Зошто повеќето девојки чекаат машкото да им пријде?

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
се јави Мајка Тереза :cuc:
--- надополнето: 10 декември 2013 во 01:29 ---

оф леле,во твој смисол мачето и глувчето ги смениле страните - од право машко што вистински му значи да те има со душа и тело нема да добиеш право внимание,прав третман,а лажен ќе добиеш од оној кој сака да те искористи во секое време
За ова целосно се согласувам со тебе..... тој што навистина сака трепери од страв да не ја повреди, а лажниот без око да му трепне ќе ја повреди :)
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Cause we so cool ;-)
Ne se zamaram ja iskreno. Ako mi pise ok. Ako mi se javi ok. Ako ne sum go cula telefonot i toa ok. Ako uste mi se javuva ok.
It's aaaaaal good.
Vaka dur ne mu pukne film :-D
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Што јас прва да му пријдам? ти ненормална ли си бе? па да ме мисли тука за курвичка дека сум била и плус тоа лесна девојка сум била и прва сум му приоѓала :cautious:
Ова е нешто најслушано во Скопје посебно низ женските моабети, поточно на возраст од 18-22 години. Прва од причините што девојките не приоѓаат први тоа е што немаат самодоверба во себе си, незнаат на кој начин да пријдат со кои зборови да се обратат, се плашат од палец долу (n), се срамат и она другото имаат круна на главата. Овие работи се најчестите поради кое едно девојче не приоѓа прва на едно машко доколку тоа машко и се допаѓа на неа. Дадена ситуација девојката е на журка некаде девојката шмека некој цело време погледи разменува со некое типче но никако не може да му пријде прва од причините кои ги набројав погоре и тука до што доведува до тоа што шансите таа да го добие се премногу мали. Но затоа имаме тука сосема друга дадена ситуација каде што женското дреме на фејсбук, праќа понуда за пријателство, машкото ја прифаќа, и женското тргнува во акција. На овој начин женските повеќе знаат да пристапат први нормално на фејсбук. Но кога се работи во живо да пристапат на едно машко мислам дека премногу размислуваат додека се одлучат и дали воопшто ќе се одлучат на тој чекор. Затоа се почесто денеска гледаме запознавања на фејсбук бидејќи не само што женските не пристапуваат први туку 70% од машките истите проблемчиња ги имаат кога се работи за пристап доколку некој ти се допадне. Затоа се повеќето се одлучуваат тоа да го направат на фејсбук а во живо се дрва нерасцветани. Но кога веќе ги спомнав годините пример од 25-26 години па понатака девојките мислам дека далеку поискусни се тогаш и доста повеќе први пристапуваат кон машкото отколку машкото што пристапува барем јас тоа го имам забележано зборувам нормално за во живо не на фејсбук. Ех одамна немам пишано вакво долго постче. :P
 
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
Јас немам баш проблем со тоа.
Најубаво е да се најдеме на пола пат, ама ако видам дека е срамежлив а ми се допаџа, ќе му пријдам. Не значи дека ќе легнам со него истата вечер боже мој, ама тоа е еден балкански стереотип што ме вади од кожа.
Немам што да се плашам, знам да направам муабет а во такви ситуации и гледам колку и тој може да се снајде. Зошто сакам некој еднаков на мене, ако ќути ко муле ил не знае да се снајде, турам пепел.
Сакам да сум им предизвик на мажите исто колку што ми се тие мене.

А инаку и од другари и од повеќе-од-другари имам добиено доста комплименти за таа моја храброст.
Може е и до друшките мои што се подеднакво отворени ил круговите каде се движам, не знам. :)

Сума сумарум, најчесто мене ми приоѓале ама не ми е проблем и обратно.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Јас немам баш проблем со тоа.
Најубаво е да се најдеме на пола пат, ама ако видам дека е срамежлив а ми се допаџа, ќе му пријдам. Не значи дека ќе легнам со него истата вечер боже мој, ама тоа е еден балкански стереотип што ме вади од кожа.
Немам што да се плашам, знам да направам муабет а во такви ситуации и гледам колку и тој може да се снајде. Зошто сакам некој еднаков на мене, ако ќути ко муле ил не знае да се снајде, турам пепел.

