Убава тема отворивте, не можев да одолеам да не учествувам. Имено ми прави проблем дизајнот на Login формата на мојата апликација. Се зафатив да ја нацртам во Photoshop и ја нацртав, мислам дека убаво изгледа,а? Е сега полињата за внес на username и password не сакам да бидат обични бели полиња туку онака фенси како што ги замислив. Го исецкав дизајнот и сега го пренесувам во CSS. Проблем ми прават textbox-овите никако не можам да ги позиционирам каде што треба да бидат, кај сликичките наменети за тоа. Како што можете да видите на сликата, ништо живо textbox-от не сака да оди лево од таа позиција на која се наоѓа. Нов сум во оваа работа, ова ми е прво искуство со CSS, па можда решението е едноставно ама едноставно не го знам.
Што се однесува до кодот:
<div class="LoginForm">
<div class="loginTextBoxDiv1">
<input class="loginbox" name="username" type="text" />
</div>
<div class="loginTextBoxDiv2">
<input class="loginbox" name="username" type="text" />
</div>
</div>
и класите:
.LoginForm
{
width:484px;
height:283px;
background-image:url('../Images/loginForma-pozadina.png');
background-repeat:no-repeat;
margin-left:auto;
margin-right:auto;
margin-top:30px;
}
.loginTextBoxDiv1
{
margin:0;
height:42px;
width:245px;
background:url('../Images/loginForma-textBox.png') no-repeat bottom;
padding-left:350px;
padding-top:50px;
}
.loginTextBoxDiv2
{
height:42px;
width:245px;
background:url('../Images/loginForma-textBox.png') no-repeat bottom;
padding-left:350px;
padding-top:20px;
}
Однапред благодарам ако се најди некоја добра душа да го реши овој проблем.