- Член од
- 30 април 2013
- Мислења
- 674
- Поени од реакции
- 1.294
Јас можам да се борам и да испливам, но.. што е со оние што не можат? Не е секој скроен за да замине од тука и да се потруди да си го направи животот подобар. Не е секој во можност да замине. Играат доста фактори улога тука, па не би да го коментирам тој дел.Џабе се нервираш. Тој што се бори секогаш ќе најде начин како да исплива. Проблемот со нас не е владата него ние. Која влада и да е, исто ти е уште од турско, кога во Македонија најголем изум било црешовото топче во Чикаго граделе облакодери некој 30 год пред тоа. Едноставно неќе народ да сфати дека на крајот на денот секој поединечно си е одговорен за себе. Ако секој од нас наместо да кука се потруди да успее тогаш и фамилиите и државата ќе биде јака. На запад секој си ја гледа својата работа и тоа ги прави може поразлични, по сурови на некој начин ама затоа и се по успешни. Средината го прави тоа, јужните народи се во принцип мрзливи зашто од господ им било дадено храна и добра клима па неморале толку да се замараат.
Фер и демократски избори? Хммм, па зар нема тоа? Кој те стопира да гласаш за другите? А и да победат другите што потоа? Зар мислиш дека нешто ќе се смени? Кажале ли или исполниле ли нешто до сега? Само повеќе ќе се трупа администрацијата за и нивните да се вработат... На крај крајева јас порадо би имал вакви вести и ветувања него давање пасоши на брачата ко во 90тите за да гласаат за таа опција.
Даноците се најмал проблем, во принцип и релативно малку се. Создавањето на монополи, местење тендери и уништување на малите бизниси се поголем проблем. Ова е проблем секаде кога се во прашање млади демократии. Решение нема се дур не им се случи народот. Проблемот е што нашиот народ и леб и сол да јаде ќе вика добро е бар има сол. Така да мирно спијат, свесни се и баш ги брига и едните и другите.
Ако сам не си помогнеш, никој нема.
Делумно се согласувам со тебе. Но, што се однесува на правото за изборите, апсолутно грешиш. Освен ако е фер и демократски да ги уценуваат за работното место, тогаш е веќе нешто друго. Дел од работиве не гледаш баш како треба можеби најмногу поради тоа што ја немаш судбината на поголемиот дел од населението во МК.
Но, тоа не значи дека мислам дека доколку се СДСМ на власт дека ќе се смени нешто, затоа реков дека сите нив би ги запалила, не за нешто друго. Сосема сеедно е која од овие две партии ќе биде на власт, кога и двете освен полнењето на своите џебови и плукање по спротивната страна не прават ништо друго. Ах, да, секако ќе заборавев кој кого се труди да придобие. ВМРО се трудат да ги добијат пензионерите, сега најново и стечајците, т.е мин дел од нив, некаде околу 3000, додека СДСМ знаат дека таа бројка, поточно 3000, е потполно неточна. Многу повеќе стечајци се отколку што ги прикажуваат ВМРО, па се бунат као наводно треба и остатокот да се признае и да им се исплаќа месечен приход се до пензија. И така фино лепо и двете страни си играат мајтап со народот.
Даноците и те како се проблем, можеби не се разбирам кој знае колку, но доволно сигурно за да знам дека маста ни ја вадат, посебно на помалите фирми. Никој нема власт над поголемите очигледно, нив не ги ни чепкаат затоа што или се врзани со власта или со опозицијата. Посебно тие што се со власта им нема рамен.
Секој ден јавно кажуваат кој колку украл, кој што направил и никој ништо не им може се додека се со Грујо. Освен што ги охрабруваат и буткаат напред најголемите криминалци друго ништо не прават ни едните, па ни другите.
А народот, преплашен. Ако не се плаши за себе, се плаши за детето, ако не е детето е брат му.. и тако даље и тако даље.
Но ваљда и ова нема да оди вака уште долго. Ваљда испод дното ќе немаме веќе каде да одиме. Или ќе се свести и се ќе превземе во свои раце или отидовме у три лепе...