумата, во музиката. Море во се`. Најголемиот дел од филмовите за мафијата неизбежно се под сенката и влијанието на овие остварувања.
The Omen I,II - Ретко се случува да видиме толку големи имиња како Грегори Пек и Вилијам Холден, во неправедно потценетиот хорор жанр во златните времиња на Холивуд. Повеќето што глумеле во слични филмови или го правеле тоа на почетокот или на залезот на својата кариера. Не знам најсигурно што било со нивните кариери понатаму, но филмов е задолжителна лектира.
Alien - Првокласен спој на sf и хорор. И по толку години заслужува да се изгледа. Првпат, вторпат...
Exorcist I, III - Вториот дел беше големо промашување (за мене втор дел е Егзорцист 3), но затоа пак оригиналниот филм е совршено осмислен и снимен. Немам никакви забелешки, ни за 1 ни за 3 дел.
The Passion of the Chist - Гибсон дава свое видување за последните денови на Христос. Снименото е реално до болка. И пак, низ сите крвишта и изживувања, успева да провлече и друга поента. Повеќеслојно остварување. Актерите ги говорат оние јазици, за кои се претпоставува дека ги говореле новозаветните протагонисти.
Jesus of Nazareth - Безброј познати холивудски фаци, како во ниеден друг филм (колку што ми е познато). Солидно спакувана приказна за Исус, која е верна на евангелијата, а не е досадна.
Halloween - Нема пострашен психо од Мајкл Маерс. Ни Џејсон (кој е бледа, натприродна копија) ни Фреди (добри се филмовите, ама искрено, никогаш премногу не бев исплашен од нив). Морничавоста на филмот е засилена со недоречената приказна за Мајкл, за потеклото на злото, за тоа што се случува зад маската, која и сама по себе е застрашувачка.
The Thing - Слично како во и Alien, и овде имаме микс на научна фантастика и хорор. Со поинаков монструм и во поинакво опкружување. Ремек дело.
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
74
Поени од реакции
14
Jeepers creepers 1-2, одвај чекам да излезе и третиот дел.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 18:50 ---
Jeepers creepers 1-2, одвај чекам да излезе и третиот дел.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Имаше некоја тема неш као топ десет омилени филмови.. ама еве ова сакам да секој од вас одвои нешто шо ептен го погодило и му останало онака У душу ! :icon_mrgr:

  • Legends of the fall мене лично
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Има неколку слични теми... Не само топ 10 омилени, ако побарам ќе ја најдам со најомилен филм на сите времиња нешто... па ќе ги спојам.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Come and See

One Flew Over The Cuckoo's nest

Satantango

Santa Sangre

El Topo

Woyzeck

Persona

The Enigma of Kaspar Hauser

Andrei Rublev

The Mirror

The Tenant

Eraserhead

The Elephant Man

Lost Highway

Wings of desire

The tin drum

Wild Strawberries

A clockwork Orange

ме смрзи да набројувам уште :)
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Може да сум тотален игнорант, но што е финтата со филмот? Има одличен саунтрак, но е комплетно бесмислен. Само нафрлани неповрзани сцени...
Баш филмот се дискутираше и во некоја друга тема, нешто во стилот ,,Филмови кои ве оставиле да размислувате". Му ја барав поентата преку два пати прегледување во рок од недела дена и неколку работи ми се проматкаа низ глава. Прогуглав и Џимеј ми помогна, онака да речам поприфатено објаснување е дека станува збор за метамoрфоза, каде главната идеја и инспирација Линч ја зел од делото на Кафка.

А го обожавам плус и затоа што ми е интересен за гледање и го има еден од повпечатливите ликови кои се појавиле некогаш на филмското платно :)

 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Трилогијата Lord Of The Ring + Hobbit - Овај ми е најомилен
Lock, Stock And Two Smoking Barrels - Мислам ајде Џејсон Статам, Вини Џонс (Биг Крис/Литл Крис) и остала екипа :pos: Легендарно.
King Arthur - Борс, Дагонет, Тристан, Артур, Ланцелот, Галахад, Гаваин...
Gladiator - Расел Кроу:cuc: 7 пати да го гледам денеска пак ке ми е интересен
The Last Samurai - Извонредна приказна за животот, храбоста и честа
Braveheart - Е бе олко пишпириче бев ко го гледав:D, уште од дете сум го обожавал засекогаш ке го паметам овај филм, доста инспиративен.
Red Dragon / Hanibal / Instinct - Сер Антони Хопкинс на овој човек секогаш му се восхитувам.
Sherlock Holmes - :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
дали може серија? или мора филм да биде?
ако е само за филм, форест гамп ми е под број 1 :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom