Како може да биде човекот грешен, ако е создаден со намера да го стори тоа што му се сервира како грев?
Не треба многу вера за тоа дека сме грешни т.е. смртни, бидејќи сме создадени, умираме.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како може да биде човекот грешен, ако е создаден со намера да го стори тоа што му се сервира како грев?
Не треба многу вера за тоа дека сме грешни т.е. смртни, бидејќи сме создадени, умираме.
Бог дизајнира смртно?!Ако јас дизајнирам нешто кое ќе биде "смртно", дали тоа е вина на дизајнот или моја?
Па зарем не рече самиот дека Бог однапред го предетерминирал "падот"? Нели Бог е дизајнер на се што постои? Ако не е Бог дизајнерот на смртноста, тогаш кој е?Бог дизајнира смртно?!
Предвидел, а не предетерминирал.Па зарем не рече самиот дека Бог однапред го предетерминирал "падот"? Нели Бог е дизајнер на се што постои?
Човечката негација на Божјата афирмација.Ако не е Бог дизајнерот на смртноста, тогаш кој е?
Дали допуштањето на нешто кое знаеш дека ќе се случи не е предетерминирање? Посебно ако имаш особини како семоќност и сезнајност?Предвидел, а не предетерминирал.
Не, бидејќи има допуштање т.е. слобода.Дали допуштањето на нешто кое знаеш дека ќе се случи не е предетерминирање? Посебно ако имаш особини како семоќност и сезнајност?
Не дискутираме за слободата, туку за допуштање на особина која подоцна самиот креатор ќе ја посочува како грешна. Ако била нешто кое не треба да се случи, а креаторот бил свесен дека ќе се случи, зошто не ја спречил?Не, бидејќи има допуштање т.е. слобода.
Креаторот баш таа „особина “ свето Ја пази да не ја загрози, а акцентира дека проблемот е во постапката т.е. како се служиме со неа(слободата).Не дискутираме за слободата, туку за допуштање на особина која подоцна самиот креатор ќе ја посочува како грешна.
Ако била нешто кое не треба да се случи, а креаторот бил свесен дека ќе се случи, зошто не ја спречил?
Да не се повторуваме нешто?!Едноставно, бидејќи човекот тоа не го сакаше.
Самиот концепт "проблем", не е ли нешто кое треба да биде апстрактно за совршено битие? Посебно ако се однесува на дизајн кој е негов?Креаторот баш таа „особина “ свето Ја пази да не ја загрози, а акцентира дека проблемот е во постапката т.е. како се служиме со неа(слободата)
Божјиот кенотички однос кон човекот воопшто не влијае на Неговата Апсолутност.Самиот концепт "проблем", не е ли нешто кое треба да биде апстрактно за совршено битие? Посебно ако се однесува на дизајн кој е негов?
Како ги објаснуваш постапките во кои овој Бог покажува гнев, одмазда, каење, суд....? Како според тебе нема контрадикција помеѓу сезнајноста и семоќноста негова и човечките особини кои ги наброив?
Во тој случај останува само едно - садизам.Божјиот кенотички однос кон човекот воопшто не влијае на Неговата Апсолутност.
Во тој случај останува само едно - садизам.
Да како и претходно, но обиди се да го разбреш Божјиот план за спасување на човекот, кој откако доброволно се одрече од Бога, се покаја, но доцна кога веќе падна во стапицата на смртта.
Господ сака сите да ги спаси т.е. да бидат живи, од Адам до последниот што ќе се роди.
Господ дозволи човекот да ја „изживее“ својата одлука смртта т.е. живот без Бог (сите убивства, крвопролевања..., Бог ги дозволува, но не заборавај дека пред Него тие не се мртви).
Целта Божја е да го спаси човекот без да ја загрози човечката слобода, тоа го реализираше Самиот Бог со Лична интервенција во историјата на светот, затоа стана Исус Христос, бидејќи за жал Адам ја пропушти слободната шанса да стане Адам Христос.
Како тоа Адам ја „пропуштил“ шансата кога е создаден таков каков што е од „семоќниот и сезнаечкиот“ господ?
Значи господ знаел што ке се случи со Адам уште пред да го создаде и сепак го создал токму таков каков е грешен.
Како во игрицата Симс, правиш базен, симсот влегува во вода, ги вадиш скалите и овој се дави.
И самиот е крив нели?
Нема логика.