Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Тие што неможат да испливаат ќе се удават. За жал нема убав крај, ова е сепак балкан.

Фер и демократски е да ти даде право да гласаш. Ти го дал. Ако ти се плашиш и подлегнуваш на уцени тогаш си дел од системот и со тоа проблемот. Нема лутење ако си се продал нема што да се лутиш. Тешко е на гладен да му продаваш правда и патриотизам за жал 30 години веќе не осиромашуваат за да дојдеме до ова дереџе. Има уште маст, јас мислам уште 10тина години има во нас, потоа ќе биде малку поразлично ваљда.

Иначе се уште не ама за 10 години сигурно отидовме у три лепе...

Нема спас. Веќе виден филм. Ако сакаш да знаеш како ќе заврши проучи ги малку повеќе Филипините. Тотално исто срање сме со нив со тоа што таму има повеќе народ и се малку постара демократија од нас...

Еве како таму им се деси народ... Почнаа со мали демонстрации во 1983 за да кулминира во ЕДСА 1986та...

EDSA_Revolution_pic1.jpg

22.jpg

edsa-revolution-dos.jpg%3Fw%3D800

edsa1.jpg

edsa-revolution.jpg
Каква е сега состојбата таму? Јас многу малку знам за нив искрено.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 15:50 ---
De de, kazi koj da go stavime na kormiloto,ajde da vidime...
Ќе се најде некој, кешки нека биде до тоа. Како и да е, тебе нема да те ставиме сигурно :)
 
Викаш сите да бидиме газди а? Ти текнува на 300 филмот ко беа со ниет да се борат занаетчии заедно со професионални војници? Не може и не сака секој да биде газда а газдите треба да има кој да ги контролира.
Јас не знам начин ама има луѓе што тврдат дека знаат па нека решаваат.

Законите треба да ги регулираат фирмите и заштитуваат вработените. Минимална плата е еден од тие закони. Нема што некој да ги контролира газдите. Со таква контрола на крај ќе нема ни газди а со тоа ни работа.
 
Паа.. да речеме дека не мислев баш на фер и демократски избори него на нешто сосема друго. Ако на пример народот се согласи да не излегува на избори т.е. да штрајкува се додека не се изгласа нова власт, некоја која навистина би ги задоволила неговите потреби, би се осврнала пред се на него, а после на се друго и која би ги казнила соодветно претходните... Или пак евентуална побуна.. Има креативност и начини ако веќе треба нели да дојде до тоа.
Ако се сака се се може.

Да но знаеш како сме ние Македонците, и 80 % да се согласни денес дека ќе се кренат на бунт и ќе ја рушат владата, утре пред избори 40 % од нив ќе одат да гласаат и ќе речат, абе јас да си гласам мене да ми е арно да ме стават на позиција па што ме интересира за другите. Националната свест е на многу лошо ниво, повеќето глдаат само нив сега да им е добро . А тие што сакале да сменат нешто и ете во мојот пример 40 % разочарани веќе започнале да си заминуваат од државата.
 
Тука условите се прекрасни за отварање фирма и секој со бизнис идеа без никаков проблем може кога сака да си отвори фирма и да купи стари машини и да стане газда......:cool:

Ќе се изненадиш ама во главно условите се ОК. Не е МКД толку страшна дестанација за бизнис налет тоа што се збори на тв и од едната и од другата страна. Ние како држава сме мал пазар и треба дозвола (знаеме од кого) за да влезеш и продаваш (правиш ситни пари) во МКД ама затоа никој не те дира ако извезуваш (правиш вистински пари). Не е се така трагично.
 
Најинтересното е што некои помали политички партии имаат многу добар план само немаат доволно луѓе да ги слушнат.
Но незнам некоја држава каде трета или четврта опција дошла на власт така од никаде. Скоро секаде во светот е истото има две кои си се менуваат.

Колку и да имаат добар план тоа не значи дека ќе го спроведат. Потребни се социјални немири и насилно туркање од власт како за пример до сите останати и тоа повеќе пати, таква организација треба. Се додека мирољубиво се гледа од страна нема да се случи промена на тенденцијата за курчење со туѓи пари, промената се случува под притисок секаде во природата :D
Да се потсетиме на моменталната ситуација: "Dođu, tako, vremena, kada pamet zašuti (и често работи за мизерни 8000 и помалку), budala progovori, a fukara se obogati !
 
зависи кои газди. Скоро ниеден од нив не купи ништо од свои пари, си ги присвои насилно (т.н. "законски") преку уцени кон вработените или преку проневери на општествениот капитал. Оние што купија, ги купија за 1 марка. Тие се сеа почитувани бизнисмени. Едноставно, крадење од народот кому сега му продаваат пуфки дека преку минималец се грижеле за негово добро. Минималец за кој сме критикувани од ILO и за начинот на пресметка и за ажурирањето.

Таа приватизација беше најголем грабеж што ни се случи. Ко на дивиот запад на времето кога трчале кој да боцне знаме и да земе парцела... Тоа ти е, ја водеа и двете опции и еве до кај дојдовме. Сега е веќе касно што е тоа е и мора да се иде напред некако.
 
Да но знаеш како сме ние Македонците, и 80 % да се согласни денес дека ќе се кренат на бунт и ќе ја рушат владата, утре пред избори 40 % од нив ќе одат да гласаат и ќе речат, абе јас да си гласам мене да ми е арно да ме стават на позиција па што ме интересира за другите. Националната свест е на многу лошо ниво, повеќето глдаат само нив сега да им е добро . А тие што сакале да сменат нешто и ете во мојот пример 40 % разочарани веќе започнале да си заминуваат од државата.
Затоа реков дека се надевам дека се помалку ќе има истомисленици како валволин. Голем дел од нив размислуваат исто како него. Затоа сме до ова дереџе дојдени. Ако има сложност помеѓу населението и ако се сака се се може. Проблемот е што го нема. Проблемот е баш она што ти го опиша погоре. Но, има надеж. Барем за мене, надежта последна умира секогаш. Уште не е крај, уште ништо не е готово. :)
 
Каква е сега состојбата таму? Јас многу малку знам за нив искрено.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 15:50 ---

Ќе се најде некој, кешки нека биде до тоа. Како и да е, тебе нема да те ставиме сигурно :)

Ќе те разочарам подобро не прашувај. Не е само да ги тргнеш (го тргнаа Љубчо) него треба и соодветни замени. За да има соодветни замени треба македончето да прерасне во МАКЕДОНЕЦ. Тоа фаќа време. Некаде повеќе некаде помалку.
 
Додека имаме левица и десница заинтересирана за крадење и само крадење и главната борба е кој да дојде на ред да краде нема никогаш да мрднеме (реално да мрднеме) ...гледаме секојдневно како се препукуваат кој колку собрал со докази и пак ќутиме за да утре ако гласаме едната или другата страна ни фрлат нешто .. крајно време е трета опција да никне а народот да се разбуди и да го крене гласот... државава каква и да е на народот е ! а не на бате Бране и Грујо .
 
За 3та опција требаат 100тина милјони евра. Законот е направен за да неможе да има трета опција. Тој филм нема да го гледате.
 
За 3та опција требаат 100тина милјони евра. Законот е направен за да неможе да има трета опција. Тој филм нема да го гледате.

И силна опозиција ке ја заврши работата а не како сегашната што освен пискање друго нема...еден конструктивен предлог немаат..све им се сведува на препукавање мафтање со листови и мрчење една иста песна со години ...крајно време опозиција како опозиција да се концепционира без излитени и глупи финти, без галамење и дебатирање кој што носел од кај собрал и зашто ..
 
Ќе се изненадиш ама во главно условите се ОК. Не е МКД толку страшна дестанација за бизнис налет тоа што се збори на тв и од едната и од другата страна. Ние како држава сме мал пазар и треба дозвола (знаеме од кого) за да влезеш и продаваш (правиш ситни пари) во МКД ама затоа никој не те дира ако извезуваш (правиш вистински пари). Не е се така трагично.

Прво ние не сме држава, туку глумиме држава, зошто јас реално незнам каде завршува државната граница во западна Македонија и делови од Скопје.
Како еден работник кој цел живот зема плата не поголема од 250 евра ќе отвори фирма и ќе тера бизнис тука или на страна? потребни се пари, ресурси, капитал врски. Неможе сите да бидат газди, некој мора да вози автобус, некој мора леб да пече...... и кога веќе имаме таква ситуација тие работници треба и заслужуват подобри услови и подобра плата, како да се изборат за условите, синдикат нема, ако излезеш на протест си педер, комуњар предавник хулиган и јадеш пендрак.... се сложувам дека и народот е пасивен, тоес се зависи од поединецот, и кога поединецот станува доволно свесен и се спротистави, ликвидиран е по брза постапка, за жал така фунционират работите тука...
Нема пари е изговорот стандардот ни е низок, на плата од 300 евра 100 одат за државата, зошто Груевски не се откаже од тие пари или барем од поголемиот дел од нив, стопанството рани армија администрација (партиско јадро) со останатите пари владата прави рингишпили споменици бродови со клима уреди, фрла милиони, краде милиони...
За што одат парите кои хипотетички од мојата плата одат за платени придонеси, здраствено пензиско итн, кое државно здраство го имаме? јасна е ситуацијата, само некои се прават дека не гледат или така им чини, трендот на иселување на млади работоспособни лица продолжува, лугето бегат од државата кој како се снајде, ајде па може еден ден ке останат толку малку па ке нема невработени и конкуренција на пазарот на трудот и проблемот ке се реши

И околу партиите и власта некој член претходно спмна за избор, тоес за кого да гласаме, во нашата ситуација лугето треба да гласат најизменично, дај му мандат, ако не ги бива по две години турни ги од власт, истото направи го и со наредниот, се додека кукаме „нема друг„ и оставаме по 10 години да не молзат едни исти луге не очекувајте дека ке им биде гајле за народот..
 
И силна опозиција ке ја заврши работата а не како сегашната што освен пискање друго нема...еден конструктивен предлог немаат..све им се сведува на препукавање мафтање со листови и мрчење една иста песна со години ...крајно време опозиција како опозиција да се концепционира без излитени и глупи финти, без галамење и дебатирање кој што носел од кај собрал и зашто ..

За тоа треба целосна чистка таму. Како би се случило тоа кога на сегашните лидери им е мила власта...
 
За тоа треба целосна чистка таму. Како би се случило тоа кога на сегашните лидери им е мила власта...

Тоа е најболното 20 години и едната и другата страна е се едни исти
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom