Супер тоа. И пред војната Србија беше во оптимална позиција, никој не сакаше да се меша, западот од страна гледаше, им опнаа ембарго, Алија со камења војуваше, па најдоа начин сами да се доведат до Дејтон. И на Косово брилијантно изиграа. Сега, Русија презафатена, Европа несигурна, со една Турција и една арапска лига како папочна врвца на Бакир, бошњаците се во многу подобра позиција од таа пред војната.
Па се доведоа самите пред Дејтон затоа што се занесуваа и мислеа дека ќе се прошетаат до Карловац-Карлобаг-Вировитица линијата и дека ќе ги истераат сите несрби од таму за сва времена.
Овој пат си имаат свое етнички исчистено парче територија и не бараат ни метар повеќе,а немаат никаква намера први да почна нешто.
Еднаш се изгореа,а ми изгледа дека втор пат нема веќе.Иако во БиХ они се единствените прави победници од војната ако се согледа ситуацијата реално.
Бошњаците се во подобра позиција од 91 година,но гледај ја па нивната ситуација.Пак им е никаква.Состојбата им е подобра кога би војувале пак,но веќе нема да има војни во БиХ како што беше таа92-95.Тоа е готова приказна - сега политички,економски и демографски ќе се војува.
Како прво нивните сонови за демографско поклопување на БиХ потонаа како Титаник.
Демографски они до 91 беа на ниво на Албанците - денес се катастрофа и никој побрзо од нив нема доживеано демографска транзиција благодарение на војната.До 91 година беа во ситуација демографски да ја поклопат цела средна Босна,цел тек на Дрина и кај Бихаќ да направат огромен популациски резервоар поголем од тој на Србите кај Бања Лука што ги држи изолирани.
Денес ништо од тоа не се во состојба да направат. Единствена придобивка им е триаголникот Тузла - Сараево - Зеница попознат како Трокутистан.
Бихаќ е демографски и економски пустош, Дрина Српска,а Хрватите успеаа да опстанат во средна Босна и покрај се.
Како второ тек треба да си најдат свое парче земја каде што ќе бидат газди и полека но сигурно ги губат сите симпатии од западот.Сиротите со сите сили се борат со Хрватите за превласт во половина од најмизерната држава во Европа.А тоа им идеше добро дур беше Хрватска надвор од ЕУ и си молчеше.Тогаш можеа ем да напредуваат со европјаните кои уво ги болеше,а да ги газат Хрватите во федерацијата.
Денес Милановиќ и Јосиповиќ одат во БиХ и не им текнува ниту да се најават, ниту да го посетат Сараево. Комшиќ оди во посета на САД и од белата куќа му кажуваат дека не смее да се повтори случајот Комшиќ.

Моментално се најдалеку од ЕУ и НАТО од завршувањето на војната.Целосно се изолирани од сите меѓународни текови и единствена надеж им е да чекаат некоја трошка помош од Арапите (кои се во кома моментално и физички многу далеку) и од Турците.
Немаат ниту еден излез кон надворешниот свет и од сите страни се окружени со Срби и Хрвати на ниво на БиХ,а и ако успеат да избијат на грнаицата тука се Србија и Хрватска.
Разбиени се во три енклави (кои Србите и Хрватите поспрдно ги викаа резервати) Трокустстан - Бихаќ и источните делови од Санџак.
Санџак е цврсто српски и не можат ништо тука.
Бихач и целиот тој кантон е во кома. Економски најнеразвиениот дел од БиХ кој е отсечен од сите и демографски тоне и се празни.Хрватска тука на Бошњаците им дава државјнаства како Бугарија на Македонците и така уште толку повеќе си спрема терен.
Единствено им останува триаголникот и тоа што е во него.Они и денес би потпишале распад на БиХ,ама премалку им е тоа.
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 15:41 ---
Башка што од Србите и Хрватите во БиХ направија пријатели и на некој начин сојузници.
Цело време си даваат автоголови,а мислат дека се нешто премногу јаки.Тоа е најлошото, денес они се во ситуација да се занесуваат и да бараат рчки.А сите знаеме кој најлошо завршува во таква ситуација.