Матични лекари - промена на лекар, препораки, искуства

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Како да го сменам матичниот, а при тоа да немам контакт очи-во-очи со него? Затоа што се познаваме и приватно и ми е срам да му речам дека сакам да си го повлечам картонот од кај него.

Појди во Социјално.Направи копија претходно од здравствена книшка и ќе треба да потполниш барање кое ќе ти го дадат на шалтер бр.2.Јас денес бев и завршив работа.Многу брза постапка.Ќе ти дадат ливче едно и со него ќе одиш кај новиот матичен.

Туку кога сме веќе кај смена,имаш ли веќе друго место каде да одиш.И јас го сменив мојот доктор па барам нов некој добар,па затоа и те прашувам.
--- надополнето: 10 април 2013 во 03:56 ---
Тоа што е млад некој доктор не е критериум за неговиот квалитет, како ќе стекнуваме искуство ако сите пациенти размислуваат вака и одат стриктно кај постари колеги. Искуството се стекнува, а младите доктори имаат предност во одност на постарите со тоа што знаењето е и посвежо и помодерно. Конкретно за Медика Плус, ако мислиш на Д-р Ивановска, таа беше еден од најдобрите студенти во нашата генерација, и треба да има стекнато сосема доволно искуство до сега.
Не знам која беше.Не приметив.Инаку потполно се согласувам со тебе.Овие стариве доктори во последно време немаат ниту пракса ниту ништо.Би требало тука младиве да се во предност.Инаку оваа Др Ивановска има некоја настава посетувано надвор од Македонија или?
 
Како да го сменам матичниот, а при тоа да немам контакт очи-во-очи со него? Затоа што се познаваме и приватно и ми е срам да му речам дека сакам да си го повлечам картонот од кај него.
Ти кажаа како да направиш за да се одјавиш, ама треба да знаеш дека лекарот веднаш ќе дознае дека си се отпишал скришно, па да не ти биде понезгодно така штом се познавате и приватно.
 
Ти кажаа како да направиш за да се одјавиш, ама треба да знаеш дека лекарот веднаш ќе дознае дека си се отпишал скришно, па да не ти биде понезгодно така штом се познавате и приватно.
Јас да се оттргнам од него, па натаму не се замарам ;)
 
Има ординација во пензионерскиот дом во Аеродром, до ресторан Бисера, млада докторка ама многу спремна и способна. Мене ми е матична и презадоволен сум!
 
Некој да препорача докторка за матичен во Кисела Вода.Ми одговара и во болница Пролет бидејќи натаму поминувам кога одам на работа.
Значи битно е да има познавање од повеќе области,да открие можни инфекции итн,а не само да знае да пишува упати.Ќе ве замолам за ваш предлог и зашто сметате така.​
 
Како да извршам промена на матичен лекар и дали одјавувањето мора да се изврши кај ТАА што ми е матичен лекар или може и кај замената?
Како да го земам картонот од таму бидејќи ќе се префрлам во друга установа?
Дали има web страна со регистар на државни амбуланти?
 
оди кај новиот матичен, со самото тос што ќе те пријави кај него ќе те одјави од кај стариот.
 
Мене ме интересира,дали може да се бира матичен лекар на цела територија на Скопје, без разлика на општината во која живееш.....
 
Мене ме интересира,дали може да се бира матичен лекар на цела територија на Скопје, без разлика на општината во која живееш.....

Може.
 
Може директно во ФЗО да променам матичен стоматолог?
Притоа треба да знам кој ми е стариот и кој е новиот? или пак само се одјавувам од стариот и новиот ме пријавува?
Проблемот е што на електронската здравствена картичка не го знам пинот?
Можам тоа одма да го менам во ФЗО? Знам дека се плаќа 100 ден, ама ме интереисра колку брзо може да ми променат пин.
 
Јас како што разбрав,нема потреба да се одјавуваш,одиш кај новиот доктор и он аутоматски те одјавува и пријавува кај новиот:)
 
Секој од нас оди на лекар, без разлика дали тоа е матичен, стоматолог, кардиолог, гинеколог, уролог, психијатар...

Односот на докторот кон нас може да биде добар или лош, па поради тоа ние кажуваме дали сме задоволни или не од него.

Во денешно време тешко се наоѓа доктор кој ќе биде добар кон вас, ќе ве насочи на правиот пат и со сигурност ќе ве излечо.

Па вие кај кој доктор се лечите?
Дали сте задоволни од него?

Препораки за тоа кој лекар е добар, кој не... :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Многу ретко одам на доктор, во 7 години само 2 пати, од кој еднаш за активирање на електронската здравствена картичка. Така што немам изградено некој однос со мојот матичен лекар . :)
 
Иам матична која за се нешто дава цефалексин/амоксиклав. И препорачува супа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom