Македонскиот репрезентативец, Александар Лазевски, пролетниот дел од сезоната ќе го мине во екипата на Рад од Белград. Поранешниот играч на Партизан, изминатите шест месеци беше дел од украинскиот тим Ховерла.
„Се договоривме со Александар Лазевски, неговиот тим Ховерла ќе ни го отстапи до крајот на сезоната. Неговото доаѓање е големо засилување за дефанзивната линија на нашиот тим“, истакна спортскиот директор на Рад, Чедомир Ѓоинчевиќ.
Лазевски, кој во летниот преоден рок од Партизан се пресели во Украина, за екипата на Ховерла одигра само четири натпревари.