Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе исти се, ај тогаш овие да ги оставиме 100 години на власт :facepalm:

И едната и другата страни е исти ...каде прочита да оставиш некого уште 100 години ? ( треба двете да си одат и да се сменат е муабетот ) али ок ти си знаеш
 
И силна опозиција ке ја заврши работата а не како сегашната што освен пискање друго нема...еден конструктивен предлог немаат..све им се сведува на препукавање мафтање со листови и мрчење една иста песна со години ...крајно време опозиција како опозиција да се концепционира без излитени и глупи финти, без галамење и дебатирање кој што носел од кај собрал и зашто ..

Дај еден пример, на било која држава во светот во која власт (која дејствува дефакто како движење) била сменета со конципирање на опозицијата.
 
Eпа нека продолжат да мафтаат со празни листови, на расправа за закон за медиуми нека дебатираат за тендер и нека седат у опозиција уште барем 2 мандата додека другите собираат стручно.
 
Прво ние не сме држава, туку глумиме држава, зошто јас реално незнам каде завршува државната граница во западна Македонија и делови од Скопје.
Како еден работник кој цел живот зема плата не поголема од 250 евра ќе отвори фирма и ќе тера бизнис тука или на страна? потребни се пари, ресурси, капитал врски. Неможе сите да бидат газди, некој мора да вози автобус, некој мора леб да пече...... и кога веќе имаме таква ситуација тие работници треба и заслужуват подобри услови и подобра плата, како да се изборат за условите, синдикат нема, ако излезеш на протест си педер, комуњар предавник хулиган и јадеш пендрак.... се сложувам дека и народот е пасивен, тоес се зависи од поединецот, и кога поединецот станува доволно свесен и се спротистави, ликвидиран е по брза постапка, за жал така фунционират работите тука...
Нема пари е изговорот стандардот ни е низок, на плата од 300 евра 100 одат за државата, зошто Груевски не се откаже од тие пари или барем од поголемиот дел од нив, стопанството рани армија администрација (партиско јадро) со останатите пари владата прави рингишпили споменици бродови со клима уреди, фрла милиони, краде милиони...
За што одат парите кои хипотетички од мојата плата одат за платени придонеси, здраствено пензиско итн, кое државно здраство го имаме? јасна е ситуацијата, само некои се прават дека не гледат или така им чини, трендот на иселување на млади работоспособни лица продолжува, лугето бегат од државата кој како се снајде, ајде па може еден ден ке останат толку малку па ке нема невработени и конкуренција на пазарот на трудот и проблемот ке се реши

И околу партиите и власта некој член претходно спмна за избор, тоес за кого да гласаме, во нашата ситуација лугето треба да гласат најизменично, дај му мандат, ако не ги бива по две години турни ги од власт, истото направи го и со наредниот, се додека кукаме „нема друг„ и оставаме по 10 години да не молзат едни исти луге не очекувајте дека ке им биде гајле за народот..

Држава сме, признаени сме како таква во ОН. Доста кривиме некој други ние сме криви што неможеме ред да воспоставиме врз цела територија.

Има многу што започнале бизниси со речиси ништо. Има начини ако се сака.

Работниците и условите кој ќе ги добијат до некој степен се диктирани и од климата во државата. Значи во МКД имаш 30% невработеност. Неможе да очекуваш бог знае што, тука се знае моќта е во работодавецот. Во Австралија имаш 6%, тука е обратно, ако ми дојде вработен утре и ми побара покачување сигурно ќе размислам убаво пред да кажам не. Треба да сме свесни и реални како работи светот.
 
Дај еден пример, на било која држава во светот во која власт (која дејствува дефакто како движење) била сменета со конципирање на опозицијата.

Не е разбирливо твоето тврдење. Те молам појасни со пример.
Инаку секаде вообичаено (често) власта и опозицијата на избори ѓи менуваат местата
Не го разбирам изразот „ власт (која дејствува дефакто како движење) “
Зарем нашиве партии имаат некој одлики по кои се резликуваат од вообичаените граѓански партии?
 
Eпа нека продолжат да мафтаат со празни листови, на расправа за закон за медиуми нека дебатираат за тендер и нека седат у опозиција уште барем 2 мандата додека другите собираат стручно.

Како што тргнале, уште доста подолго од два мандата ќе седат во опозиција. Ама не затоа што мафтаат со празни листови, расправаат за тендери или немаат програма. Туку затоа што ја губат базата. Преспаа едно од најголемите (можеби и најголемо) идеолошки редефинирања што му се случиле на еден народ во последниве 3-40 години.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 17:01 ---
Не го разбирам изразот „ власт (која дејствува дефакто како движење) “
Зарем нашиве партии имаат некој одлики по кои се резликуваат од вообичаените граѓански партии?

Тоа е и повеќе од очигледно. Нешто слично се случува и во Унгарија, Русија, Турција, се случуваше и во Украина. Украина е битна држава за германските интереси и сите може да видиме на кој начин избраа да го рушат Јанукович.

Се друго е залудно. Заев ќе ја враќа средната класа, па Груевски ќе зголеми минимална плата и ќе му го дигне концептот во воздух. И така до недоглед.
 
И едната и другата страни е исти ...каде прочита да оставиш некого уште 100 години ? ( треба двете да си одат и да се сменат е муабетот ) али ок ти си знаеш

Како и двете да си одат , зошто да не му се даде шанса на Заев ? Ти ако избираш од Велес и Струмица кај да живееш кој град ќе ќе избереш ? 90 % од Македонците би ја избрале Струмица.Или избор меѓу Кратово и Струмица, Прилеп и Струмица , итн, итн ....
 
Мислам дека дека Заев до некаде е во сенка на Бранко и затоа не би го подржал во ова... а како градоначалник секоја чест за сработеното, еден од ретките за кои би било голема штета да биде сменет .
 
Тие кој се „ љубители “ на Струмица треба да знаат дека таму ставаат лисици на колите за да „ стопанисуваат “. Не бидете наивни
 
Како што тргнале, уште доста подолго од два мандата ќе седат во опозиција. Ама не затоа што мафтаат со празни листови, расправаат за тендери или немаат програма. Туку затоа што ја губат базата. Преспаа едно од најголемите (можеби и најголемо) идеолошки редефинирања што му се случиле на еден народ во последниве 3-40 години.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 17:01 ---

Тоа е и повеќе од очигледно. Нешто слично се случува и во Унгарија, Русија, Турција, се случуваше и во Украина. Украина е битна држава за германските интереси и сите може да видиме на кој начин избраа да го рушат Јанукович.

Се друго е залудно. Заев ќе ја враќа средната класа, па Груевски ќе зголеми минимална плата и ќе му го дигне концептот во воздух. И така до недоглед.
Или па некој друг фати време на ефтини кредити. Се можеме да претпоставуваме, само зависи како ја вртиш водата.
 
Она што јас го гледам како општествена промена во Европа во последниве децении е силно политичко влијание на пензионерите.
И тука е ВМРО многу по вешт од останатите
Но пензионерите не се општествена формација која може да го движи општеството напред. И тоа „ ќе пукне “
Инаку поимот „ средна класа “ никогаш немал исто значење а денес се прашувам што е тоа?
 
Ефтини кредити во време на светска финансиска криза? Кредитите до 2009 беа многу, многу поефтини. Ама некој друг не можеше да ги добие. :D
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 17:44 ---

Не се само пензионерите во прашање. Прашање е умешност да бидеш истовремено и партијата која крупниот капитал ја сака на власт и партијата која најсиромашните ја сакаат на власт. И партијата која коалицира со Србите, и партијата што соработува со Бугарите. Тука веќе идеологијата оди во стоти план. И против такви партии нема програма. Најтипичен пример е јапонската ЛДП. Добри 60 години се на власт, со два до три кратки прекини.
 
Kaj нас нема крупен капитал, а сиромашните го мразат Бранко кој наводно „ ги затворил фабриките “
Во Јапонија LDP e граѓанска политичка партија со десна оријентација која во почетокот е помагана од ЦИА за да ги победи Japan Socialist Party и Japanese Communist Party
Ова можеш да прочиташ овде.
http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_the_Liberal_Democratic_Party_(Japan)
Нашиве партии не се такви
Тоа е исто да се рече: видела жабата да коњите имаат потковици и....
 
Мислам дека дека Заев до некаде е во сенка на Бранко и затоа не би го подржал во ова... а како градоначалник секоја чест за сработеното, еден од ретките за кои би било голема штета да биде сменет .

Па ако е во сенка на Бранко изгледа не му смета таа сенка да го направи Струмица блиску до модерен европски град со развиени села во околината. Или си паднал и ти на пропагандата на Курир, Сител , Прес 24 и другите гомнарски портали и телевизии.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom