Би ве замолила за помош - треба да покренам оставинска постапка за недвижен имот останат по смртта на татко ми. Дали има пропишана форма на барање и што треба да содржи истото, за да не се пролонгира ако е некомплетно. Има ли некој да ми испрати терк? Имотот се наога во гевгелиско, а јас живеам во Скопје. До кој суд се поднесува барањето? Благодарам
Месно надлежен за водење на оставинската постапка е судот на чие подрачје оставителот имал последно живеалиште односно престојувалиште!
Доколку оставителот немал живеалиште односно престојувалиште во РМ, во тој случај месно надлежен за водење на оставинската постапка ќе биде судот на чие подрачје се наоѓал неговиот имот.
Значи не е од значење тоа дека вие живеете во Скопје, туку од значење е на кое подрачје имал живеалиште односно престојувалиште оставителот кога починал !
Во врска со предлогот за поведување на постапка, истиот нема некоја строго утврдена форма, истиот може да го поднесе било кој од наследниците кои полагаат право врз оставината, и битно е да содржи податоци најпрво за оставителот, наследниците со нивни податоци за да можат да бидат повикани на рочиштето, зависно од редот на наследување, и податоци за целиот имот на оставителот, понатаму сите докази ќе се презентираат пред нотарот кој како повереник на судот ќе биде определен да ја спроведе постапката.
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 16:19 ---
Почитувани,
Имам еден проблем. Имено сакам да поднесам документи за оставинска постапка. Имам умреница од мојата мајка, изводи (мој и од татко ми) имотни листови кои ќе бидат предмет на оставинската постапка... но мојата сестра не сака да ми даде нејзин извод од родени и копија од лична карта.
Можам ли да поднесам предлог за оставинска без нејзиниот извод и постои ли правен начин да ја натерам да дојде на рочиште за оставинска?
Ве молам за одговор.
Илина, ваша должност со цел остварување и заштита на вашите имотни права е да поднесете до судот предлог за поведување на оставинска постапка, во кој ќе биде наведено се она што ви е познато дека го поседувал оставителот во моментот на неговата смрт, негови податоци и податоци за сите наследници кои полагаат право врз оставината, зависно од редот на наследување, а тоа дека некој не сакал да даде податоци или приложи исправи, не е и не може да биде од значење за спроведување на оставинската постапка....Вие ќе ги наведете неговите податоци доколку ви се познати, како и оние на останатите наследници, нотарот ќе го повика на рочиште, а ако истиот не сака или не дојде, постапката ќе се спроведе без негово присуство , а врз основа на се со што се располага во тој момент...
Понатаму ако не е задоволен со нешто, нека го побива оставинското решение во редовна постапка, со тужба, па да видиме ...
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 16:27 ---
Може некој да ми каже кои се надлежностите на нотарот при оставинска постапка? Дали може да вади имотни листови, рокови кои се итн. Ако го пишува тоа во некој закон член би бил благодарен каде би можел да прочитам. Во случајов нотарот ни е тешка флегма несака да покрене работа со прст а малце покомпливиран е случајот, па се мислам да пратам суд писмо за иземање на предметот. Затоа ме интересираа надлежностите и се во врска со оставинската постапка. Благодарам
Во случај нотарот да ги занемарува доверените надлежности од страна на оној кој што му поверил извршувањето на конкретни надлежности , а тоа е основниот суд до кој е поднесен предлогот за поведување на оставинска постапка, право на предлагачот е да поднесе Барање до претседателот на основниот суд за изземање на нотарот кој постапува како повереник на истиот, поради очигледно занемарување на доверените обврски.
Во таков случај, претседателот на основниот суд ќе го достави таквото барање до нотарот на одговор, и по добиениот одговор и увид во предметот, ќе одлучи , дали ќе донесе решение со кое барањето ќе го одбие како неосновано, или ако најде пропусти и основа, ќе донесе решение со кое нотарот ќе го изземе од постапување врз тој конкретен предмет и целиот предмет со сите списи ќе го довери на постапување на друг нотар.