А инаку и од другари и од повеќе-од-другари имам добиено доста комплименти за таа моја храброст.
Може е и до друшките мои што се подеднакво отворени ил круговите каде се движам, не знам. :)

Сума сумарум, најчесто мене ми приоѓале ама не ми е проблем и обратно.
Што ако е поинтелигентен и тоа многу од тебе ;) нема да се плеткаш со него :D, или што ако тој си игра со тебе и те тестира цело време, што ако те влече цело време да го добие она што го сака?
Сакам да сум им предизвик на мажите исто колку што ми се тие мене. Хм, ме замисли реченицава :unsure:
Ти го прочитав постот во другата тема и малку ме испровоцира затоа и коментирам тука, тоа што си го правела не е храброст, барем не според мое размислување. Секој можеме така, машките можеме да си играме исто колку и девојките, но дали е тоа правилно? Нема ли кога ги сретнуваш истите на кои си му ширела нозе да ти падне непријатно? Се менуваат времињата и се станува позрел од ден на ден, ако досега не си осетила ќе дојде ден кога нема да ти биде сеедно тоа што го правиш, барем се надевам ;)
 
Не ми смета да е поинтелегентен од мене, баш би ми било шанса да интелектуално дополнително ме стимулира и не би ми пречело, ќе може да ми помогне да се надоградам во некои области.
А ако си игра, верувај дека веднаш ќе забележам, не сум од вчера. Не сакам играње игри, ич.

Таа моја храброст се однесуваше на мојата отвореност и нестереотипизираноста во врска со љубовта и сексот која дефинитивно мислам дека владее на Балканов, ама тоа е сосема друга тема.
Кога веќе го споменуваш тој пост, земи во предвид и дека имав 16 години и бев детиште.

Не разбрав за што да ми е непријатно и да не ми биде сеедно, ако може дообјасни ми. :)
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Затоа што, или се срамежливи, или имаат превисоко мислење за себе и ќе пукне брука у градот ако се разбере дека баш она добила корпа. За овие првите има лек, ама за другите... (n)
Последен пат кога јас пристапив прва беше кога имав 18 години, пред 3 и кусур години, (последен пат ми беше бидејќи сум сеуште со таа личност :)) и мило ми е шо не сум ги послушала сите околу мене шо ми кенкаа дека требало тој да пристапи прв. Така што, (y) за сите девојки што го прават првиот чекор.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
68
Поени од реакции
36
Имам дечко скоро две години,и јас прва на него му пријдов.
Толку ми беше секси и прекрасен,едноставно не можев да му се изнагледам,заедно работевме.

Дојде и тој ден,кога неможев да издржам и му кажав дека го гледам и доживувам многу повеќе од сексуална фантазија но ништо помалку од истата.

Се посрами две недели типот,се врткаше како маченце и си ги зема работите во свои раце,се деси што се деси,беше најако,и ден денес осеќам дека ме сака највише на цел свет,и дека тоа никакво мислење не му смени за мене како личност,напротив вљубен е во мојата директност и искреност.:D
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Абе незнам зошто, знаете како викаат низ женска гла 300 ѓаолштини се вртат, кој ги разбрал.
Е добро и јас им приоѓам, во зависност од која позиција играм, најчесто со некој пофасцинантен старт нешто слично ко на видеово и се чудам стварно успеват. Пробајте :D :D
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
33
Поени од реакции
32
повеќето да но сите не.Јас ако ми се допаѓа некој му приоѓам и готово,дури ми се случи летоска му се пуштам на типов ме одби,и што сеа треба да кукам :) да паѓам у депресии :sleep:
 
HardCore

Cylon
Член од
4 февруари 2010
Мислења
139
Поени од реакции
38
Така било од памтивек, така и треба да остане.
Нема потреба жена да приоѓа на маж, таа само може а и не мора, да прати сигнал. Со самото приоѓање на мажот, кај жената се подига нивото на самодоверба, свесноста за својот сексапил, чувство на возбуденост и верба во машкиот род.
Ако жената се доведе во ситуација да треба да пријде, тогаш таа има експлозија на мисли во глава. Почнува да размислува дека не изгледа добро, затоа на го привлекува, дека сигурно нешто и фали, затоа не ја приметува. И на крајот, секогаш завршува со мисла од типот, зошто јас да му пријдам кога тој е машкото, тој треба мене да ме освои (и тие живееа разделени и несреќни до крајот на животот).
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.669

можиш да додадеш “и таа глумеше неосвоива тврдина“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom