Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Правилно ли забележав дека оние што не им се допаѓа проектот Ск 2014, многу им се допаѓа шаренава зграда?

До Пуно
Чаир ги доби согласностите за продолжување на изградба на плоштадот

Општина Чаир ги доби сите потребни согласности за продолжување на проектот за изградба на плоштадот „Скендербег“. Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски дале одобрение за започнување на втората фаза на проектот, откако првата фаза заврши лани. Во моментот се работи на конечниот проект и се очекува да се обезбеди дозвола за градба. По овие постапки, во јуни се очекува да продолжи изградбата. Од општина Чаир информираат дека парите за втората фаза се обезбедени од Владата на Македонија.

http://alsat.mk/index.php/vesti/od_...ње-на-изградба-на-плоштадот-„скендербег“.html
Сега нај-после учествува ли владата во убави проекти?
 
Правилно ли забележав дека оние што не им се допаѓа проектот Ск 2014, многу им се допаѓа шаренава зграда?
Јас би заокружил „ми се допаѓа“ наместо „многу ми се допаѓа“, но генерално - да, што има чудно? Има луѓе со вкус и способност за визија и луѓе без.
 
Убаво не тролаат. :D

BFFXNw-CYAETnNP.jpg
 
Правилно ли забележав дека оние што не им се допаѓа проектот Ск 2014, многу им се допаѓа шаренава зграда?

До Пуно
Чаир ги доби согласностите за продолжување на изградба на плоштадот

Општина Чаир ги доби сите потребни согласности за продолжување на проектот за изградба на плоштадот „Скендербег“. Градот Скопје и Министерството за транспорт и врски дале одобрение за започнување на втората фаза на проектот, откако првата фаза заврши лани. Во моментот се работи на конечниот проект и се очекува да се обезбеди дозвола за градба. По овие постапки, во јуни се очекува да продолжи изградбата. Од општина Чаир информираат дека парите за втората фаза се обезбедени од Владата на Македонија.

http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/7213-чаир-ги-доби-согласностите-за-продолжување-на-изградба-на-плоштадот-„скендербег“.html
Сега нај-после учествува ли владата во убави проекти?

Мене ми се допаѓа шарената папагал фасада затоа што е албански стил, и се разбира, јас си го бранам своето...

Убавината е релативна, функсионалноста е битна, а за дознаеме треба да чекаме...
Но искрено проектов на СКЕНДЕРБЕГ 2114(2114) има потенциал, се предвидуваа да се направи екстра голем паркинг под земја, наместо затворање на плоштадот со скулптури и фонтани овој ќе биде со огормна слободна површина...
 
Ми се допаѓа тој проект, е ова малце за копањето посебно во тој дел може да направи проблем и ме копка... Знаеш во која зона се наоѓа тоа, може да налетаат на нешто археолошки наоди или убаво да се проучи тој терен да не з***еме нешто. Не сум толку стручен за да кажувам, ама просторот на Кале и околу Калето животот континуирано се одвива без прекин веќе 3 000 години.
 
Мислиш дека некогаш некој ќе копа за архиологија во строг центар???
Нееее...
Дури подобро ако се најде нешто, и така проектов ќе трае најмалку деценија, па има колку сакаш време за археолозите да документираат се...
Но имаш право, и Кале, и близу Вардар кој сигурно бил поблиску отколку што е денеска, идеални услови за живот за тоа време.
 
Кога веќе спомна, сакам да најдам што имало кај Управен Суд имаше дебели бетонски темели откопано пред некој ден кога проаѓав.
 
Претерале со нескладни и дречливи бои (зградата во Центар, папагал или како и да се вика). Не знам на кој му доаѓаат вакви брилијантни идеи, ќе помислам дека у државава нема архитекти. Инаку поциганско од ова нема, особено во виолетово кога ќе светне тоа осветлувањето

buildp1040338.jpg

Многу ми се свиѓа фасадава

19B3C14B88E72D4D9F3E7CF7835FA21A.jpg

Ем не делува досадно, ем изгледа пристојно.

Инаку предлог за реконструкција на фасадите на зградите кај ГТЦ

MXypBrw.jpg

uXXii9l.jpg

bTr6uGB.jpg

Штета...

Ќе ги барокизираат и нив со се ГТЦ.
 
Не ли сфаќаат дека ако веќе прават во барок стил, нека биде убаво како што е со предлог сликиве.
Вака се изгледа катастрофа, кичесто и гадно.
 
Мене ми се допаѓа шарената папагал фасада затоа што е албански стил, и се разбира, јас си го бранам своето...

Убавината е релативна, функсионалноста е битна, а за дознаеме треба да чекаме...
Но искрено проектов на СКЕНДЕРБЕГ 2114(2114) има потенциал, се предвидуваа да се направи екстра голем паркинг под земја, наместо затворање на плоштадот со скулптури и фонтани овој ќе биде со огормна слободна површина...

Сакав да те прашам дали си задоволен сега од владата кога го финансира проектот Скендербег, затоа што поранао викаше дека проектот нема ништо со владата.
А во однос на убавината дека е релативна работа (y). Но работата е во тоа да не го плукаме она што не ни се допаѓа.
 
Не се сеќавам да сум рекол дека плоштадот Скендербег нема врска со владата. ПОвеќе би бил задоволен со владата ако инвестира таму каде е потребно, има општини кои и денденеска немаат вода за пиење, за инфраструктура, за образование да не збориме...
Само се сеќавам дека сум кажал дека не е потребно уште еден плоштад 100 метри одалечен од другиот. Овој плоштад е само резултат на делење на колачот на владеачките партнери, јас не сум Beric или бастардот да се радувам за тоа, не сум партиски член на ДУИ...

Никој не плука во тоа што не и се допаѓа, сите плукаме за кражбата, за нефунксионалноста, за избор на стил(не е вкус ова) и покрај архитектонската елита која целосно е против, за нетранспарентноста на тендерите, конкурсите ....
 
Претерале со нескладни и дречливи бои (зградата во Центар, папагал или како и да се вика). Не знам на кој му доаѓаат вакви брилијантни идеи, ќе помислам дека у државава нема архитекти. Инаку поциганско од ова нема, особено во виолетово кога ќе светне тоа осветлувањето

buildp1040338.jpg

Многу ми се свиѓа фасадава

19B3C14B88E72D4D9F3E7CF7835FA21A.jpg

Ем не делува досадно, ем изгледа пристојно.

Инаку предлог за реконструкција на фасадите на зградите кај ГТЦ

MXypBrw.jpg

Штета...

Ќе ги барокизираат и нив со се ГТЦ.

Првата е лоша реконструкција,втората е добра,мисламу Карпош е..третата нема да се реализира пошто тендер е у тек за барок стил,со ГТЦ најверојатно.
 
Змеј, од каде се рендерите за кулите на ГТЦ? Дај линк некој...

....инаку Папагал-зградата е врвно архитектонско остварување во однос на зградичето на Тренд - грев да те фати која џамлија од мозок го има „осмислено“...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom