Презиме - моето, твоето или двете?

Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Неговото, што дека ќе имам две презмиња, етикета дека си мажена/женет :D сметам дека едно е доволно :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
vo sluchajov ne e vo prashanje ovoa ili neznam shto tuku kakio shto kazha MM ednostavno decata zakonski go nosat prezimeto na tatkoto., i sega majkata da si nosi i nejzino ., toa nekako mi ispaga ko da se deli od semejstvoto ko da ne e del od nego i si isteruva svoi ., eve koja sum jas nejzinoto ego.,....rabotata e prosto kazhano od praktichna gledna tochka.,......;) ama se zavisi koja od koja gledna tochka gleda:)
Не постои закон со кој се одредува чие презиме ќе носат децата. Може нејзиното, неговото, двете, или ново и измислено презиме. Од најпрактична гледа точка, мажот не е ништо повеќе од мене во семејството, и не гледам зошто неговото презиме а не моето. Зар тој не се дели од моето семејство ако не го земе моето презиме?! :(
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Јас неговото само да го земам не ми пречи ...неам комплекси дека ке изгубам од идентитет или незнам што ....највише би го променила поради деца да имаме изадначено презиме..и многу ми е тоаа безвезе 2презимиња да влечам на себе пола страна текст:icon_lol:
И мене ми е безвезе.
Па дали 2те презимиња се со цртка измеѓу или не колку административни проблеми може да ви направи.
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
И мене ми е безвезе.
Па дали 2те презимиња се со цртка измеѓу или не колку административни проблеми може да ви направи.
Да многу е комплицирано поготово македонските пошто се ДОЛГИ не се како американските кратки .....И не губиш од идентитет по мое..едино ако те знаат баш по тоа презиме многу луѓе поради кариера....
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Да многу е комплицирано поготово македонските пошто се ДОЛГИ не се како американските кратки .....И не губиш од идентитет по мое..едино ако те знаат баш по тоа презиме многу луѓе поради кариера....

Тоа на некој начин стана помодарство. Јас си го земав презимето на мм и покрај тоа што имав специфично презиме што имаат многу малку во Мкд, па и работата ми продолжи и животот и ништо не ми се смени. Името и презимето не го прават човекот, човекот го прави и името и презимето,
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
577
Поени од реакции
179
се знае..мажите си остануваат со истото презиме..жените го зимаат презимето на мажот си и готово..ако не сака нема свадба..и готово..:D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.656
Поени од реакции
14.512
ЖЕНСКОТО ПРЕЗИМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Грижата за зацврстувањето на женскиот облик на презимето треба да биде рамна на грижата што ја пројавуваме како народ спрема сите артефакти од нашето духовно културно наследство!

Поттик за вака насловената статија, посветена на професорката Лилјана Минова-Ѓуркова, ни даде, всушност, самото нејзино двочлено презиме, од кое првиот член е презиме по татко, а второто, придодадено кон татковото, презимето на нејзиниот сопруг, Александар Ѓурков. Ваквите двочлени презимиња во шеесеттите години на минатиот век во Македонија се доста ретки. Ова дотолку повеќе, ако се земе предвид дека и до ден-денес во некои македонски рурални средини именувањето на жената не е според нејзиното лично име, ами според една супстантивизирана придавска форма од личното име на мажот, извршена со суфиксот -ица (сп. Симејца : Симевица : м. л. и. Симе; Динејца : Диневица : Дине итн.), па ваквиот избор на професорката, во она време, можеме слободно да го оквалификуваме како чин на висока самосвојност и оригиналност – квалификативи кои нејзе сосема природно и прилегаа.

Презимето, како антропономастичка категорија, кај Македонците, но и на поширокиот словенски ареал е понова категорија на која и претходеле патронимите. Меѓу македонското население таа се затврдува дури во деветнаесеттиот век кога на наша територија почнуваат да навлегуваат европските обичаи и институции, или поконкретно со практицирањето на еден повисок степен на администрацијата и управата, иако неговото пробивање не се случува насекаде во ист размер и во исто време. Како што забележува Т. Стаматоски, кај Мијаците тоа е настанато и порано од деветнасеттиот век [1], што веројатно се должи на нерамномерниот социјален развиток на населението по целата територија на Македонија. Имено, во оние наши поразвиени и помногубројни социјални средини, какви што се градовите, презимето се усвојувало и се затврдувало побргу во однос на руралните и помалку развиените средини. Презимето, за разлика од сите други делови на именската формула (лични имиња, прекари и други додавки кон името), e постојанo, непроменливo и наследнo, и со тоа се разликува од патронимите кои не се наследни и кои им претходат на презимињата.

Дијахронија

Првите никулци, воопшто, за презиме на македонска територија се среќаваат во Битолскиот триод, ракопис од XII век од македонска црковнословенска редакција, во кој среќаваме и пример со патронимиска информација и пример за тоа од каде потекнува именуваното лице. Првиот пример се однесува на името на Никола Пиросовнаведено во следниов запис: nikol5 pirosova s8na e/e mi donese C za5ca v( listqkU g9 dnq ge8n[3]. Вториот пример, пак, се однесува на поп Георги од с. Вапа. Сп.: p8pa gewrgi` C v5pi [4]. Во вековите што следуваат како драгоцен извор преку кој ги следиме не само општествено-економската организација на населението во Македонија, туку и еволуцијата на категоријата презиме кај Македонците, се јавуваат кодиците и пописните дефтери од турско време. Така, во Трескавечкиот кодик, сопствените имиња на дарителите, заради подобра идентификација, добиваат најразлични определби како, на пр.: со името на таткото додадено кон сопственото име (Панаиωт' Коста); со посвојна придавка изведена од името на таткото (Стано` Кралев'); со посвојна придавка изведена од името на мајката (Аврам' Тодин'); со посвојна придавка изведено од професијата на таткото (Петре Попов'); со прекар (Аризан' Колчак'); со придавка изведена од местото од каде што потекнува лицето (Христо Велешанець) или описно (Митре ωть Горно Село); со именка во која е изразено етничкото потекло на именуваниот (Кочо Ми3к'); како и со професијата или некоја титула на именуваниот (Димана презвитера). Женските имиња поретко се определуваат со презиме кое е рамно на посвојна придавка, а најчесто со името на мажот: Ѓореица Стамена, Лубика Симоница, Нехтена Митреица, Велика Дачкоица, Мита Аврамица [5]. Токму тука, во овој кодик, за првпат se pojavuva женско презиме, сфатено во денешната смисла на зборот, a imeno презимето да претставува посвојна придавка образувана со суфиксот -ова за ж. род :) -ов); сtanuva zbor za Ѓурѓа Бонболова [6]. Речиси, истовремено, со овој запис од Трескавечкиот кодик, во кодикот на манастирот Св. Богордица во Матка, е регистрирана жената, чие име и презиме гласат, Божна Поповска [7]. Овие, иако скудни податоци, даваат драгоцени и мошне важни информации за никулците на женското презиме во Македонија, чиј зародок е многу понапред од времето во кое имаме стабилизирана антропономастичка категорија презиме и тоа во услови на еден изразито остар патријархален општествен контекст.

Синхронија

Од првите пројави на женските презимиња во Македонија, пред два-три века, па до денес во врска со женското презиме во Македонија можеме да кажеме дека е тоа една развиена и мошне стабилна категорија, благодарение како на изменетите општествено-економски услови, така и на драстично повисокиот степен на еманципација на македонската жена. Женското презиме во Македонија, во актуелниов момент повремено прави отклонувања од нормата и традицијата, за која стана збор погоре, како резултат од дејствувањето на, најчесто, екстралингвистичките фактори. Овие отклонувања најмалку се забележуваат на (I) планот на содржината на женското презиме, почесто во (II) мотивацијата за промената на презимето на жената, а најчесто во (III) формалната страна на женското презиме во Македонија. За да објасниме поподробно што сакавме да истакнеме во претходниов исказ, ќе тргнеме по ред. Најпрво ќе се задржиме на содржината на нашето женско презиме.

I Содржина

Во основата на македонските презимиња, воопшто (и кај машките и кај женските), кои во принцип претставуваат придавски форми (образувани со суфиксите -ов, -ев, односно -овски/-евски), најчесто се вложени или машки лични имиња или фамилијарни имиња во чија основа, повторно, лежи машко лично име како резултат од дејствувањето на патролинеарниот принцип иманентен на нашата традиција. Од богатиот антропономастички материјал што ни го нудат турските пописни дефтери забележуваме дека најзастапена именска формула е лично име + лично име, при што второто лично име е патроним, односно татково име (сп.Велко Стано, Бојко Станиша, Велчо Тоде и др.). Во XVI век формулата станува име + изведена придавка со суфиксите -ов и –ев кога во основата е вложен патроним, т.е. татково име (на пр.: Стојан Георгиев, Ристо Николов), или изведена придавка со суфиксот –ин кога во основата е вложен матроним, односно мајчино име (сп. Бојанин). Овде, секако, мораме да истакнеме дека не кај сите презимиња кои се обрзувани со суфиксот -ин (кои и онака се ретки), во основата е вложено женско лично име. Напротив! Врз основа на спроведената анализа врз вкупно 107 презимиња [8] на завршок -ин (од кои еден мал дел имаат туѓо потекло, а уште помал дел се окавалификувани како нејасни), само за 10 презимиња[9] обработувачите на Речникот на презимињата кај Македонците [10] сметаат дека во основата се наоѓа женско лично име. Според наведеното во Речникот на презимињата кај Македонците лесно можеме да заклучиме дека македонските презимиња со завршок -ин, најчесто се, всушност, машки лични имиња образувани со антропонимискиот суфикс -ин, а многу поретко посвојни придавки образувани со овој суфикс од женско лично име како што е во случајот со презимињата наведени во фуснота 9, а имено: Стаменин :) Стамена + -ин). Ова се должи на тоа што женското лично име на мажената жена во македонската средина до поново време, особено во руралните, неурбанизирани македонски краишта е табу-тема, па нејзината идентификација најчесто се врши според личното име на нејзиниот сопруг (в. погоре). Оттука, се и оние презимиња во чија основа е вложен матроним што е рамен на женско име настанато според името на мажот. Сп. презимиња: Ристујчин :) Ристојца :)Ристовица :)Ристо) + -ин)), Ангеличин :) Ангелица :)Ангел/е) + ин) итн.

II Мотивација за менувањето на презимето кај жените

Најчеста мотивација за менувањето на првичното презиме на жената, коешто таа најчесто го добива по татко, е при нејзиното стапување во брак. Промената на презимето при стапување во брак е регулирана со Законот за семејни односи [12] каде што во членот 33 од делот II, насловен како ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ стои следново: при склучувањето на бракот, брачните другари можат да се спогодат да го земат за презиме презимето на едниот или на другиот брачен другар или секој да го задржи своето презиме или секој од нив на своето презиме да го додаде презимето на другиот брачен другар или едниот брачен другар да го земе презимето на другиот брачен другар и на тоа презиме да му го додаде своето презиме. До пред две децении на територијата на Р Македонија при склучување брак, главно, жената го земаше презимето на мажот. Случаите во кои жените ги задржуваа презимињата или на сопственото презиме по татко го додаваа презимето на мажот, главно, беа ретки и главно на ваков начин постапуваа жените од јавниот, научниот и политичкиот живот на Р Македонија. Од крајот на осумдесеттите години на минатиот век двојната формула на женското презиме е сè поприсутна во нашата средина. Во овој период се случи и една куриозитетна појава за македонската патријархална средина, што мошне скандалозно прозвуче во јавноста, а имено мажот да го земе целосно презимето од жената, со мотивација: историчното значење на презимето на сопругата. Станува збор за нашиот успешен пливач Александар Маленко, кој при стапувањето во брак со познатата поп-пејачка Сузана Турунџиева, реши да се презива Турунџиев. Вакви ексклузивитети бележиме и кај презимињата на децата. Иако најчесто децата го добиваат презимето од таткото, сепак, во Македонија во овој период се јавуваат и двочлени презимиња, односно презиме и по таткото и по мајката при што некогаш на прво место е презимето по мајка, а на второ по таткото (Каневче-Христу), а некогаш прво е презимето по татко, а второ – презимето по мајка (Сековска- Аврамовска). Постојат и такви случаи каде што во семејства кои немаат машки потомок за да се продолжи живеењето на презимето, последно роденото девојче го носи само презимето од мајката (Најчевска), иако постарата сестра го носи татковото презиме (Тодоровска).

Втор случај за промена на женското презиме е кога жената самоволно решава да го смени своето презиме и да земе ново презиме кое го зема во чест на некој покоен предок спрема кого чувствува голем пиетет (сп.Јадранка Владова, во чест на нејзиниот покоен татко Владо, која претходно се презиваше Ристиќ). Сличен мотив за менување на презиме бележиме во случајот со семејството на Питу Гули. Имено, како единствено живи директни потомци на овој значаен револуционер се неговите две внуки Евгенија Вучиниќ и Елена Наумоска. Во чест на својот прадедо, синот на Елена, Димитар кон татковото презиме Наумоски го додал и презимето Гули.

III Менување на формалната страна на македонското женско презиме (машки презименски облик за лица од женски пол)

Во последнава деценија, особено во главниот град, жените при стапувањето во брак најчесто кон своето презиме го додаваат презимето на мажот во машкиот облик, сп. Стојановски, Тасев итн. Како што кажавме и погоре, женските презимиња во Македонија koi se образувани со посвојните суфикси -ов/-ев и -о(в)ски/-е(в)ски според нашата традиција имаат женски облик, а имено македонските женски презимиња во нашиот систем на презимиња завршуваат на -ева/-ова и -е(в)ска/-о(в)ска [13]. Според наше мислење, но и според мислењето на другите македонски ономастичари [14], оваа специфика на македонското женско презиме треба да се чува, зашто е добро кога информацијата за родовата припадност ја носи и презимето, а не само личното име. Ваквата форма на женското презиме, како што може да се види погоре, кај нас е нотирана во наши ракописи кои се датирани во втората половина на VIII век. Овие податоци говорат за една подолга традиција во употребата на горенаведената форма на женски презимиња во Македонија. Употребата на машката форма на презимето за лица од женски пол сметаме дека се должи на еден вид помодарство и подражавање на еден презименски модел кој не е ниту во духот, ниту во традицијата на македонскиот антропонимиски систем, што во крајна линија значи и кршење на македонската јазична норма.
Со цел зачувување на женската форма на женското презиме во Македонија, можеби, во овој период кога се прави измена, дополнување и корекција на Законот за употреба на македонскиот јазик, е добро како одредба да влезе и женскиот облик на презимето, со кој би се надминала новата ситуација што ја имаме во овој поглед кај женските презимиња. Ако се согласиме со премисата дека онимите се своевидни споменици за културата како заеднички содржател на јазикот и идентитетот на еден народ, тогаш и категоријата презиме, иако понова во однос на преостанатите антропонимиски категории, претставува значајно и драгоцено сведоштво не само за јазично-историските процеси, туку и сведоштво за социјалните и за историските околности во кои се развивал тој. Оттука, грижата за неговото зацврстување и стабилизирање, особено во неговиот женски облик, треба да биде рамна на грижата што ја пројавуваме како народ спрема сите артефакти од нашето духовно културно наследство.

Елка Јачева-Улчар,
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје

Превземено од izlez.mk
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас ги носам и двете презимиња во женски род.

Од една страна се согласувам и со овој текст, но од друга страна не ги осудувам ни оние што го земале презимето на сопругот во машки род. Сепак познавам случај на Македонци кои не живеат во Македонија и кои имаа проблем поради презимињата затоа што мајката го носи сопруговото презиме во женски род, а ќерката во машки, па не им признаваа дека се во крвно сродство се додека не донесат доказ.

Во секој случај се согласувам дека треба да се донесе закон во врска со родовата определеност на презимето, без разлика како ќе звучи тој закон, но сметам дека сите Македонци треба да се определат кон едно, па во еден таков случај дури и да имаш некаде и некогаш проблеми со презимето ќе имаш "заштита" од твојата матична држава со закон и зашто е тоа така.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Мојата идна жена која ќе ми биде јас ќе бида иницијатор да го земе моето презиме но и да го задржи татковото презимер мислам дека така најдобро е и за мене но и за нејзината страна на семејството.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас би си го задржала своето презиме секако. Дали ќе го додадам на сопругот или не, има време ќе одлучам. Дури и децата кои ќе ги имам, би сакала да го носат моето презиме, независно дали ќе го имаат и презимето на таткото.
 
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
Од каде ли се појави потребата за кастрирање на мажот. Добро, толку ли е тешко во име на љубовта да се направи еден гест и да се промени презимето во тоа од мажот, да докажете еве пред сите дека го сакате и дека љубовта ви е над гордоста пред родителите (пошо реално освен ним на никому дриг не му е гајле за презимето)?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.130
Поени од реакции
21.765
Јас би си го задржала своето презиме секако. Дали ќе го додадам на сопругот или не, има време ќе одлучам. Дури и децата кои ќе ги имам, би сакала да го носат моето презиме, независно дали ќе го имаат и презимето на таткото.
А ако пример имаш женски деца и и тие така напредни и еманципирани као тебе кога ке дојди време да се мажат и по умот на мајката сакаат да го додадат своето презиме на презимето на мажот на што тогаш тоа би личело. Па уште и мажот да има дупло презиме( исто твој предлог и замисла) дури тогаш би било лудница.
Трајанка Петрова Костадинова Стефановска Крстевска Талевска.
Па после ова уште една генерација деца и оди запамти како се презиваше.
Така да јас разбирам да сте модерни и еманципирани ама тоа не ја оправдува нити кусогледоста нити глупоста на овој ајде да речам моден тренд. За додавањето на презимето на мажот во машки род е пак уште поголема глупост , а зошто е тоа така е објаснето во погорните постови.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
А ако пример имаш женски деца и и тие така напредни и еманципирани као тебе кога ке дојди време да се мажат и по умот на мајката сакаат да го додадат своето презиме на презимето на мажот на што тогаш тоа би личело. Па уште и мажот да има дупло презиме( исто твој предлог и замисла) дури тогаш би било лудница.
Трајанка Петрова Костадинова Стефановска Крстевска Талевска.
Па после ова уште една генерација деца и оди запамти како се презиваше.
Така да јас разбирам да сте модерни и еманципирани ама тоа не ја оправдува нити кусогледоста нити глупоста на овој ајде да речам моден тренд. За додавањето на презимето на мажот во машки род е пак уште поголема глупост , а зошто е тоа така е објаснето во погорните постови.
Ја разбирам твојата поента. Но за да не дојде до такви збрки, јас лично мислам дека децата треба да го превземаат презимето по мајката. Татко може да биде било кој, ама како што вика таа народната, една е мајка.

Нема ништо глупаво да одбереш како ќе се викаш. Уопште. Ниту пак земањето на презимето на мажот, ја докажува мојата љубов и почит кон него.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.130
Поени од реакции
21.765
Ја разбирам твојата поента. Но за да не дојде до такви збрки, јас лично мислам дека децата треба да го превземаат презимето по мајката. Татко може да биде било кој, ама како што вика таа народната, една е мајка.

Нема ништо глупаво да одбереш како ќе се викаш. Уопште. Ниту пак земањето на презимето на мажот, ја докажува мојата љубов и почит кон него.
Тука нема никаква врска љубовта туку традицијата, а кај нас тоа би значело дека жената кога ке се мажи влегува во друга фамилија и станува член на таа фамилија и со самото тоа го превзема презимето на таа фамилија. Ако е и покултурна или има осет и поштовање тогаш и на мајката и таткото на мажот ке им се обраќа со мамо и тато. Ако одиме во ситници и по некое непишано правило( затоа реков традиција) тогаш целиот имот го наследува машкото дете од фамилијата, додека женското како што реков оди во друга фамилија и таа се стекнува со имотот на машкото од другата фамилија. Ете затоа женското го превзема презимето на машкото и затоа децата го носат презимето на машкото или на другата фамилија а не по основа чие е детето. Како што реков традиција која е тесно поврзана со нецепкање на имотот. Сигурно си чула за зборот домазет и како тоа се доживува кај машката популација. Секако некогаш важеле други правила но и денес во овие модерни времиња не гледам причина да се менува традицијата иако нема некоја посебна врска со имотноправните односи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
За мексикански ресторан
Ја разбирам твојата поента. Но за да не дојде до такви збрки, јас лично мислам дека децата треба да го превземаат презимето по мајката.
Мислам се ставало едно време името на таткото. Ставре-Ставрев, Крсте-Крстев. Или од дедо. Главно од машка линија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom