Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    729

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Во однос на Македонија, секоја впуштање со Русија би било страшна авантура за нас со негативни последици. Впрочем србите убаво научија една поговорка „Не дај Боже грк да те рани а русин да те брани“. Исто сметам дека ни Русија ни ЕУ немаат некој интерес за пустелија како Македонија која нема што да понуди. Ние самите ако не се средиме никој нема да не среди. Истото важи и за украинците.
Кои би биле според тебе негативните последици од впуштањето со Русија? Дали спречувањето на федерализација на МКД и создавање голема исламска Албанија би била негативна последица?

Инаку, Русија не е онаа иста држава на Јалцин од 1999 г. Русија си го врати местото на суперсила и тоа убаво го видовме во случајот со Сирија, каде што западот попушти и се повлече пред Русија. Пред тоа, западот се повлече и пред руската интервенција во Грузија во 2008 г.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Русија е голема сила, но не е никаква светска сила. Да беше светска сила одамна ќе ги имаше под своја контрола (индиректна) сите земји од поранешниот Советски сојуз (евентуално без Балтикот). Самиот факт што ни во тоа не успеа доволно говори каква сила е во прашање, а да не зборувам за фактот земјите во т.н руска сфера на влијание се бројат на прсти, додека државите под некаква контрола и влијаније на западот сеуште се во голем број. За кои држави денес може да се каже дека се под руско влијание- Сирија распарчена од граѓанска војна, неколку поранешни советски републики, евентуално Венецуела, за Иран не сум баш сигурен.
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628

Силата на една држава не е во тоа да контролира друга дружава/држави.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Интересен е правецот кон којшто бегаат.... тие што бегаат, не е баш Русија.
Па и руските олигарси, баш тие кои најмногу серат по западот и го финансираат Путин, не живеат во Москва или Киев, во Лондон живеат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Па и руските олигарси, баш тие кои најмногу серат по западот и го финансираат Путин, не живеат во Москва или Киев, во Лондон живеат.
Де кажи кој е тој што го финансира Путин...
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Русија е голема сила, но не е никаква светска сила. Да беше светска сила одамна ќе ги имаше под своја контрола (индиректна) сите земји од поранешниот Советски сојуз (евентуално без Балтикот). Самиот факт што ни во тоа не успеа доволно говори каква сила е во прашање, а да не зборувам за фактот земјите во т.н руска сфера на влијание се бројат на прсти, додека државите под некаква контрола и влијаније на западот сеуште се во голем број. За кои држави денес може да се каже дека се под руско влијание- Сирија распарчена од граѓанска војна, неколку поранешни советски републики, евентуално Венецуела, за Иран не сум баш сигурен.
Факт е дека Русија не беше никаква сила до 2003 г., ама сега си го враќа постепено местото на суперсила. Русија го изгуби своето влијание во земјите од поранешниот Советски сојуз уште пред 20 години со немоќниот Јелцин, освен во Белорусија.
Но, работите се менуваат. Западот во 2013 г. само што не ја нападна Сирија, но, мораше да се повлече пред Русија, а во дипломатијата тоа може да се протолкува како политичка надмоќ на Русија. Но, Русија не е сама, до неа е и Кина.
Времињата се сменија, веќе нема униполарен свет, само кај нас додека има медиуми/портали финансирани од западњаците ќе ни продаваат приказни дека времето застанало во 1999 година и ништо не се менува.[DOUBLEPOST=1392926817][/DOUBLEPOST]
Па и руските олигарси, баш тие кои најмногу серат по западот и го финансираат Путин, не живеат во Москва или Киев, во Лондон живеат.
Нешто си се збунил, многу од тие олигарси кои што живеат во Лондон се барани од руската држава и Путиновата власт заради криминалната приватизација од времето на Јелцин.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.873
Кои би биле според тебе негативните последици од впуштањето со Русија? Дали спречувањето на федерализација на МКД и создавање голема исламска Албанија би била негативна последица?

Инаку, Русија не е онаа иста држава на Јалцин од 1999 г. Русија си го врати местото на суперсила и тоа убаво го видовме во случајот со Сирија, каде што западот попушти и се повлече пред Русија. Пред тоа, западот се повлече и пред руската интервенција во Грузија во 2008 г.

Не сум русофил, ама обичниот Македонец како мене се повеќе мисли дека 20-те години наша прозападна политика ни носи штети по националните интереси.
Каква светска сила Русија човек... да беа доволно силни немаше да дозволат на србите да им го земат туку така Косово, а не па нас ќе не спасувале од голема Албанија. Тие незнаат кај е на мапа Македонија.

Многу фино да дочекаме судбина ко Сирија распаднати да изгледаме со илјадници мртви и којзнае колку раселени за да може Русија да си го мери со западот.

Балканот одамна и е запечатен на Русија како зона на интерес. Одамна го изгубија влијанието тука.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Факт е дека Русија не беше никаква сила до 2003 г., ама сега си го враќа постепено местото на суперсила. Русија го изгуби своето влијание во земјите од поранешниот Советски сојуз уште пред 20 години со немоќниот Јелцин, освен во Белорусија.
Но, работите се менуваат. Западот во 2013 г. само што не ја нападна Сирија, но, мораше да се повлече пред Русија, а во дипломатијата тоа може да се протолкува како политичка надмоќ на Русија. Но, Русија не е сама, до неа е и Кина.
Времињата се сменија, веќе нема униполарен свет, само кај нас додека има медиуми/портали финансирани од западњаците ќе ни продаваат приказни дека времето застанало во 1999 година и ништо не се менува.
Секогаш била светска сила Русија, па дури и под Јелцин. Тоа што беа западнати во тешка криза, од сите можни аспекти, ни во еден момент не им ја зеде титулата светска сила. Со толкав број нуклеарно оружје и Македонија би била светска сила. Тој што си мисли поинаку е во тешка заблуда.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Каква светска сила Русија човек... да беа доволно силни немаше да дозволат на србите да им го земат туку така Косово, а не па нас ќе не спасувале од голема Албанија. Тие незнаат кај е на мапа Македонија.

Многу фино да дочекаме судбина ко Сирија распаднати да изгледаме со илјадници мртви и којзнае колку раселени за да може Русија да си го мери со западот.

Балканот одамна и е запечатен на Русија како зона на интерес. Одамна го изгубија влијанието тука.
Каква врска има Русија на Јелцин пред 15 години кога Косово и се одземаше на Србија и новата Русија на Путин?

И што викаш, Русија не знаела кај сме ние на мапата и нема интерес на Балканот, меѓутоа потпишува договор за гасовод со Македонија (и цел Балкан) и знае државното руско претпријатие кое стопанисува со гасоводот да бара да има и сопственост на земјиштето во Македонија низ кое поминува гасоводот? Знаеш што би значело руско државно претпријатие во сопственост на државата Русија да има свое земјиште во Македонија?

Сирија е далеку од распад, не гледаме вести дека нешто драматично се случува, веројатно ситуацијата ќе се смири под власта на Башар.

Времето се смени, светот веќе не е униполарен и се` повеќе луѓе тоа го сваќаат во Македонија.

Конкуренцијата на велесилите се зголеми и се` повеќе малите и слаби државички своите стратешки партнери ќе ги бираат според сопствените државни интереси, а не од страв.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Луѓе се тепаат, гинат...вие сте запнале за гомно што го посрале на истокот а смрди на западот....која и да е причината, колку и да е лоша ситуацијата, немој да ми кажуваш дека украинскиот народ самиот се бунел пошто им било лошо... Добро бе 45милиона имаат популација....1 милион народ нема на протестиве...НИ ЕДНА ДОБРА ПРИЧИНА НЕМА ЗА ВАКВО НЕШТО...него кај нас кога ќе дојдат слични срања за некој месец што ќе правиме ????
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Тоа не можеш да го тврдиш со сигурност,посебно не сега после 4 години владеење на Јанукович.
Има и група на луѓе кои не се целосно со двете страни и тие ја носат победата на изборите.Двата блока проруски и поукраински имаат некоја поддеднаква база,но има и луѓе кои може да се придобијат од двете страни.

Овој пат Јанукович веројатно ја нема поддршаката од мнозинството на Украинците и затоа не распиша предвремени избори кога ова можеше и мирно да се реши.
Ако беше он толку сигурен дека мнозинството од народот е на негова страна ќе распишеше нови избори и засекогаш ќе им ги затвореше муцките на тие од опозицијата,а ќе ќареше екстра 5 години на власт.

Ова е негово срање....секој политичар има морална одговорност да распише избори кога гледа дека на простести се излезени стотици илјади граѓани низ целата земја и кога област по област му откажуваат послушност.
Тоа можеше така лесно да се реши дур беа протестите релативно мирни и насилството не излегуваше од некоја нормала.
Сега е прекасно и за жал 100 животи се изгубени и навлечени се санкции.
овие кои излегле на протести не се ни 1% од народот во Украина,протестите никогаш не биле мирни ,тоа се виде и минатата ноќ кога и покрај тоа што беше прогласено примирје некои радикални структури утрово повторно почнаа со провокации и самите тие рекоа дека тие со никого не прогласиле примирје,што значи дека и меѓу самата опозиција нема единство
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Секогаш била светска сила Русија, па дури и под Јелцин. Тоа што беа западнати во тешка криза, од сите можни аспекти, ни во еден момент не им ја зеде титулата светска сила. Со толкав број нуклеарно оружје и Македонија би била светска сила. Тој што си мисли поинаку е во тешка заблуда.
Мене ми се чини дека Русија под Јелцин беше доста уназадена во контекст на светска суперсила, но со Путин, Русија си ја враќа старата моќ.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Мене ми се чини дека Русија под Јелцин беше доста уназадена во контекст на светска суперсила, но со Путин, Русија си ја враќа старата моќ.
Сферата на влијание е вистинскиот збор.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
овие кои излегле на протести не се ни 1% од народот во Украина,протестите никогаш не биле мирни ,тоа се виде и минатата ноќ кога и покрај тоа што беше прогласено примирје некои радикални структури утрово повторно почнаа со провокации и самите тие рекоа дека тие со никого не прогласиле примирје,што значи дека и меѓу самата опозиција нема единство
Мала група радикали сакаат насилно да ја променат демократски избраната власт во Украина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom