Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Напред Грујо,Бранко се плаши !!! ... Напред Грујо,Бранко се плаши !!! ... :D

Среди си ги мислите дете , не лупај без врска све и свашта по секои теми.
Он:Тие што работат тука немаат време да ја прочитаат темава за да се вклучат во дискусија , ако воопшто постои такво нешто овде. И тоа пак заради се некои исти ликови(како да имаат некој чип у главата,или се само контра реалноста ,кој знае) , па добро бе до кога ке се толерираат овие малоумни створења?Се знае на кого мислам . Читам и не ми се верува , ама тоа е , до кое дереџе сме дојдени , катастрофа.А вие од страна што го одобрувате ова , не ве сфаќам дали со ироинија го правите тоа или сте сериозни.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
1. Поентата е да со минималната плата им се дава граница на бизнисите и на администрацијата под која што не смеат да паднат. Бидејќи ти цело време се залагаш да нема минимална плата, бизнисите така лакоми има по 4000 да им даваат на луѓето...не, чекај, 3000, и да им кажуваат ако ти чини работај, ако не пријатно. Кој тогаш ќе го штити работникот? Или заморчиња се работниците? Ти упатуваш на тоа да се постави платата според побарувачката за определениот тип на работници. Да, тоа се прави во моментов, ама се прави НАД долната граница од 8050. Затоа некои земаат толку (продавачка во бутик, на пример) наспроти ИТ (60000 денари, а и повеќе).
2. Мал ни е стандардот. Фала што ти кажавме? Епа прочитај под реден број 1 и твоето пишување каква врска има тоа со колкава е минималната плата. Ако се зголеми на некое ниво кое според некој би било задоволително, што тогаш.
3. Реално сите земаат дупло повеќе? Ти административец да не си?

Дај среди си мислите и аргументите. Благодарам.

1. Нормално дека ке им даваат, зошто и да не им би давале.
Ти да си бизнисмен и да чекаат надвор 10 души за исто работно место и да ги бираш како тикви ке им дадеш повеќе.
Знам дека не е фер и дека е бездушно, но таков е животот.
Неможи вештачки да го креваш стандардот, не го бива тоа така. Нити јас нити ти сме криви дека невработеноста е таква каква што е, но тука е коренот на сите проблеми, а не вештачко кревање на стандард и плата, па макар било тоа политички маркетниг или социјална мерка. Решението со балансирање на платите во некој сооднос мислам дека е многу попрактично решение одколку ова пошто за да земи бизнисменот толку и толку треба и на чистачот да му даде минимум толку. Ова е вака згора преку кажано но во секој случај има повеќе смисла одколку минимална плата.
2. Тогаш вештачки го зголемуваш стандардот а тоа не е тоа.
3. Друго беше прашањето тоест друга ми беше мислата.
Сакав да кажам дека какво фајде од закон за минимална плата која би била пониска од веќе минималната плата која реално се зема. Или со други зборови зошто би бил потребен закон за минимална плата ако реалната која би се земала е веќе поголема од таа која законот би ја гарантирал. Се е тоа хипотетички колку да се долови мислата. Ако на пример во иднина минималната плата е многу блиска со просечната со која би се живеел еден лагоден просечен живот зошто воопшто би бил потребен закон за минимална плата која би била ајде да речиме дупло помала од таа која се зема. Каква потреба од таков закон. Заклучок: Не е проблемот платата, туку невработеноста. Дури таа не се намали се е претурвање од шупливо во празно.
И не не сум административец мада каква врска има тоа со било што. И добро е да пиши некој кој зема минимална плата загарантирана со закон и да кажи што тој мисли за тие дополнителни 2000 денари. Дали ке им ги врати или ке му бидат добродојдени.
 
И добро е да пиши некој кој зема минимална плата загарантирана со закон и да кажи што тој мисли за тие дополнителни 2000 денари. Дали ке им ги врати или ке му бидат добродојдени.

Кажав ја дека добро ќе им дојдат,пошо сум бил веќе на минималец пред некоја година.а тука на форумов тешко да најдеш некој со минималец моментално.тука за минималец зборат луѓево што зимаат 500евра плата и си кажуваат како 2000ден ниш не им значелe,пошо и никад не осетиле како е со 8000ден месечно.е сеа коа би дошло они да работат за 8000ден,ќе видиш како добро ке им дојдат овие 2000ден.
и сеа ќе почнат пак да ме цитираат како цени ќе се качеле и бла бла.
 
