- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.074
А што ако ти кажам дека на луѓето им се живее слободно и без замарање?Мое прво мислење на темава. ИЧ не се сложувам со бегање. Тие држави кај што бегаме се такви какви што затоа што некој пред овие генерации се изборил за тоа. Нашата критична интелектуална маса што може да прави притисок, да бара инфраструктура, услови за работа; БЕГА.... ОД ДОМА. И остануваат пијавиците кои што продаваат иднина (читај гласови) за ситни пари. Денешните политичари веќе долго време на власт му удоволуваат на мнозинството, и за тоа можам да го дебатирам секој, затоа што низ историјата ниту еден режим не опстанал без поддршка од мнозинството, па каков и да е. Али мнозинството што останува не бара тоа што треба за да се обезбеди добра иднина.
Во реалниот живот мнооооогу ретки се ситуациите во кои треба да се бега од дома и тие ретки случаи на глобално ниво може да бидат Сирија, Сомалија и слично, кај што колку и да се бориш работите остануваат застрашувачки.
Ние имаме некоја глупава перцепција дека се што имаат Германците кај нас треба да падне од небо, и што е уште посмешно очекуваме тоа да ни го дадат некои политичариИсто како што има многу што чекаат работа да им падне од небо. Ние наместо да викаме УУУУУУ и да штракаме по митинзи, критичната маса (веќе избегана) треба да направи свој собир и да побара од политичарите да презентираат економски агенди и да се држат до нив, и да собираат потписи за отстранување ако некој застрани.
Покрај тоа мала држава сме и многу полесно може таа критична маса да влијае врз правецот во кој што би се развивале работите. Време е да креираме Држава 2.0.
Кога викаш дека генерациите во тие држави се избориле за тоа против тогашните политичари, зошто ние, а не нашите политичари не ја научат таа лекција ?
Кога тие генерации во тие држави се бореле за нешто добро и се избориле тогаш не постоело такво нешто на друго место или во слободен превод биле први.
Моментално кај нас луѓето знаат дека постои подобра опција и мигрираат кон тоа
Што мислиш што би избрал лавот: 10 антилопи што скокаат околу него или мртва антилопа што му е на пар чекори?
Јас типувам на мртвата антилопа, бидејќи ќе потроши најмалку енергија за да биде најаден, а такви се и луѓето.
Ако толку лесно може да се избориме за нашите права, зошто во луѓето од Јужна Америка, Африка и ред други сиромаштии бегаат кон Запад? Според ова што го кажуваш, барем еден народ ќе се најде да промени нешто?
Тематиката е доста комплексна, ама се сведува на тоа дека на тие што им е добро во системот не сакаат да го менуваат системот и ќе направат се за да остане status que