Дечки, ајде едно советче за мене . Не е љубовен проблем, туку повеќе е како ситуација, за која ми треба совет. Значи на факс поминаа испитите и полагањата, а јас цело време преку е -меил бев во комуникација со една асистентка, мислам не само јас исклучиво, туку цела група,бидејќи ни праќаше матријали за учење, а ние и испраќавме семинарски . И сега претходниот викенд ме покани преку меил ко во стил да сме се виделе, ама она така ми го напиша тоа што јас помислив дека повеќе колеги заедно со неа ќе седнеме негде на кафе да си помуабетиме после испитот. Да напоменам дека јас сум онака социјален тип и покани за дружба ретко одбивам, знаат тие што доаѓаат на кајгана собиранките. А јас сум навикнат со професорки од школо, курс да излегувам онака на дружба без задни намери.Во основно додека одев на курс којзнае колку пати се собиравме со наставничката на кафе и сок . Со старата класна од средно и ден денес си одам на кафе и онака сеуште имам близок однос, иако пред 4 години матурирав.Така помислив дека и со оваа средба ќе биде, ама вечерта каде што бевме договорени да се чекаме јас мислев дека ќе дојдат и други колеги од група,ама бев само јас.
Доаѓа женава и ја гледам облечена во мало деколте и минич. Уште кога видов дека сум сам со неа и како е она облечена, сфатив колку е саат. Ама ајде се правев наудрен, да не испадне ете си правам филмови во глава, донесувам предвремени заклучоци . Кога веќе седнавме таа почна да прави муабет за факултетот, за испитот,бла бла како што всушност беше и целта на средбата. Кон средината на вечерта женава веќе почнува да прави послободни муабети што не доликуваат на однос асистент - студент. Ама ајде ја оставив,а сеуште се правев мутав и онака ладен намерно го задржував оној професионален однос како да сме во амфитеатар или во предавална. При крај на средбата асистентката почна да ми дава знаци меѓу редови , неколку погледи и насмевки, што би рекол Тошо Малерот ишарет ми дава бе батка. И на тоа остана, и се заблагодарив за средбата и поканата, и се разделивме секој кон својот пат до дома. Утре дента станувам од спиење, си мислам во себе, Никола ајде заеби плеткања со асистентки, шефици , директорки ... со таквите на крај може само да го јадеш, а плус реално ни ти не си по таквите. Така беше, таква одлука донесов, се додека денес не видам дека женава пак ми пишала на меил, парафразирам: многу убаво си поминала, прекрасен впечаток сум и оставил, дрн дрн јариња и дали би сакал да ја повториме средбата. Уфффф навистина не очекував дека повторно ќе ме покани. Уште и немам одговорено.
Мене сега што ми е недоумицата. Ситуацијата ми изгледа како да е меч со две острици. Ако одбијам, се плашам од таа моја реакција да не има последици по мојот академски живот, јас сум апсолвент ова ми е последен семестар и сакам да го поминам најлабаво што можам. Се плашам со моето одбивања да не удрам по една болна точка во академскиот свет,егото, па после таа мене да ми го загорчи животот на факултет. А од друга страна доколку направам нешто со нејзе, пак јас ќе бидам тој што ќе го извлече подебелиот крај. Не ми се плетка со асистентки. Искрено да не ми беше асистентка, би ја ебел, и те како. Затоа сум во недоумица и ми треба мала помош како да ја исхендлам целава работа. Доколку ја одбијам може и да не се случи ништо, секој да си продолжи со својот живот. Ама тоа неможам да го знам со сигурност . Многу ми е тешко да проценам, затоа што жените лично на мене ми се многу тешки за пробивање на нивните агенди. Дури неможам ни јас да проценам што всушност она сака од мене, само да ме легне, нешто повеќе или сосема десетто, врска немам .