Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Значи можеа и без да покачат плати да излезат на избори. Има ли овде НЕКОЈ што се сомнева дека ќе изгуби сегашната гарнитура ако не го направеа овој чекор? Мислам сериозно ОК што не се нај нај не се ама зар некој сериозно мисли дека имаме опозиција што може нешто да направи или да смени? Сфаќам дека тајмингот иритира мада така е секаде во светот ама сепак на ова јас гледам како еден вид „поклон“ кој и немораа да го дадат. Како и да е секое покачување и подобрување макар и минимално треба да се поздрави има доволно други глупости за да ги ругате ако веќе тоа треба.
Е да. Потполно си во право.
Се нервирам оти се немоќни Фаранг, затоа се нервирам. Затоа што си играат играчки, го уценуваат и тргаат од патот секој кој што ќе им се спротивстави. Ако сметаат дека се толку јаки и дека народот ги сака и им верува, што не им го допушти барем основното право, правото на фер и демократски избори??
И ќе ги ругам, не затоа што си ги полнат џебовите, не затоа што се отепаа од крадење.. Туку затоа што и покрај тоа крадење не се осврнаа да погледнат што е со народот, затоа што исполепија еден куп даноци, се прашувам кој ден ќе почнат и загадениов воздух што го дишиме да ни го наплаќаат.
Како не им е доволно не ми е јасно, па што во гроб да не ќе го носат тоа богатство случајно?
Како спијат навечер? Имаат ли тие луѓе свест? Како му е на Никола кога си легнува навечер, не се замислува ли дека не е во ред тоа што го прави? Зарем му е мило што победува со тоа што ги заплашува луѓето? Зарем таквата победа му е слатка??
 
Ти си газда имаш своја фирма , фабрика небитно.
Имаш 100 вработени и ти оди бизнисот. Нормално ти работат за 8000 денари. И некој почнува да топка мадиња да ти бара повеќе. А ти на бирото имаш уште 3000 апликации за работа.
Што ке направиш ама размислувај како газда а не како вработен за плата.
Така да едно е што јас сакам но кој мене ме прашва со толкава невработеност. И кој се за тебе нормални европски држави.
Бугарија на пример е нормална европска држава. Грција можеби. Романија, Србија,Албанија, Босна?
Која држава од нашето опкружување дели толку по стандард.
Ете грција делеше, ама видовме дека уставри се било лага.

баш дека ти оди бизнисот треба државата да донесе закон за минимална плата од пример 20000 ... ако ти оди бизнисот ќе можеш да ги плаќаш работниците и 20000, па и 30000 и пак да ти остане ... а не вака 8000 минимална плата, а газдите нека се богатат ...
 
работам во фирма во која вработените секогаш се незадоволни а многу малку работат и ќе ви споредам со дрекслмајер во кавадарци

основицата на чуварот е 812 бода по 10 денара бодот на тоа има плус
380 бода храна+155 бода превоз и 0,5% годишно на сето тоа за Стаж или искуство пример работи 20 години да речеме и платата му е околу 15.000 ако работе прва смена само, но во месецот му доаѓа да работи околу 6 дена по 6 часа трета смена која е платена 135% и стигнува да речеме округло до 16000 плата

споредба со дрекселмаер основна плата 8300 плус сабота и недела ако работат иде до плата максимум до 11500-12000
има ручек на работа+превоз од дома

прашање на кого му е подобро а кој повеќе се жали:D
 
Еве ти поради тоа што не мислеше на политика замина во странство.

Ти као прво немаш појма зашо ја сум заминал во странство,така да продолжи да си тропаш.
 
баш дека ти оди бизнисот треба државата да донесе закон за минимална плата од пример 20000 ... ако ти оди бизнисот ќе можеш да ги плаќаш работниците и 20000, па и 30000 и пак да ти остане ... а не вака 8000 минимална плата, а газдите нека се богатат ...

Не е тука прашањето дали би можел туку зошто би давал кога надвор чекаат еден куп луѓе кои радо би работеле и за таа плата пошто ИМАМЕ 30% НЕВРАБОТЕНОСТ. И што ако на некоја фирма му оди на некоја не му оди. Ајде едната ке крени со плати , другата што?? Ке избрка некој или ке затвори. И што направивме. Тие што се вработени ке земаат вештачки поголема плата, а тие што не се вработени што ке им правиме. За расплод ке ги чуваме. А тие се 30% Пола работоспособно население што се вели. Од друга страна ограничувањето или лимитирањето на платат во одредена фирма или на ниво на држава е сосме друга работа. Ако некоја фирма е сиромашка или не прави толку профит, нормално дека и платите би биле помали. Но со таа разлика што и газдата на таа фирма би бил ограничен со плата. Така нема да испадни тој да се крми на сметка на вработените кои ете државата го обвразала да ги плаќа со некоја минимална плата. Ако сака де се крми ке треба и другите да ги крми и нема да можи да се повика на закон за минимална плата и да им дава минималец туку пример ке треба да им даде минимум една десеттина од највисоката плата во неговата фирма во случајот неговата. Тука нема вештачко зголемување на платите , нема да може да се повикува на голема невработеност пошто и следниот што ке го викни да работи кај него ке мора да му даде плата во сооднос со неговата. Дали таа би била 7000 или 20000 ке зависи од тоа колку тој зема плата тоест колку му е успешна и богата фирмата без притоа економски да ја осакати. Само ке има пофер прераспределба на парите кои фирмата веќе ги има.
 
Држава без синдикат е како ајкула без заби, кактус без боцки или костур без коски..
 
Е да. Потполно си во право.
Се нервирам оти се немоќни Фаранг, затоа се нервирам. Затоа што си играат играчки, го уценуваат и тргаат од патот секој кој што ќе им се спротивстави. Ако сметаат дека се толку јаки и дека народот ги сака и им верува, што не им го допушти барем основното право, правото на фер и демократски избори??
И ќе ги ругам, не затоа што си ги полнат џебовите, не затоа што се отепаа од крадење.. Туку затоа што и покрај тоа крадење не се осврнаа да погледнат што е со народот, затоа што исполепија еден куп даноци, се прашувам кој ден ќе почнат и загадениов воздух што го дишиме да ни го наплаќаат.
Како не им е доволно не ми е јасно, па што во гроб да не ќе го носат тоа богатство случајно?
Како спијат навечер? Имаат ли тие луѓе свест? Како му е на Никола кога си легнува навечер, не се замислува ли дека не е во ред тоа што го прави? Зарем му е мило што победува со тоа што ги заплашува луѓето? Зарем таквата победа му е слатка??

Џабе се нервираш. Тој што се бори секогаш ќе најде начин како да исплива. Проблемот со нас не е владата него ние. Која влада и да е, исто ти е уште од турско, кога во Македонија најголем изум било црешовото топче во Чикаго граделе облакодери некој 30 год пред тоа. Едноставно неќе народ да сфати дека на крајот на денот секој поединечно си е одговорен за себе. Ако секој од нас наместо да кука се потруди да успее тогаш и фамилиите и државата ќе биде јака. На запад секој си ја гледа својата работа и тоа ги прави може поразлични, по сурови на некој начин ама затоа и се по успешни. Средината го прави тоа, јужните народи се во принцип мрзливи зашто од господ им било дадено храна и добра клима па неморале толку да се замараат.

Фер и демократски избори? Хммм, па зар нема тоа? Кој те стопира да гласаш за другите? А и да победат другите што потоа? Зар мислиш дека нешто ќе се смени? Кажале ли или исполниле ли нешто до сега? Само повеќе ќе се трупа администрацијата за и нивните да се вработат... На крај крајева јас порадо би имал вакви вести и ветувања него давање пасоши на брачата ко во 90тите за да гласаат за таа опција.

Даноците се најмал проблем, во принцип и релативно малку се. Создавањето на монополи, местење тендери и уништување на малите бизниси се поголем проблем. Ова е проблем секаде кога се во прашање млади демократии. Решение нема се дур не им се случи народот. Проблемот е што нашиот народ и леб и сол да јаде ќе вика добро е бар има сол. Така да мирно спијат, свесни се и баш ги брига и едните и другите.

Ако сам не си помогнеш, никој нема.
 
Џабе се нервираш. Тој што се бори секогаш ќе најде начин како да исплива. Проблемот со нас не е владата него ние. Која влада и да е, исто ти е уште од турско, кога во Македонија најголем изум било црешовото топче во Чикаго граделе облакодери некој 30 год пред тоа. Едноставно неќе народ да сфати дека на крајот на денот секој поединечно си е одговорен за себе. Ако секој од нас наместо да кука се потруди да успее тогаш и фамилиите и државата ќе биде јака. На запад секој си ја гледа својата работа и тоа ги прави може поразлични, по сурови на некој начин ама затоа и се по успешни. Средината го прави тоа, јужните народи се во принцип мрзливи зашто од господ им било дадено храна и добра клима па неморале толку да се замараат.

Тешки зборови другар фаранг, тебе очигледно ти бегаат од видикот (причините можат да бидат најразлични) тие што се трудат за Џабе и се злоупотребувани од страна на тие со слаб видик.
Аме нека, мрзеливи се, не ќе се замараме за толпата кога секој за себе си го дуја стомакот на сметка на мрзеливите
eating1-smiley.gif
 
Tie tolku so gi kolnat gazdite moze sami da si ja probaat srekata,da otvorat firmi i da delat plati po 500+ evra pa da vidat kako e.
 
Не е тука прашањето дали би можел туку зошто би давал кога надвор чекаат еден куп луѓе кои радо би работеле и за таа плата пошто ИМАМЕ 30% НЕВРАБОТЕНОСТ. И што ако на некоја фирма му оди на некоја не му оди. Ајде едната ке крени со плати , другата што?? Ке избрка некој или ке затвори. И што направивме. Тие што се вработени ке земаат вештачки поголема плата, а тие што не се вработени што ке им правиме. За расплод ке ги чуваме. А тие се 30% Пола работоспособно население што се вели. Од друга страна ограничувањето или лимитирањето на платат во одредена фирма или на ниво на држава е сосме друга работа. Ако некоја фирма е сиромашка или не прави толку профит, нормално дека и платите би биле помали. Но со таа разлика што и газдата на таа фирма би бил ограничен со плата. Така нема да испадни тој да се крми на сметка на вработените кои ете државата го обвразала да ги плаќа со некоја минимална плата. Ако сака де се крми ке треба и другите да ги крми и нема да можи да се повика на закон за минимална плата и да им дава минималец туку пример ке треба да им даде минимум една десеттина од највисоката плата во неговата фирма во случајот неговата. Тука нема вештачко зголемување на платите , нема да може да се повикува на голема невработеност пошто и следниот што ке го викни да работи кај него ке мора да му даде плата во сооднос со неговата. Дали таа би била 7000 или 20000 ке зависи од тоа колку тој зема плата тоест колку му е успешна и богата фирмата без притоа економски да ја осакати. Само ке има пофер прераспределба на парите кои фирмата веќе ги има.

Ама газдата на фирмата купил машини кои коштаат. Работниците ги немале тие трошоци. Ако му пропадне нему бизнисот ќе ги изгуби парите кои ги плеснал.
 
Нели беше забранета политика на форумов?
Пред некој ден се отвори тема за девојката од милион долари, истата експресно ја фрлија во канта... а ова тема стигна 15 страни и продолжува...
Ме интересира околу правилата и условите, што според вас и според правилата на форумов представува политичка тема?
Дали ова е политичка тема?
 
Тешки зборови другар фаранг, тебе очигледно ти бегаат од видикот (причините можат да бидат најразлични) тие што се трудат за Џабе и се злоупотребувани од страна на тие со слаб видик.
Аме нека, мрзеливи се, не ќе се замараме за толпата кога секој за себе си го дуја стомакот на сметка на мрзеливите
eating1-smiley.gif

Не не, не ми бегаат едноставно различно гледаме на работите. Разликата е во тоа што тие што ти мислиш дека се трудат за џабе и се злоупотребувани тие тоа го дозволиле на еден или друг начин и со тоа не се ништо подобри од тие со слаб видик.
 
Ама газдата на фирмата купил машини кои коштаат. Работниците ги немале тие трошоци. Ако му пропадне нему бизнисот ќе ги изгуби парите кои ги плеснал.

А еден друг газда (повеќе се) освен крш машини од отпад си купи вила на остров, неколку стана и спортски автомобили кои секој момент ти се чини ќе полетаат. Сето тоа од мрзеливоста на луѓето што работат како што беше спомнато погоре...
 
А зошто тогаш тие луге не купат исти крш машини и не си го решат животот? Зошто чекаат некој трет да ги запосли? Полесно е нели да идеш 8 саати на работа и да кукаш наместо бизнис да водиш сам...
 
Нели беше забранета политика на форумов?
Пред некој ден се отвори тема за девојката од милион долари, истата експресно ја фрлија во канта... а ова тема стигна 15 страни и продолжува...
Ме интересира околу правилата и условите, што според вас и според правилата на форумов представува политичка тема?
Дали ова е политичка тема?

Врија од политика ама тоа со кантите зависи од моменталното расположение на одговорните. И тие се луѓе како сите нас надвор од рамнотежа и со лични, субективни приоритети
itsok.gif
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom