Титулата беше решена уште во март,за какво колење збориш ? Во купот отпаднаа директно од Баерн..
Остана само ЛШ .Но,тогаш Дортмунд беа од сите отпишани во двобојот против Реал.Не заборавај и дека не се знаеше ништо ни за Баерн.Играа против моќната Барселона,од мнозинството отпишани бевме.
Трансферот не беше пред финалето,трансферот беше пред полуфиналињата.
Да не запнеле Сити толку брзо,немаше да настане калакурница.
Сакаш да кажеш дека не ве сметаат за конкуренција сезонава и затоа го пуштија Мата кај вас ? А другата сезона,а после неа ?
Каде е логиката тука ?
Леверкузен не го пуштија Видал во Баерн за повеќе пари,туку го пуштија во Јуве за помалку пари.Леверкузен е поконкурентен од Челзи ?
Челзи не е можеби arch ривал на Манчестер,ама тука некаде е.
Не знам што се случува во Англија,не верувам дека ќе палат дресови и слични работи бидејќи и навивачите самите не знаат на која страна да застанат.Затоа ми делува трансферов дека испадна лесен како сутлијаш.
Од една страна Мата беше џони баба во претходните две сезони,а оваа дубока резерва.Мнозинството му веруваат на Мурињо,останатите беа за Мата да остане.
Мене ми е прашањето зашто сметате дека Дортмунд е лут ривал на Баерн а вас Челзи само конкурент ?