Дечки, слушајте сеа што мака имам.
Забележав дека со едното око ми се дуплираат објекти, предмети, а, у, све тоа што гледам, и по препорака на една другарка отидов во приватна ординација во Аеродром, не ми ни текнува името. Госпожата таму ме прегледа и ми менуваше стакла на тие универзалните очила ама подобрување во видот немав и жената ги крена рамениците. Ми вика: Поима немам што ти е, ке те пратам во Воена болница таму има една докторка многу е добра и се разбира ептен.
Сето тоа почетокот на Декември.
У реду. На 20ти месецов бев во Воена па и таа таму не можеше да одреди што е, и ми рече да идам да ми направат/испитаат видно поле. После една недела помина и тоа, немаше ништо и
конечно докторката дава диоптер -1 цилиндар, ама
(ова е многу битно!) последните два реда од тие бројките не можев да ги видам ни со очила. Значи ако имаше 7-8 редови со бројки и букви, до третиот ред ги гледав без очила, со -0.5 гледав дополнителен еден ред, а со -1 гледав дополнителни два. И го кажав тоа и она вика: Па нормално е, 100% не може да се поправи видот со очила, секогаш е така. А со другото око ги гледам сите до крај.
Прашањето ми е (До тие што имаат очила): Дали е нормално дури и со очила да не можеш да ги видиш поситните букви на таа таблата што се закачени или пак ни докторката со докторат во Токио не ја бива па се заебава за да и помине работно време?
Друго прашање, дури одам по оптики да прашувам за цена на стакла, кажете ми отприлика која цена би била прифатлива за стакла и какви стакла т.е. со каква заштита би ми требале ако се знае дека поминувам време над книга (осветлено со неонка) и пред компјутер.
п.с. Ке се самоцитирам дури не ми одговорите