Судар на џиновите од Мадрид, спектакуларно дерби, и закон игра прикажана од Реал.
Касиљас: Можеше комотно и во публиката да си седи, или да пие сок/чај позади гол. Беше совладан еднаш, неодбранливо, али затоа одбрани Модриќ.
Арбелоа: Тивкиот херој во одбраната. Стандардно добар, според мене сеуште е Кока Кола за Карвахал.
Пепе: Варан треба да е загрижен, Пепе одигра феноменално. Имаме тројца централни дефанзивци за кои секој еден тим би подзавидел. Дај боже да ги задржиме сите тројца.
Рамос: Ги изора, ги понижи, и направи напаѓачите на Атлетико да изгледаат како мали деца. Се спречка со противнички играч, но место нервозата да ја истури врз играчот или судијата (како обично), ја истури врз својата игра. Зовре капитенот и распали на теренот.
Коентрао: Доста фино. Опасен во напад и солиден во одбрана.
Чаби Алонсо: Не треба муабет да се прави за тоа колку е значаен генералот, дробот на тимот. Стандардно педантен, ефективен и расположен за дистрибуција на топки

. Дистрибутер.
Модриќ: Ауу. Се развива во неверојатен играч во средината и почнува да дава на знаење зошто беше донесен за скапи пари. Влечење на токата напред, и играње одбрана на највисоко можно ниво.
Ди Марија: Во стил на Рамос ораше по теренот, само на противничката половина и во офанзивна смисла на зборот. Закон.
Хесе: Ваков талент сме ненале
МНОГУ ДОЛГО ВРЕМЕ. Каков Мората какви курци палци. Ако го продаде Перез ке одам лично во Мадрид да се тепам.
Роналдо: Не постигна гол и поради тоа беше нервозен

Али ОК, ваљда беше добро покриен, али пак затоа останатите соиграчи околу него правеа магии по теренот.
Бензема: Лошо, многу лошо. Му фали онаа острина што ја имаше, незнам што се случува со него. Покажива знаци од талентот што го поседува ама...
------------------
Мората: Ништо посебно, имаше добра шанса, иако од тешка позиција можеше да реагира и подобро. Роналдо поради тоа фаца направи. МОРАМЕ да најдеме напаѓач. Мората не е решение во никој случај, Бензема втор дел.
Иљираменди: Без оцена, 10 минути влезе детето, еден пас згреши, ама не беше загреан, повеке од очигледно.
Иско: 5 минути поигра човекот.
Знам дека звучи како да ги пумпам и величам играчиве, но гледам да сум реален и критикувам кога не се игра добро. Едноставно оваа вечер одиграа машки, паметно, и борбено до крај, што навистина ми се допадна.