--->

Факт е дека тие 2000ден за некого значат многу. Но овој дебилизам од влада, кој пред се го потценува народот и си игра играчки од него, не го прави тоа за доброто на народот, туку за да собере повеќе гласови. Срамота е ова што го прават со луѓето, срамота!

Што? Ќе им фрлат по 2000ки + како на некое куче, ете нека се порадува малку детето, еве ние што направивме, а цените скокаат секој ден се повеќе и повеќе. Ама знаат дека ако им ги дадат тие 2000+ ќе добијат барем дел од нивните гласови. Кога ги придобија пензионерите со по 5% покачување пред секои избори и разно разни глупости, како " најпродуктивен " дел од населението, што остана па за другово. Греота се луѓето. Греота се баш тие што им е дојдено до тие 2000ден, а се немоќни. Ќе се тешат демек, еве овие барем направиле нешто, што направиле другите. Добар дел од нив ќе гласаат за актуелнава влада со надеж за подобро утре. Се прашувам дали немаштијата го направила овој народ толку немоќен, толку несигурен, толку глуп, па упорно да гласа за ова ѓубре.

@galaxys - A, ако пак не разбираш што се дискутира низ цела тема, дојди си од странство. Те чекаат 2000 денари.
 
Кажав ја дека добро ќе им дојдат,пошо сум бил веќе на минималец пред некоја година.а тука на форумов тешко да најдеш некој со минималец моментално.тука за минималец зборат луѓево што зимаат 500евра плата и си кажуваат како 2000ден ниш не им значелe,пошо и никад не осетиле како е со 8000ден месечно.е сеа коа би дошло они да работат за 8000ден,ќе видиш како добро ке им дојдат овие 2000ден.
и сеа ќе почнат пак да ме цитираат како цени ќе се качеле и бла бла.

Знаеш како е . Сите се офарда дури ги ранат мама и тато а тие бистар политика или земаат плати за кои 2000 денари да најди на улица не се наведнува да ги земи. Таквите испод час им е да дојдат да им зависи 2000 денари. Ама како што реков или финансира некој одстрана или веќе се многу подобра позиција. А најјако од се е кога ке речат јас за тие пари не работам, ако треба дома ке седам ама за тие пари не. Јас факулети магистратури ова она, па сега за 10000 душата ке ми ја вадат.
Ама никако да спомнат во меѓувреме кој им ги плаќа сметките, кој им купува за јадење, кој им купува облека, кој им дава џепарлак, кој му купва млеко и пелени за детето.Интересна работа во секој случај.
 
Ја цело време зборам за минимална плата, а гледам вие гласови собирате/одземате и кажувате која влада била подобра,и која што направила,а у ствари ако не беше оваа,ќе беше другана и пак исто ќе беше.оние што зимаат 8000ден мислиш дека се замараат со политика ко вас?они не знаат на која страна да фатат пошо едвај преживуваат и работат пола ден у фабрика пола ден на нива за да заработат нешо плус а не на политика да мислат ко вас.
 
Знаеш како е . Сите се офарда дури ги ранат мама и тато а тие бистар политика или земаат плати за кои 2000 денари да најди на улица не се наведнува да ги земи. Таквите испод час им е да дојдат да им зависи 2000 денари. Ама како што реков или финансира некој одстрана или веќе се многу подобра позиција. А најјако од се е кога ке речат јас за тие пари не работам, ако треба дома ке седам ама за тие пари не. Јас факулети магистратури ова она, па сега за 10000 душата ке ми ја вадат.
Ама никако да спомнат во меѓувреме кој им ги плаќа сметките, кој им купува за јадење, кој им купува облека, кој им дава џепарлак, кој му купва млеко и пелени за детето.Интересна работа во секој случај.

Тоа е стварно така и тоа е доказ како неодговорна власт може да ги понижи сопствените граѓани. Самото постоење на армија невработени, понижени и обесправени е срамно.
 
Кажав ја дека добро ќе им дојдат,пошо сум бил веќе на минималец пред некоја година.а тука на форумов тешко да најдеш некој со минималец моментално.тука за минималец зборат луѓево што зимаат 500евра плата и си кажуваат како 2000ден ниш не им значелe,пошо и никад не осетиле како е со 8000ден месечно.е сеа коа би дошло они да работат за 8000ден,ќе видиш како добро ке им дојдат овие 2000ден.
и сеа ќе почнат пак да ме цитираат како цени ќе се качеле и бла бла.
Ти си во Британија претпоставувам. Колкава е минимална плата, колку е потрошувачка кошница (consumer basket, market basket, basket of goods and services) на добра и услуги и колкава е просечна нето плата? Или ако си Германија, од таму?
1. Нормално дека ке им даваат, зошто и да не им би давале.
Ти да си бизнисмен и да чекаат надвор 10 души за исто работно место и да ги бираш како тикви ке им дадеш повеќе.
.
затоа е нормално да имаме градежна, фармацевтска, банкарска фела...Пола работа не се знае од каде накаде оди, која чија фирма е, кој ги купува и каде, корупција скоро на врвот...во нормални услови голем дел од фирмите ќе ги снема, толку се заинтересирани вработените баш затоа што вака размислуваат повеќето работодавци. Затоа реков и пишав ама не ме сфати. Никогаш нема да се реши проблемот и со невработени и со плати затоа што цвета т.н. институционален организиран криминал и корупција. На врвот сме по сива економија во Европа која не случајно најприсутна е во индустријата и туризмот, не во уличните препродавачи.
И сега дојдовте до заклучок дека ако се зголеми минималната плата на 1000 евра пример сето тоа ке се промени?
Ова прашање озбилно го поставуваш или веќе се зезаш? Па нормално кој работи од љубов? Наместо како работник да бараш повеќе, ти задоволен, па ај добро ако може да му платам уште за да работам, да не седам дома. Така ги хранеле робовите, колку да не умрат од глад. Така живеат животните, само за храна и тоа оскудна.
Всушност не ми е ни јасно што постигнуваш со тоа што го браниш потегот за популистички изјави преку наводно качување на минималецот до 2016 од 2000 денари кога ти посочив дека нормални европски држави тоа го прават зависно од трошоците на живот (не од бруто платата за што сме критикувани), а најмалку еднаш годишно. Ако тебе навистина ти одговара оваа сума во ред, земај минималец, не знам стварно веќе што друго.
 
Ама никако да спомнат во меѓувреме кој им ги плаќа сметките, кој им купува за јадење, кој им купува облека, кој им дава џепарлак, кој му купва млеко и пелени за детето.Интересна работа во секој случај.

Кој ти ги плаќа сметките? Кој ти купува за јадење? Кој ти купува облека? Кој ти дава џепарлак? Имаш деца? Сам живееш - во сопствен стан или куќа, или под кирија? КОЛКУ ТИ Е ПЛАТА?
 
Ти си во Британија претпоставувам. Колкава е минимална плата, колку е потрошувачка кошница (consumer basket, market basket, basket of goods and services) на добра и услуги и колкава е просечна нето плата? Или ако си Германија, од таму?
затоа е нормално да имаме градежна, фармацевтска, банкарска фела...Пола работа не се знае од каде накаде оди, која чија фирма е, кој ги купува и каде, корупција скоро на врвот...во нормални услови голем дел од фирмите ќе ги снема, толку се заинтересирани вработените баш затоа што вака размислуваат повеќето работодавци. Затоа реков и пишав ама не ме сфати. Никогаш нема да се реши проблемот и со невработени и со плати затоа што цвета т.н. институционален организиран криминал и корупција. На врвот сме по сива економија во Европа која не случајно најприсутна е во индустријата и туризмот, не во уличните препродавачи.
Ова прашање озбилно го поставуваш или веќе се зезаш? Па нормално кој работи од љубов? Наместо како работник да бараш повеќе, ти задоволен, па ај добро ако може да му платам уште за да работам, да не седам дома. Така ги хранеле робовите, колку да не умрат од глад. Така живеат животните, само за храна и тоа оскудна.
Всушност не ми е ни јасно што постигнуваш со тоа што го браниш потегот за популистички изјави преку наводно качување на минималецот до 2016 од 2000 денари кога ти посочив дека нормални европски држави тоа го прават зависно од трошоците на живот (не од бруто платата за што сме критикувани), а најмалку еднаш годишно. Ако тебе навистина ти одговара оваа сума во ред, земај минималец, не знам стварно веќе што друго.

По се изгледа не си ме сватил добро, па ајде вака ке ти го поставам прашањето за појасно демек.
Ти си газда имаш своја фирма , фабрика небитно.
Имаш 100 вработени и ти оди бизнисот. Нормално ти работат за 8000 денари. И некој почнува да топка мадиња да ти бара повеќе. А ти на бирото имаш уште 3000 апликации за работа.
Што ке направиш ама размислувај како газда а не како вработен за плата.
Така да едно е што јас сакам но кој мене ме прашва со толкава невработеност. И кој се за тебе нормални европски држави.
Бугарија на пример е нормална европска држава. Грција можеби. Романија, Србија,Албанија, Босна?
Која држава од нашето опкружување дели толку по стандард.
Ете грција делеше, ама видовме дека уставри се било лага.
 
Јас факулети магистратури ова она, па сега за 10000 душата ке ми ја вадат..
нормално е во вакви држави за 1000 денари да им вадат душа и нормално дека факултетот овде е тукуречи безвреден. Затоа пак ќе потенцирам, во нормална држава со факултет, пардон со 2 факултетски дипломи човек е стварно човек со сите салтанати.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:11 ---
По се изгледа не си ме сватил добро, па ајде вака ке ти го поставам прашањето за појасно демек.
Ти си газда имаш своја фирма , фабрика небитно.
Имаш 100 вработени и ти оди бизнисот. Нормално ти работат за 8000 денари. И некој почнува да топка мадиња да ти бара повеќе. А ти на бирото имаш уште 3000 апликации за работа.
Што ке направиш ама размислувај како газда а не како вработен за плата.
Така да едно е што јас сакам но кој мене ме прашва со толкава невработеност. И кој се за тебе нормални европски држави.
Бугарија на пример е нормална европска држава. Грција можеби. Романија, Србија,Албанија, Босна?
Која држава од нашето опкружување дели толку по стандард.
.
ај сеа да не се испрашуваме и да не ја тегнеме као мали деца, колку за во муабет. Многу е јасно кои се нормални држави и многу е јасно ако си нормален работодавец, како ќе постапиш ако сакаш повеќе муштерии, идеи и профит во крајна линија. Колку ќе платиш толку ќе јадеш.
Ете грција делеше, ама видовме дека уставри се било лага
Грците пак делат, не се секирај. Земаат наши ефтини работници, не им се работи за мали пари. Плус имаат кај сакаат да работат надвор од Грција, ние сме као случајно изолирани во кафез.
 
нормално е во вакви држави за 1000 денари да им вадат душа и нормално дека факултетот овде е тукуречи безвреден. Затоа пак ќе потенцирам, во нормална држава со факултет, пардон со 2 факултетски дипломи човек е стварно човек со сите салтанати.

Чоек ти свесен си дека невработеноста ти е 30%.
Повеќето со крстат да најдат работа, другите се молат да не ја изгубат. Незнам што тука не ти е јасно па споредуваш со некој
“ нормални “ европски држави. И кај нив да не е невработеноста 30%?
Зарем јас или било кој нормален при здрав ум и разум ке работи за минималец ако можи и е во позиција да бира?
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:18 ---
нормално е во вакви држави за 1000 денари да им вадат душа и нормално дека факултетот овде е тукуречи безвреден. Затоа пак ќе потенцирам, во нормална држава со факултет, пардон со 2 факултетски дипломи човек е стварно човек со сите салтанати.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:11 ---
ај сеа да не се испрашуваме и да не ја тегнеме као мали деца, колку за во муабет. Многу е јасно кои се нормални држави и многу е јасно ако си нормален работодавец, како ќе постапиш ако сакаш повеќе муштерии, идеи и профит во крајна линија. Колку ќе платиш толку ќе јадеш.
Грците пак делат, не се секирај. Земаат наши ефтини работници, не им се работи за мали пари. Плус имаат кај сакаат да работат надвор од Грција, ние сме као случајно изолирани во кафез.

До граница сум, да не правиме споредба со сега и пред неколку години. Разликата е голема. Невработеноста и кај нив мислам дека стигна 27%. А ако им е толку убаво и ако е нормална држава зошто тогаш би оделе да работат надвор од Грција. За бугарите и Романците да не ни збораме.
А ние зошто неможеме слободно да работиме во ЕУ е сосем друг муабет.
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 01:21 ---
Кој ти ги плаќа сметките? Кој ти купува за јадење? Кој ти купува облека? Кој ти дава џепарлак? Имаш деца? Сам живееш - во сопствен стан или куќа, или под кирија? КОЛКУ ТИ Е ПЛАТА?

Ти УЈП да не си или матичар.
А и веке кога се понуди повели одговори, пошто ти си од тие што на патот да најдат 2000 денари не се наведнуват да ги земат. Не ти се исплаќало. Ајде да видиме зошто е тоа така.
 
Чоек ти свесен си дека невработеноста ти е 30%.
Повеќето со крстат да најдат работа, другите се молат да не ја изгубат. Незнам што тука не ти е јасно па споредуваш со некој
“ нормални “ европски држави. И кај нив да не е невработеноста 30%?
Зарем јас или било кој нормален при здрав ум и разум ке работи за минималец ако можи и е во позиција да бира?
Па тоа е тоа што го пишав претходно. Ги исфрлија работниците кои ги основаа фабриките и плаќаа придонеси и самопридонеси за нив за сега да ги уценуваат со 8000 и 30% невработеност. Не рекламираат како говеда во штала, овие малку јадат, најефтина работна сила сме биле...Буквално т.н. мобинг и уцени владеат и државно и приватно до таа мерка да сме негде на рамниште на некоја хорор средноафриканска држава. Како сакаш напредок на економија, намалена сива економија и корупција и легални бизниси ако самата држава не работи на случајот? односно, работи на случајот.
Затоа сме најсиромашни и како држава и како население во цела Европа. Затоа вакви изјави за т.н. успешни спогодби за минималецот се голема глупост ...и тоа до 2016 кога цените ќе изедат многу повеќе од 2000 денари.
 
Па тоа е тоа што го пишав претходно. Ги исфрлија работниците кои ги основаа фабриките и плаќаа придонеси и самопридонеси за нив за сега да ги уценуваат со 8000 и 30% невработеност. Не рекламираат како говеда во штала, овие малку јадат, најефтина работна сила сме биле...Буквално т.н. мобинг и уцени владеат и државно и приватно до таа мерка да сме негде на рамниште на некоја хорор средноафриканска држава. Како сакаш напредок на економија, намалена сива економија и корупција и легални бизниси ако самата држава не работи на случајот? Затоа сме најсиромашни и како држава и како население во цела Европа. Затоа вакви изјави за т.н. успешни спогодби за минималецот се голема глупост...и тоа до 2016 кога цените ќе изедат многу повеќе од 2000 денари.

Ти гледаш на тоа така , јас гледам на тоа малце поинаку.
Не рекламираат како најевтина работна сила на балканот затоа што и тоа сме. Како дошло до тоа сега е небитно да се расправаме, но тоа е тоа. Не е од сега , поминаја години од кога невработеноста е 30%. Сега од калта ке не извадат странски комапнии( од нашите видоевме колку им е силата) кои ке дојдат тука благодарение на таа ефтина работна сила и ке вработат доволно луѓе за да невработеноста падне на пристојно ниво. Кога тоа ке се случи и ни еден ден претходно можеме да си правиме филмови за поголем стандард, пошто ке има недостаток на работници па работникот ке можи да си ја цени работата оти ке нема зад него уште 1000 души да чекаат за неговото работно место. А финти од типот вештачки кревање стандард е само приказни за мали деца.
 
Ти УЈП да не си или матичар.
А и веке кога се понуди повели одговори, пошто ти си од тие што на патот да најдат 2000 денари не се наведнуват да ги земат. Не ти се исплаќало. Ајде да видиме зошто е тоа така.

Колку само убаво ти е на душата кога извртуваш тези и муабети.

Ако не ти одговара она што ќе го дадеш како одговор, ќути си.

Веројатно е следното - живееш на село (покрај граница со Грција), со своите дома, немаш жена и деца, таман се твоите 18000 денари за шетање (не знам на која тема ова ти го прочитав на пост) и играње мангуп. Најверојатно не плаќаш ниту една сметка и си биден неколку пати на одмор Грција (пошо ти е преку граница).

Со кого па јас само се објаснувам - и 200 страници постови да се напишат на темава нема да ce најдеме на иста фрекфенција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom