Прво ние не сме држава, туку глумиме држава, зошто јас реално незнам каде завршува државната граница во западна Македонија и делови од Скопје.
Како еден работник кој цел живот зема плата не поголема од 250 евра ќе отвори фирма и ќе тера бизнис тука или на страна? потребни се пари, ресурси, капитал врски. Неможе сите да бидат газди, некој мора да вози автобус, некој мора леб да пече...... и кога веќе имаме таква ситуација тие работници треба и заслужуват подобри услови и подобра плата, како да се изборат за условите, синдикат нема, ако излезеш на протест си педер, комуњар предавник хулиган и јадеш пендрак.... се сложувам дека и народот е пасивен, тоес се зависи од поединецот, и кога поединецот станува доволно свесен и се спротистави, ликвидиран е по брза постапка, за жал така фунционират работите тука...
Нема пари е изговорот стандардот ни е низок, на плата од 300 евра 100 одат за државата, зошто Груевски не се откаже од тие пари или барем од поголемиот дел од нив, стопанството рани армија администрација (партиско јадро) со останатите пари владата прави рингишпили споменици бродови со клима уреди, фрла милиони, краде милиони...
За што одат парите кои хипотетички од мојата плата одат за платени придонеси, здраствено пензиско итн, кое државно здраство го имаме? јасна е ситуацијата, само некои се прават дека не гледат или така им чини, трендот на иселување на млади работоспособни лица продолжува, лугето бегат од државата кој како се снајде, ајде па може еден ден ке останат толку малку па ке нема невработени и конкуренција на пазарот на трудот и проблемот ке се реши
И околу партиите и власта некој член претходно спмна за избор, тоес за кого да гласаме, во нашата ситуација лугето треба да гласат најизменично, дај му мандат, ако не ги бива по две години турни ги од власт, истото направи го и со наредниот, се додека кукаме „нема друг„ и оставаме по 10 години да не молзат едни исти луге не очекувајте дека ке им биде гајле за народот..