UEFA Лига на шампиони 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Џабе се игра ЛШ, еве се гледа уште од сега е купена титулата. Матер твоја Платини...Барса оти се побогати од Сити затоа купуваат титули. Да имаа Сити пари ќе видевме баш дали ќе имаше пенал.
 
Освојувале низ годините тимови кои биле и доста послаби него што е ПСЖ моментално.Све е до момент,мотивација и малце среќа.

...но и останатите тимови биле слаби.Зависи од многу фактори,тенки се на страничните позиции во одбраната.
 
Ех Пелегрини дрво недоделкано. Само поради него ќе си ги спакуваат куферите.
Со Демикелис ли ќе ги бркаш брзите играчи на Барса. Овој изгледа му ја рента жената штом старото постојано го игра.

Па кај таа грешка уште и при 0-1 се фокусира на дефанзива и го остави Клиши а го вади Коларов кој е каде каде поопасен во нападот. И кога конечно се укажа можност нормално Клиши не знае што да прави со топката.
 
Како би коментирал карлинг? Пример молам. :D
Па погледнете ја таа техника на чистење, луѓето од комуналец би требало да се огледаат на него, се обложувам дека жена му не може да му го земе џогерот од рака. Прекрасно!

Он: Многу се опушти Барселона.
 
Бог да чува и да бранко од овие Сити, поглуп тренер и екипа немало. :facepalm:
 
Фабрегас не беше во офсајд, чист гол поништен.
 
Сега нека компензираат колку сакаат, битно им дадоа гол во гости. И еден е доволен.
 
Како би коментирал карлинг? Пример молам. :D

Само два камења не делат до крајот, до исходот на оваа неверојатна партија која ни ја приредија Грузија и Русија. Последни мигови на концентрација на Макашвели, зема залет и каменот е испуштен. Близнаците Кобијашвили тргнуваат по каменот, синхронизирани се како турска серија, погледнете го тоа сразмерно движење со џогерите.... Оди каменот.... во центар! Какво исфрлање на капитенот Макашвели дами и господа, па вака Јан Железни не го исфрлаше копјето во најдобрите денови.

Но ништо не е готово. Еруптира сега Бољшој арената, на мразот се домашните херои. Оди Распутин на залетиштето. Ќе успее ли да го исфрли каменот на Грузијците како што руските воени трупи ги исфрлија грузиските? Се тресат трибините но набргу ќе се стишат. Еве го тој момент, штама во арената, моменти за концентрација на рускиот капитен. И тргнуваааааа, оди каменот, Патрорховски и Столаров се мирни со џогерите, каменот е силно исфрлен... и ДААААААА! ДА, ДА, ДА! Каков судааааар, грузискиот камен е надвор од кругот... Русија е нов олимписки шампион!

Вака нешто, а? :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom