Труење на кучиња и мачки

L

Lu

Гостин
Поради масовните труења што се случија деновиве, ја отварам темава како генерална дискусија за труењата.

Во медиумите брзо се рашири веста дека деновиве има масовни труења низ целата држава.
А во Скопје најголем број на жртви (кучиња и мачки) од труењето се забележани во Аеродром и Острово.

Најчесто употребуван отров е „Ланате“ кој што е лесно достапен да се купи во земјоделските аптеки.
Овој отров е еден од најсилните отрови, и животното нетреба да го изеде за да се отруе, туку доволно е само еднаш да го вдиши (значи во ваков случај не помага дури ни заштитната маска на миленикот), и преку респираторниот систем да го внесе во организмот, за после само неколку минути од вдишувањето да настапи грчење и смрт.

Најстрашно од се' е што Ланате е невидлив отров, тој навлегува во почвата и се упива, и доволно е животното да душне на тоа место, за после само неколку минути да настапи смрт, нема време за реагирање.
А што е најстрашно, ваквиот отров се расфрла и низ парковите и низ школските дворови ... прашање на време е кога ќе се отруе некое дете.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=&rub=6&item=34871

 
?

..........

Гостин
Па ќе ги трујат, надвор врие од кучиња, кај мене пред зграда има чопор и тоа големи кучиња, и што е најлошо агресивни се и напаѓаат.
И никој не се замара, никаква служба нема да ги прибере или да направи нешто, опасни се тие кучиња.
А мачките шознам, веројатно се колатерални жртви...обично луѓето околу зграда ги хранат мачките, неверувам дека му сметат на некој до толку за да ги уништува...пред се затоа што не се опасни.
доволно е животното да душне на тоа место, за после само неколку минути да настапи смрт, нема време за реагирање.
Незнам каква е ова ланата што одма за минута убива, јас како помал имам спасено куче затруено од ланата, му сипав масло во уста се додека не исповрати се од желудникот, кучето се тетеравеше со денови, но преживеа, се спаси.
 
L

Lu

Гостин
За случај со труење со послаби отрови од Ланатето,прво што треба да се направи за да се стабилизира состојбата на миленикот е да се даде млеко или јогурт и активен јаглен,а потоа ВЕДНАШ да се однесе на ветеринар,затоа што нема многу време.
Најдобро е да се даде активен јаглен.
Исто сум слушнала дека добро е да се дадат неколку белки од јајце со шеќер измешани.
Ваквата мешавина од белки од јајца и шеќер, ќе го натера организмот на кучето на повраќање, а може да се даде и млеко со шеќер.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Поголемиот број некогаш биле домашни миленици, ама на газдите им здосадиле па ги исфрлиле.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Утре дете ќе се отруе се има мозок или се нема у државата. Треба да се тргнат од улица скитниците посекако, али ова не е решение. Вашето дете, внуче може да настрада. Бог да чува.
 
L

Lu

Гостин
Па ќе ги трујат, надвор врие од кучиња, кај мене пред зграда има чопор и тоа големи кучиња, и што е најлошо агресивни се и напаѓаат.
И никој не се замара, никаква служба нема да ги прибере или да направи нешто, опасни се тие кучиња.
Труењето во никој случај не е решение.
Си постои шинтерска служба која што по пријава на граѓаните оди на терен и ги собира скитниците.
Со труењето на скитниците, настрадуваат и домашните миленици.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Труењето во никој случај не е решение.
Си постои шинтерска служба која што по пријава на граѓаните оди на терен и ги собира скитниците.
Со труењето на скитниците, настрадуваат и домашните миленици.
Шинтерите ги собираат па ги стерилизираат и пак ги пуштаат на улица.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Јас да видам некој да става отров за кучиња на улица, стварно нема да можам да се воздржам а да не го нападнам барем вербално.
Прво, не знам со кое право тој покушава да отруе друго живо суштество, тоа ми е нечовечки. Колку и да се агресивни кучињата - труење не е решение. Ипак се животни. Колку агресивни луѓе имате вие сретнато?
Второ, малкумина знаат дека уствари овој чин е незанконски, односно ако некој е фатен на дело како става отрови или истиот е пријавен, следува казна. Си постои шинтерска служба за вакви работи.
Трето, не знам со кој памет луѓето истураат вакви отрови по улица и на фрекфентни улички и паркови кај што шетаат и деца.
Јас да ставам таков отров, ноќе не би можел да спијам кога знам дека некое рандом дете може да згази во тоа, па рацете на кондурите, па во уста, знаеме какви се децата. Не дај боже. А не па ако станува збор за труење на куче. Не знам кај им е паметот на тие луѓе.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Најдобро е миленикот да не се остава на големо растојание од сопственикот.
 
L

Lu

Гостин
Најдобро е миленикот да не се остава на големо растојание од сопственикот.
Да, тоа е еден вид на превенција, но ни таа превенција не ти дава 100% заштита ... барем не кога станува збор за Ланате.
Тој отров Ланате е невидлив, делува така што животното ќе го вдиши, и преку респираторниот систем ќе го решири низ организмот.
Така што и да ти е врзано кучето на поводник, и да носи заштитна маска, повторно може да биде жртва.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Имам прашање ... дали знае некој од кога ќе соберат шинтериве некое куче-скитник, дали го чуваат затворено дур незнам еве не го земе некој да го чува, или ги убиваат ?
 
Член од
18 октомври 2013
Мислења
34
Поени од реакции
88
Поголемиот број некогаш биле домашни миленици, ама на газдите им здосадиле па ги исфрлиле.
ТОЧНО така, биле миленичиња, ама одкога ќе им здосадат не треба да и ги исфрлаат на улица :mad: за се си има решеније ! ахххххххххх пуста наша државичка ...
 
Член од
22 април 2009
Мислења
342
Поени од реакции
144
За последново труење у Острово, во неделата, татко ми кој живее таму поминувал низ маало и ги чул тие хигиеничарите со црвени униформи од општина Аеродром како зборат нешто за кучињата и се сомнева дека они се трујачите. Јас имам куче кое често е кај моите на чување и сум имал неколку пати непријатна конверзација со истите тие хигиеничари кои очигледно многу мразат кучиња. Не дај боже да ги фатам на лице место како фрлаат, ќе ги натерам цел да го излижат, а се согласувам дека е прашање на време кога ќе отрујат некое дете, па тогаш ќе биде што ќе биде.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Имам прашање ... дали знае некој од кога ќе соберат шинтериве некое куче-скитник, дали го чуваат затворено дур незнам еве не го земе некој да го чува, или ги убиваат ?
Го носат Вардариште (Индустриска Зона Гази Баба), добива ушник/менѓуша дека е вакцинирано & извршено стерлизација (не може да репродуцира) и го пуштаат пак на улица. Некој со еутаназија ги убиваат ако не може да се спасат за да не се мачат.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
веста за масовни труења помина за еден ден,време е прво граѓаните,а потоа и сите кои имаат миленици да бараат одговорност кој се осудува да фрла отров и да труе СЕ живо и диво.........јес да скитниците се голем проблем,но премногу штета се постигнува со вакви варварски методи,вакви труења имало безброј досега па не го решиле проблемот со скитниците,аларманто е тоа што некој посегнал по многу појаки и поефикасни отрови кои несомнено можат да го загрозат човековото здравје :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom