Ажурирање на податоци во банка

  • Креатор на темата Креатор на темата DImitar@
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 октомври 2007
Мислења
49
Поени од реакции
7
Дали на некој ви се има случено да ви пуштат писмо од банка да ги ажурирате податоците и да ги немате ажурирано во дадениот рок?
Дали ја блокираат сметката за трансакции или си останвува исто ?
 
Не ја блокираат сметката, картичката можеш да ја користиш на банкомат. Само што кога ќе отидеш следен пат во банка на шалтер, тие самите ќе ти кажат и ќе ти дадат формулари за ажурирање на податоци. Така е барем во Тутунска банка.
 
И во Стопанска е исто. И не одзема воопшто време - само им даваш лична карта, ти менуваат во компјутер тоа што имаш променето, ти даваат да се потпишеш, и тоа е тоа. Постапката трае нецела минута - појди и ажурирај си ги податоците. ;)
 
да во ред тоа дека не одзема време но не сум во можност моментално да одам , значи не ја блокираат можам да правам трансакции , за стопанска банка се работи
 
Мислам дека не ја блокираат. А зошто би ја блокирале...
 
па ми стигна писмо дека ако до 05-03-2014 не ги ажурирам податоците трансакциите нема да може непречено да се одвиваат а што значи тоа не знам
 
А од каде знаат они дека кај тебе има промена во податоците? Всушност - што точно имаш сменето? Јас на пример - имав промена во место на живеење, и си терав така неколку месеци, они појма немаа дека јас сум го сменил местото на живеење. Е сега, пошто ми истекуваше кредитната картичка, морав да отидам да ги ажурирам податоците, оти новата картичка ќе ми ја пратеа на старата адреса. Да не појдев сам, се сомневам дека воопшто ќе ги интересираше на која адреса живеам.
 
немам ништо сменато , пишува дека 2 години не ми биле ажурирани податоците и морало да се ажурират а се е исто и адреса и телефонски број
 
Поим немам, тогаш... А да се јавиш во контакт центарот, не можеш? Или некој да појде место тебе?
 
се јавив во контакт центар и тие се чудат што е работата не знат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom