Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Моме , да седнеш ти најубаво да си разговараш со типот... бар така ќе знаеш на што си! Далеку од експерт во овие работи али јас така би направил. Можеш да му кажеш дека едноставно не иде веќе, или треба да се сменат некој работи или секој да си тера по свој пат. Така и ќе видиш дали станува збор за љубов или си му онака на стенд бај. Како и да е си го трошиш/те времето. Зш јас незнам каква е таа врска да не се видиш со месеци(бар така јас сконтав од прочитаното) ?! Живеете во исти град? Е сеа ти можеш да процениш дали претеруваш со пораките и јавувањата ( женските знаете да бидете такви) или он те зема здраво за готово ( како што ние машките знаеме го правиме понекогаш тоа)
поздрав и само јако ! :D
 
Дај и совет, ова твоево да ништо не и вреди, плус си надвор од темава. :свиркам:

Ќе и вреди доволно добро, го напнува и кратко и јасно.
Не и вратил на порака, бре! Ако она нема попаметна работа и дека цел свет и се врти околу дечкото, не мора да значи дека истото и него му се дешава.
Нека го пушти, ако он ја побара супер, сака да се заедно. Ако не, нека си брка гумата на друго место.
 
Проблемот настанува во повеќето случаи кога некој ќе почне да игнорира. Кој к*р бе... "Сакам некој/а што ќе се ме сака и ќе сака да е со мене се дури не ми се скурчи па да ја/го одкачам и да почнам да си играм со неа/него" ... Со што би бил некој толку зафатен да нема време ни 1 мин да се јави или да пиши нешто... ај еден ден, 2, еве и недела нека биди... ама 3 месеци не го бидува бре... Во случајов ако тој нејзе и враќал на пораки или и кревал таа немало толку да го напнува, и сега е можно тој и намерно така да прави поради таа што го напнува и така си се врти тоа... Незнам и сите што ми се правите овде фраеришта или незнам што јас вака правам јас така правам...Ма дај не ме заебавај бе... што правиш ти бе... 90% од овдешните фраеришта збор не кажуваат на партнерот бе... Во нормална врска би требало еднаш во ден да се слушнат луѓето...не велам да прават муабет 1 саат на телефон...али како си, што правиш не е тешко...2 мин работа е.... ако и тоа му е тешко на некој од партнерите тогаш зошто е со тебе...очигледно му/и се здосадило и само чека наредна прилика за да си направи да му е поинтересно...
 
Нека му ги удри клоците и нека не се замара, сигурно ќе си најде подобар...
 
Саншајн, да ти споделам една работа која ја научив за мажите. Тие секогаш ќе останат деца. Поголеми деца од нив нема. Треба само, како и со секое дете, да им ја најдеш цаката и да ја користиш секој пат кога ќе ти се понаша како дете. Проверено ми е, успева секој пат. ;)

Абе деца сме не викам не и после сме криви кога ќе испадне од играчка- плачка така? -_-
 
Абе деца сме не викам не и после сме криви кога ќе испадне од играчка- плачка така? -_-

Па да деца сте. За да се увериш дека таа изјава е точна можеш едноставно да ги преиспиташ своите постапки во минатото (макар и сегашноста) и да заклучиш дали тие работи би ги направило дете или возрасен зрел маж, како што сите сакате да се претставувате. ;)
 
Ќе и вреди доволно добро, го напнува и кратко и јасно.
Не и вратил на порака, бре! Ако она нема попаметна работа и дека цел свет и се врти околу дечкото, не мора да значи дека истото и него му се дешава.
Нека го пушти, ако он ја побара супер, сака да се заедно. Ако не, нека си брка гумата на друго место.

Голем проблем кај сите девојки кога ќе осетат дека се игнорирани или нешто се случува со партнерот - стануваат понапорни од порано, подосадни се, повеќе замараат.
Значи, постои причина зашто таа се однесува како што се однесува.
Освен ако Саншајн е ултра досадно девојче, со телефонот во рака 24/7, нема живот и му ја цица крвта на драгиот и дечко. Ова дотолку не верувам.

Таа вика дека не ја бара по цел ден. Па да му титнам матер бе, во врска се, ако не сака еднаш во денот да ја слушне, што од таа врска?!
Мислам дека и живеат во различен град, значи само таа комуникација им е останата, затоа дека го замара, тоа не држи вода.
Во право си дека ако сака да ја слушне, ќе ја слушне, типот изгледа не сака.
 
Обично сите кои се праваат паметни посебно на темата гарантирам дека и тие се припотресуваат кога на некоја порака, повик или што и да е не им е одговорено цел ден. Џабе се криете кога секогаш ве копка зошто не ви е отклопено слушалка.
Значи според некои машки ако добро заклучив подобро е девојката да не се замара, да не ви се јавува да не ви посветува внимание а подоцна како гром од ведро небо: Кај си ти цел ден да ми се јавииииииииииш.Зошто те немааааааааа, со кој си бил/аааааа така?
Се лутите кога некој/а не ви врака на чет, на повик на смс порака а кога се работи за друг зборувате досаддна си била па што е најтрагично некои луге го лајкуваат тој пост а истите тие се жалеа како немале девојки.Јадни..Па сакале па нејкеле па и биле изневерувани се исмејуваат.

Инаку, ви благодарам на советите. Успеав да разговарам со него и да најдеме разумен компромис. Му објаснив поради која причина сум "досадна". Mи прости и ми побара повеке да не избувнувам на таков начин и да почекам да ме побара.
До некаде си ја признавам вината, морам да го променам тоа однесување. Не само заради него туку и заради мене. Ми има многу пати кажано и докажано дека ме јас го правам срекна и дека девојка како мене тешко може да најде: Мислам на искрена и поштена девојка, значи кажувам што ми има кажувано за натаму не знам, ке видам како ке течат шансите. Си дадовме шанса, највеке заради љубовта. Знам дека ме сака, иако на чуден начин го покажува тоа, можам да почуствувам.
 
Обично сите кои се праваат паметни посебно на темата гарантирам дека и тие се припотресуваат кога на некоја порака, повик или што и да е не им е одговорено цел ден. Џабе се криете кога секогаш ве копка зошто не ви е отклопено слушалка.
Значи според некои машки ако добро заклучив подобро е девојката да не се замара, да не ви се јавува да не ви посветува внимание а подоцна како гром од ведро небо: Кај си ти цел ден да ми се јавииииииииииш.Зошто те немааааааааа, со кој си бил/аааааа така?
Се лутите кога некој/а не ви врака на чет, на повик на смс порака а кога се работи за друг зборувате досаддна си била па што е најтрагично некои луге го лајкуваат тој пост а истите тие се жалеа како немале девојки.Јадни..

Инаку, ви благодарам на советите. Успеав да разговарам со него и да најдеме разумен компромис. Му објаснив поради која причина сум "досадна". Mи прости и ми побара повеке да не избувнувам на таков начин и да почекам да ме побара.
До некаде си ја признавам вината, морам да го променам тоа однесување. Не само заради него туку и заради мене. Ми има многу пати кажано и докажано дека ме јас го правам срекна и дека девојка како мене тешко може да најде: Мислам на искрена и поштена девојка, значи кажувам што ми има кажувано за натаму не знам, ке видам како ке течат шансите. Си дадовме шанса, највеке заради љубовта. Знам дека ме сака, иако на чуден начин го покажува тоа, можам да почуствувам.
Има разлика помеѓу уопште да не креваш телефон и да немаш осет кога е доста. Јас пример неможам да ја сфатам потребата да мора цел ден да му го раскажеш на партнерот. Станав сабајле, се средив се облеков па отидов накај ГТЦ и тука ја сретнав Весна и она ми вика знаеш ли кој видов вчера и јас нејзе кој и она таа Моника што носеше........ Значи стој застани не ме интересира од точка до точка што ти се десило. Е овие работи за мене се досадни. А да ми пише порака или да ми се јави, во стил на како си што правиш воопшто не би го гледал како проблем или би викал по другари дека е девојката досадна.
 
Па јас не реков дека го барам тоа да ми го раскажува сиот ден што јадел што пиел и кое време се разбудил. Мене тоа апсолутно не ми игра некоја улога ама баш никаква.
Јас само сакав(м)барем еднаш во денот да го слушнам и да го прашам како е, сме разговарале на мобилен 5 минути и толку, не сум од тој тип кој се јавува на секој пола час.Да го прашувам каде е и што прави, епа и мене тоа ме нервира.
И така. Ама сега знам дека ке му оставам малку простор да диша де, само да не се жали после како ме нема да го барам.
И то.
Срцки сте.
 
Па да деца сте. За да се увериш дека таа изјава е точна можеш едноставно да ги преиспиташ своите постапки во минатото (макар и сегашноста) и да заклучиш дали тие работи би ги направило дете или возрасен зрел маж, како што сите сакате да се претставувате. ;)

Во тој случај не би дозволил да ме направат магаре како во тоа минато, од се има поука иако исти грешки се случуваат кога си заслепен од емоции и имаш надеж дека може да е подобро... Културно се лажеме во такви моменти кога горенаведените веќе не направиле магариња. Е тогаш се буди тоа дете ;)
 
Саншајн, да ти споделам една работа која ја научив за мажите. Тие секогаш ќе останат деца. Поголеми деца од нив нема. Треба само, како и со секое дете, да им ја најдеш цаката и да ја користиш секој пат кога ќе ти се понаша како дете. Проверено ми е, успева секој пат. ;)

Ај баш елаборирај, многу ме интересира кои се тие "цаки" и кое е тоа детско понашање на кое алудираш? :)
 
Ај баш елаборирај, многу ме интересира кои се тие "цаки" и кое е тоа детско понашање на кое алудираш? :)
Ме мрзи. Башка и тоа е индивидуално, кај секој е различно. Не можам така да генерализирам, ама сите си имате некакво детско понашање.
 
Ме мрзи. Башка и тоа е индивидуално, кај секој е различно. Не можам така да генерализирам, ама сите си имате некакво детско понашање.

Мислам дека ова моеш да го кажеш за сите, безразлика маж/жена.
Некако overkill ти е тезава..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom