Презиме - моето, твоето или двете?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Партнерот одговара за себе и тој со своето презиме може да прави што сака.
Истото право, ако не сте знаеле, го има и жената.
И таа може со своето презиме да прави што сака.
 
Машкоста. Тоа ти е ваљда исто како да ги кастрирал некој. Бар по муабетите овде, јас така ги разбирам.

Нешто слично како јавна кастрација пред полн плоштад со тапо секирче.
 
Би и дал слобода во изборот, било која избрана комбинација ништо не би ми променила.
 
Би и дал слобода во изборот, било која избрана комбинација ништо не би ми променила.



А зашто мислиш дека е твое да и ја даваш таа слобода? Што значи тоа, дека ако промениш мислење твое ќе биде и да и ја земеш истата слобода?
 
А зашто мислиш дека е твое да и ја даваш таа слобода? Што значи тоа, дека ако промениш мислење твое ќе биде и да и ја земеш истата слобода?

Имаш право, погрешно се изразив, сакав да нагласам дека не сум од тие што даваат значење на тоа.
 
Чико Фелипе Гонзалес Мартинез Родригез .......
 
Партнерот одговара за себе и тој со своето презиме може да прави што сака.
Истото право, ако не сте знаеле, го има и жената.
И таа може со своето презиме да прави што сака.

Точно, ама види типичните балански мажиња како размислуваат:

ако сака да си го задржи нејзиното нека си остане кај мајка и татко и :icon_lol:
 
Фантазии. Што се не ќе прочита човек. Мажот да го земел презимето од жената, татко можел да е кој било, детето да го земе презимето од мајката, па ново презиме да се изберело....
Добро бе луѓе вие читате што пишувате?
Е за да нема многу екцеси настанала некоја традиција. Не, не сме ние денешните генерации најпаметни, а особено слепо пратење некои си нови моди никого не го прави попаметни. Газењето по традицијата никого не го прави супериорен. А најважно од се нема никого да го спаси од комплексите и субјективното чуство на инфериорност.
 
Точно, ама види типичните балански мажиња како размислуваат:


Што има лошо во таквото мислење, си ја почитуваме традицијата и соодветно на тоа ќе си бараме и жена која ја почитува традицијата и нема да и биде проблем да го земе презимето на мажот (а мажот ќе знае да го цени се тоа и ќе се одолжи :)). Не ми треба жена која ќе прави проблеми уште на почеток за банални работи како презимето, што е со “модерни“ мислења и кариерата и е побитна од фамилијата, жена со мислење “мајката е една, а татко може да биде секој“ и слични такви работи.

Пак ќе кажам секој што сака / му одговара нека си бара и нека си најде.
 
Кој по правило треба да го прими....?така и за презимето аналогно.

Тврдокорните.
 
Јас си го зедов презимето на маж ми,мене таа варијанта највеке ми се свиѓаше.Не сакав да имам две презимиња.А земање на презимето на жената е реткост во светот не па кај нас на Балканов.
 
морееее, не само што ќе го земе презимето, него и песмено и судски заверено ќе потпише дека се согласува на ќотек секое утро пред да идам на работа. :D
инаку ОН, ме боли уво како ќе се презива. па дури и децата кое презиме ќе го носат. али не зависи само од мене, и општеството и неговата “култура“ си игра голема улога.
 
Точно, ама види типичните балански мажиња како размислуваат:

Не е чудно што мажите размислуваат така. Работата е што и жените размислуваат така, што мајките ги учат да се покоруваат и да се сметаат за своина на мажот, па тој да одлучува и за неа.
Тоа мене ми пречи. Не гледам ништо лошо жената да го земе презимето на мажот, ама тоа да го направи зашто ТАА сака, а не зашто ТОЈ така сака.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom