Не сум запознаена ниту со економијата во Сад, ниту со политиката, ниту со системот, ниту пак некогаш сум била таму или изразила желба за одење.
Да збориме за Европа. Да збориме за протестите во Бугарија, за оние во Италија кои не ги даваа на Тв пред неколку недели, за Словенија, за Украина. За местата каде веќе не се живее добро како некогаш или за местата каде секогаш се живее лошо. Кога народот се доведува во подолг временски период под заплашување, низок стандард и криманлна Влада тогаш тоаѓа до бунт. Не барај бунт онаму каде добро се живее. Погледни ја Грција, гори две години.
Така да реалноста вели дека не сум ни пионерка. Се разбира Македонецот исклучи го од муабетот, него мува не го лази за ништо, ќути има и полошо е девизата.
Во САД не се живее добро, ако на тоа мислеше Леандра. Инаку, исто како и ти, така и јас ниту сум бил во САД, ниту планирам да одам, но слушам одвреме навреме локални радио станици од САД преку Интернет во живо, и воопшто не слушам ништо за добро живеење, без разлика дали станува збор за сојузна американска држава во која мнозинството жители се либерали или конзервативци. И не само преку Интернет радио, туку и од устите на мои роднини кои живеат во повеќе делови низ САД, не слушам баш пофалби за добро живеење.
А кога сме кај Европа, па и таму целиот хаос е резултат на популизмот и басните кои евробирократите им ги продаваат на граѓаните на државите членки на ЕУ.
Како што граѓаните на САД го имаат американскиот сон, така и граѓаните на државите членки на ЕУ, вклучувајќи и државите кандидати за полноправно членство, меѓу кои спаѓаат и Македонија, Србија и Црна Гора, и потенцијалните држави кандидати за полноправно членство како Украина, го имаат европскиот сон.
Всушност, евробирократите веќе на големо ја раскажуваат нивната најнова басна наречена Соединети Европски Држави. Нели звучи тоа прекрасно ?
Цела Европа обединета во една федерација во која сите народи ќе живеат среќно во мир и хармонија.
Па и Советскиот Сојуз и Југославија беа федерации во кои народите живееја во мир и хармонија, но на крајот од 1980-те години и на почетокот на 1990-те години, се распаднаа.
Само има една квака во сето ова - за да веруваш во сонот, треба да го сонуваш истиот, а за да сонуваш треба да спиеш.
Без разлика дали името на сонот е Братство и единство, Светска Комунистичка Револуција или Светска Социјалистичка Револуција или Пролетери од сите земји обединете се, Една Европа или Соединети Европски Држави, сепак треба да го сонуваш за да веруваш во него, а за да сонуваш треба да спиеш.
Со други зборови кажано, сонот можеби ќе се претвори во рајски сон, но судејќи според примерите кои ти ги наброја, поголема е веројатноста да се претвори во кошмар, но европските народи ќе продолжат да го живеат тој кошмар со затворени очи, бидејќи и понатаму ќе спијат.
Граѓаните на истите тие примери кои ти ги наброја, воопшто не бараат реформирање на ЕУ или целосно напуштање на еврото и на ЕУ, туку бараат статус кво - тие да бидат привилегирани и да не мораат да ги платат своите долгови, туку останатите држави членки на ЕУ да ги платат нивните долгови, а истовремено да не прогласат банкрот, да не ја напуштат евро-зоната, да го задржат еврото како своја валута и да не ја напуштат ЕУ.
Со други зборови кажано, сакаат да продолжат да сонуваат и да живеат во истиот кошмар кој им го сервирала истата таа ЕУ.
Украина е презадолжена држава, која можеше да бира помеѓу прогласување банкрот или позајмување пари или од ЕУ или од Русија, бидејќи речиси никој друг не се понуди да и даде пари на Украина за да може економски да опстои уште неколку месеци, освен ако почне да штеди пари.
Судејќи според искуствата на државите свињи PIGS (Поругалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија, па дури и Кипар, кој воопшто не се соочуваше со должничка криза), украинската влада одлучи дека поисплатливо е да прифати заем од Русија, со која веќе има добри односи, отколку од ЕУ, од чиишто евробирократи од Брисел не знае што да очекува.
Русија и Евроазиската Унија, чиишто темели Русија се подготвува да ги постави, допрва ќе покажат и докажат на дело дали се вистинска алтернатива на ЕУ или не, поради што допрва ќе се дознае дали Украина постапи правилно со прифаќањето заем од Русија, наместо од ЕУ.
Но во реалност, никогаш не може да се очекува било што позитивно од било кој ентитет кој дава заеми на било кого. Долговите никогаш не придонесуваат за било што позитивно, напротив, само ја влошуваат состојбата.
Единствено долгорочно решение за Украинците е да ги намалат непотребните потрошувања и да почнат да штедат, а истото важи и за нас Македонците, ништо нема да не чини да се откажиме од некои непотребни споменици и административни згради кои сеуште не се изградени, ништо нема да не чини да го укинеме бесплатниот автобуски превоз за пензионерите и да го замениме со поевтин месечен билет не само за пензионерите, не само за основците, средношколците и студентите, туку и за сите млади на возраст до, да речеме 26 години, како и откажување од ред други тотално непотребни глупости кои ни се случуваат.
Слично е и кај гејците, ништо нема да ги чини да се откажат од 200 евра бонус за доаѓање на работа со тазе измиени раце.
Истото важи за сите држави на европскиот континент кои се соочуваат со должнички и економски кризи, задолжувањето не е решение на проблемот, туку само додава масло на огнот.
Разликата помеѓу ЕУ и Русија е во тоа што евробирократите се многу попаметни и повешти во искористувањето на задолжувањата за да постават свои марионетски режими во презадолжените држави, кои само дополнително ќе ги задолжуваат сопствените граѓани за да се одржи во живот пропаднатиот проект наречен евро валута.