Види вака, твоето божествено со мојот Бог се два различни пиома, тотално различни. Тоа значи дека имаме две прагматики, две вистини, а две вистини за тоа кој и што е Бог, немошат да постојат затоа што тој е Еден. Следствено, една е и Вистината и таа е Личност - Христос, како што е и Мудроста една и таа е Христоси спасението е едно во Христос. Затоа твоите патишта само можат да водат во друга дирекција, а не кон мојот Бог. Затоа велам дека веке постојат две опции од која едната е Вистина. Изборот е твој. Ја сум тражел па сум нашол.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 10:19 ---
Доста бевме оф топик. Сега за календарот. Јулијанскиот календар се нарекува и Светоотечки календар затоа што по него се воделе светите Оци на црквата. Црквата по својата природа не гледа на точноста дали григиријанскиот или јулианскиот календар бил поточен за да го следи, туку начинот на кој што е формирана службата околу тој календар. Значи пример: небитен детаљ за Црвата ке претставува фактот дали св. Наум се упокоил на 23ти Декември кога и се слави светецот,но поради големото невреме и студ кој преовладувал во Охридско, еден митрополит тогашен Дионисиј мислам дека се викаѓе, грк по потекло го преместил празникот на 3ти Јули по Грегоријански. Значи поентата е славењето а не точноста на датумот кога тоа се случило. Таква е Православната Црква за разлика од Римокатоличката која е сколастичка по природа и наместо суштината на верата се фокусира на сосема небитни работи.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 10:26 ---
Затоа сметам сека нема потреба да се вознемирува народот околу календаарот и треба да остане Јулианскиот. Ако се одлучи од страна на Руската, Ерусалимската, Српската, Света Гора и нашата да се смени во грегоријански тогаш единството на православните треба да биде најбитно. Ако се одлучи останатите да се вратат во Јулиански и тоа би било полезно за црквата затоа што грегоријанскиот календар не е соодветен на православниот тек на службите затоа што може да влијае врз Апостолските пости кои според истиот календар некои години ги нема и со тоа негативно се одразуваат на службата на православната Црква чие предание е поинакво од римокатоличката ерес.