Фрижидер

  • Креатор на темата Креатор на темата Deleted member 19276
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме веќе за фрижидери за да не морам да отварам нова тема,е сега татко ми и мајка ми ме праша кое марка е најдобар фрижидер да се купи бидејќи знаат дека се разбирам за избори за ТВ-ја,компјутери, смартфони и слично ама за фрижидер појма нема само знам дека квалитетот на последните модели фрижидери не е баш на ниво како што беа порано сепак има ли некој што знае од прва рака кое е квалитетен фрижидер и дали се задоволни пред се помалку бучава,помалку штеди струја,квалитетна изработка за постава(постоље) ,добро ладење и се друго???
Samsung NO FROST, или LG NO FROST. Намести го и заборави го. Единствена маана е ако се заборави вратата и испука инсталацијата, тогаш можеш слободно да го фрлиш.
Samsung имам ваков 9 години, LG-то 2 години и двата работат како да се купени вчера.
 
Па и јас на тоа помислив самсунг ама LG никаде ја нема во МК како да пропаднал, сепак NO FROST или Класичен сеедно ми е мене и си мислам на Gorenje бидејќи димензиите е таман како што треба и внатре е пространа?? Има ли некој што користи Gorenje дали се задоволни изминативе две години??
 
Па и јас на тоа помислив самсунг ама LG никаде ја нема во МК како да пропаднал, сепак NO FROST или Класичен сеедно ми е мене и си мислам на Gorenje бидејќи димензиите е таман како што треба и внатре е пространа??
Исклучиво NO FROST барај. Ќе ти заблагодарат тие што треба да го чистат фрижидерод од лед. :)
Немам искуство со Gorenje.
 
Исклучиво NO FROST барај. Ќе ти заблагодарат тие што треба да го чистат фрижидерод од лед. :)
Немам искуство со Gorenje.
За чистењето не е проблем ионака редовно чистиме се и сешто по дома бидејќи ние фамилија сме такви хигиенски настроени како чорбаџија Теодос кај што има влакна креваме паника:D
Како и да е за Wirpool што мислете за нив има некој искуство или некоја друга марка? :)
 
Ми треба помош да одберам фрижидер комбиниран од Нептун со цена до 17.(8)000 ден..Не се разбирам ама ич во овие работи.Ајде помогнете ми и погледнете на страната на Нептун и кажете кој е најдобар до сумата која ја напишав погоре.Доколку некој има пријател кој е сервисер нека праша и каже кој фрижидер да го земам.Секоја ваша помош ќе ми биде од корист.Напишав од Нептун затоа што можам да земам од таму.Значи комбиниран фрижидер,која марка тип и цена до 18.000 ден.
 
Па одбери го тој што има најпрепознатливо име и е најблиску до твојата цена.. Фрижидер како фрижидер, гледај да има подолга гаранција, и да има повеќе можности и простор. :D
 
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=121&product_id=202177

Овој е No Frost, никогаш не фаќа лед и немора да се чисти од лед. Немој да зимаш Беко или Нео. Другите се ок само барај но фрост.

Единствена маана за „но фрост“ е ако ја заборавиш вратата од фрижидерот подолго време, може сериозно да се расипе фрижидерот.
 
ти благодарам на вниманието,дали знаеш која земја е производител на Аристон?
 
ме замисли малку,мислиш дека е до Нептун или фирмата на фрижидер?

Нептун има многу марки на фрижидер,политиката на работа од Нептун не ми се допаѓа,се нешто се погодува да не чини.После се изгледа рифабришед-техничка роба носат.Имаше и на тв некој што купил лаптоп 1000 и нешто евра,со процесор i7 а кога го донел дома - i5kа,па нити гаранција му прифатиле нити замена.Мое искуство имав со нив исто за монитор и лаптоп,мониторот имаше мртви пиксели и маки мачевме додека се одлучија да го сменат ама со моја доплата.
 
па имам можност од Нептун да земам,немам ништо земано од кај нив и се надевам дека ќе биде се во ред.Ќе отворам 4-очи во секој случај.Еве фрижидерот Аристон ми влезе во око..No FROST и цената е во мои граници.Може некој ќе даде некој коментар доколку користи Аристон и дали е задоволен.Планирам утре да го земам.Па секоја препорака овде ми е од голема помош.
 
Немај гајле земи аристон. Немој да заборавиш дека од кога ќе го отпакуваш дома вертикално треба да постои минимум 12 часа пред да го уклучиш во струја за да се стабилизира целото масло во компресорот (при транспорт се растекува во цевките).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom