Другар имаш нарачувано од овде? Стига во Македонија без никакви проблеми(царина , полиција итн) ?
Јас немам нарачано, ниту планирам да нарачам. Мислам дека е безбедно 99,9%. Овие компании се дискретни 100%, не оставаат трага на банкарскиот налог дека се работи за семе и имаат опција да се плати со кеш во плико, што не остава траги на наплата.
Единствен проблем што може да настане со овие работи е што се фалиме на сите.
"Еј брат да видиш какви семки сум нарачал од Холандија." = Затвор - макар си кажал и на "најдобриот" другар.
Aко знаеш само ти и да речеме фамилијата твоја, мајка, татко, сопруга, сопруг, а не дечко или девојка, 100% е безбедно. На секој 2-3 месеци ке имаш 100-200 грама свеж принос.
Значи да се разбереме, јас не сум одгледувал ниту планирам да одгледувам коноп, се што знам и советувам се податоци прибирани долго време од интернет. Значи на интернетот не треба да му се верува 100%, така да и јас ова што го зборам не го зимајте здраво за готово.
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 14:41 ---
Во последно време само на индики налетувам.
Имам едно пакетче од пред 4 месеци, ама од што е индика, не ми се ни пали искрено. Не знам кај се наоѓа квалитетна сатива.
Да бидам искрен, ретко е Сатива да се најде, поскапа е од Индиката и повеке ја носат на западниот пазар. Има периоди кога може да испадне нешто убаво. Инаку ретко. Индиката владее во МК.
Најдобар начин за да знаеш дека е сатива е сам да пораснеш 80/20% сатива семе.
Али тоа е ризично ако не се придржаваш до кодексот на фармерите
, така да ке уживаме во старата добра Индика.
Индиката не треба да се подценува, има поголем медицински дијапазон од сативата. Бидејки се користи против инсомнија, против болки и слично користи ја само навечер пред легнување. Избегавај да ја користиш преку ден и кога си со луѓе. Индиката ги вцрвенува очите повеке од сативата, имај го тоа во предвид.
Индиката е убава кога си сам.
Затоа вечер, одбери си музика, свеќи, притаена светлина, запали го тоа пакетче што го чуваш 4 месеци и уживај во прекрасното задоволство што ни го дава мајката природата.
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 14:47 ---
Иначе читав до сега и на листава достапни земји ја немаше Македонија....али ретко и кај ја има нели...секогаш постои алтернатива
Македонија не е на листата бидејки немаме UPS услуги. UPS ти е бренд на брза пошта што за 2-3 дена ке ти ги донесе дискретно семките до врата.
Сите тие Онлајн продавници, имам контактирано со голем дел од нив, доставуваат семе во МК, преку локалната Пошта и тука ризикот е поголем. Значи не ни иде поштар платен од компанијата, туку обичен поштар, кој може да се заинетресира што има во пратката.....