Јас се чудев кога ве читав како го тролате Бонучи, искрено да не ве читав ќе мислев дека тој ви е далеку подобар штопер од Барѕаљи ..
А Ранокија е во тим каде веќе 2-3 години нема никаква работна атмосфера, кој играч напредувал во Интер последните неколку години или ја подигнал својата игра ? (освен Паласио

) .. затоа мислам дека не е толку до Ранокија колку што е до тимот, освен психичкиот проблем рака на срце, многу е и спор, не е лесно во три години да работиш со 5-6 различни тренери .. според мене, за него идеална дестинација е Наполи или па Фиорентина за да си јаврати формата, него му потребно да оди во тим кој победува, тим кој не прима голови и носи резултати, така Ранокија би го надминал проблемот со психата што го има
BTW, романисти утре е можно Бориело да ги мине лекарските прегледи во Вест Хем
Полека се ослободивме од сите тролови, ги позајмивме младите играчи, чекор по чекор се гради одличен тим, се прави простор за летниот трансфер период кога ќе треба да го дадеме завршниот удар кога е во прашање силна Рома

.. не е исклучено одење на нкои играчи кои и моментално играат(за да се донесат подобри) .. со самото заминување на Бурдисо и Бориело заштедуваме 7-8мил само од плати .. еве сега читам од веродостоен извор, оној кинезот ќе купи дел од акциите на Уникредит, а тоа значи додатни 100мил во тимот, гаранција дека ќе бидеме финансиски добри, тука се и оние минимални 30мил од ЛШ плус околу 15-20мил по сезона од Најк и главниот спонзор на дресовите, пари кои оваа година ги немавме, пари кои беа покриени од трансферите на Ламела,Освалдо и Маркињос, тоа се околу 80мил. од кои дури успеавме и да се засилиме, а и како што кажав да покриеме дупките .. наредната сезона доколку го освоиме Купот, ќе имаме и ѕвездичка на дресовите, а тоа значи поголема продаваност, исто така и Најк како спонзор ќе ни ја зголеми продаваноста, оргинал дрес од Најк на некој фудбалски клуб лесно може да се најде, продавница на Капа во која има дрес на Рома можеби постоеше само во Италија xD
И како што гледате стадионот ни е се повеќе полн од утакмица на утакмица, со Јуве во 1/4 финалето имаше околу 65-70 илјади, што е рекорд оваа година, заработката пд карти беше 1.7мил. евра, штета што капацитето на стадионот ние намале од 82 000 на 71 000, али за брзо време треба да почне да се гради и новиот, тогаш дури ќе бидеме финансиски премоќни.
Морам да ја пофалам целата работа на американците, две години отидоа во ку*ац, беше Балдини поставен како генерален директор, никој не мислеше дека ќе испадне толку голем флоп, јас лично премногу верував во него, толку години работеше во Италија и незнам како пресмета дека со Луис Енрике ќе прави нова Барса или па со Земан ќе имаме ултра офанзивен тим кој ќе гази се пред себе .. е кога Сабатини остана сам мислев ова е крајот на Рома, немав доверба во човекот посебно кога слушнав дека некој си Руди Гарсија ќе го преземе тимот, НО полека видовме дека Сабатини е човекот кој ја препороди Рома по одењето на Балдини, презема сам СЕ во свои раце, донесе тренер кој незнам како ама ептен ни се погоди, незнам дали е тоа среќа или умешност на Сабатини, битно испадна кец на десетка, се сеќавам пред да си оди Бладини сакаше да го донесе Блан, а Сабатини уште тогаш притискаше за Гарсија .. по донасањето на Гарсија заеднички направија одличен избор на играчи, Гарсија знаеше точно што сака, со лимитиран буџет и продажбата на најскапите, составиа конкурентен тим .. се надевам договорот ќе му биде продолжен, во Италија е моментално најплатен спортски директор, но си вреди човекот, па покаќувањето му е сосема заслужено.
Scirea извини вака што реплицирањето за тебе го злоупотребив, едноставно така ми дојде