G
Geezer
Гостин
Toчно е дека се прави тим за наредна сезона, јас верувам во тоа. И сигурен сум дека Челзи ќе биде многу подобар тогаш, за разлика од сега. Не дека сега сме лоши, но сепак имаме некои ситници кои треба да ги подобриме.
Морам да изразам задоволство од направените два трансфери зимава:
Матиќ - да бев јас дел од клубот исто би играл на оваа карта. Фантастичен фудбалер. Изминативе две години многу почесто ја пратам португалската лига, напредокот на Матиќ е извонреден. Одличен во дефанзива, многу добро ја чита играта, знае кога да направи сец-фаул, а да не добие картон. Силен, може многу да истрча и одличен во воздушни дуели. Солиден е и во напад, знае да даде добар пас, знае и да даде по некој гол.
Некои негодуваа зошто сме го купиле повторно, а сме го продале пред две и пол години. Мене тоа не ми претставува проблем, во тоа време можеби некој не го приметил потенцијалот во него и згрешил. Мислам дека во тоа време Арнесен беше човекот, затоа и повеќе не е дел од управата. Зошто да не ја поправиме грешката? Плус, не беше пуштен ради-реда, туку беше дел од трансферот на Давид Луиз.
Имаме премногу играчи во средина? Јас преферирам квалитет пред квантитет. Да видиме вака.
Микел е солиден, но не е нешто претерано добар. Еден натпревар знае да изигра на високо ниво, на друг натпревар знае да се изгуби. Фудбалер со ограничени способности. Понатаму, Лампард. Неприродна позциција за него е таа пред дефанзивната четворка, исто така знае да изигра добар натпревар, а потоа на наредните да се изгуби. На таа позиција, Лампард нема константност. Луиз, имаше добри партии неколку пати сезонава, ама сепак не можеме да се потпреме на него, знаеме за каков играч се работи. Есиен сега ни замина, Ван Гинкел е повреден.
Единствен вистински квалитетен играч кој го имаме на таа позиција е Рамирес. Во Матиќ, Рамирес добива квалитетен играч покрај него. Видете во Сити, Туре е уште подобар од лани, затоа што го има до него Фернандињо, а не Бери.
Србинов е идниот лидер на тимот, освен моево мислење за него, прочитав по некои странски форуми и други луѓе кои се воодушевени од неговиот подем и од неговите квалитети.
Салах - за 11 милиони, топ засилување. Овој ќе биде иста приказна како Вилиан. Сите бевме по малку скептици за Бразилецов, ама испадна дека е страшен фудбалер и дека не е донесен во Челзи безврска, намерно само колку да се заебе Тотенхем. Салах е разновиден фудбалер, може да игра и како шпиц, може да игра и како плеј позади напаѓачите. Ма да, по десно крило е најефективен. Мурињо во Салах го гледа Робен. Десно крило со страшна левица. Трансферов е добар и од друг, маркетиншки аспект. Во Египет ќе добиеме повеќе фанови, а и ќе се продаваат дресови и слични куропецалки ко алва.
Де Брујн и Есиен. За првиов и не ми е криво. Испадна обичен мекуш, многу ме потсети на Горкуф. Кој беше најавуван како новиот Зидан, газеше во Бордо. Отиде во Милан, го седнаа на клупа, не се покажа и после бараше трансфер во помал клуб, Лион. Мислам дека Де Брујн е добар играч, ама после неговиот избор Волфзбург, повеќе ми стануваат јасни некои работи. Нека му е со среќа, па дај Боже да ме демантира некогаш.
Есиен, своевремено најдобриот играч во средниот ред. Пред да го заредат повредите. Секогаш ќе ги паметам моментите кога со тројца играч на грб знаеше да истрча во контра и да постигне гол или асистира. Класиците против Арсенал и Барселона не верувам дека некој некогаш ќе ги заборави.
Тимот за наредна сезона, се надевам и навивам да ни изгледа вака:
----------------------------Чех/Куртоа-------------------------------------------
------Азпи/Бане-------Кејхил/Зума------Луиз/Тери----------Шо/Кол
-----Матиќ/Микел/Лампард---------Рамирес/Ван Гинкел/Чалоба----
----Вилиан/Салах-------Оскар/Баркли-------------Хазард/Шурле------
----------------------Лукаку/нов напаѓач/Бемфорд-------------------------
Чех и Куртоа сигурно нема заедно да бидат во тим. Или еден, или друг. Ќе биде тешка одлуката, се надевам дека ќе ја донесат вистинската. Зума како потенцијално засилување кое го посакува баш Мурињо. Или пак можеби ќе влета некој од Калас/Омеруо, тоа би било исто така добра опција. Шо како долгорочно решение за левата бековска позиција. Најдобриот англиски лев бек, со идниот најдобар англиски бек. Ако се тече како што треба. Бидејќи Ромеу изјави дека сака и наредна година да игра во Валенсија, би било добро Чалоба да биде дел од тимот, без праќање по позајмици, да добива минутаќа во купови и помалку битни натпревари.
Баркли, ех. Ако ми го донесат него, тогаш мислам дека се ќе им заборавам. Неверојатен потенцијал, некоја мешавина на Лампард и Џерард. Може да игра насекаде во средниот ред, може и да игра позади напаѓачите. Брз и пробивен, физички силен и со фантастичен шут. А, ние шутери скоро и да немаме после Лампард.
Околу напаѓачиве, Лукаку го враќаме назад, купуваме некој proper striker што би рекле Англичаниве, а како трета опција цепаме со Бемфорд. Дечково растураше во МК Донс, сега гледам дека одлично се адаптираше во Дерби. Подобро тој, отколку да ги гледам Торес и Ба како се влечат по терен.
Пиазон и Хазард би можеле исто дака да бидат дел од тимот, но според мене подобро би било уште една сезона да останат на позајмици, да се искалат што би рекле стручњациве на форумов, па потоа да видиме што и како со нив. Да, истото важи и за малиов Траоре.
Рано е да се зборува за наредна сезона, знам. Но, кога веќе Мурињо ја зачна таа тема, реков и јас да напишам нешто за тоа.