"Тајната" на водата

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Закон еј! Многу добра ствар. Не сум знаела дека водата може да реагира така. Од сега натаму ќе си зборувам со неа :)
Па нормално дека ќе си зборуваш со нејзе кога знаеме добро дека 60% во просек,човечкото тело е составено од чиста вода,кај новороденчињата тој процент е и поголем,некаде околу 78% ти се составени од чиста вода,така да драга Анк-Су-Намун,се надевам дека ќе зборуваш со водата почесто!
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 08:04 ---
Абе ајдее...видоја дека религијата не им успева па ајде сега водата е магична.

Не оспорувам, кој сака нека верува, негово право. Мене ми е глупост.
Тоа Егото зборува од тебе госпоѓо или што и да си! Видоја дека религијата не им успева?!? Мислам,од каде го извади ова? Ова ти така мислиш,ама не и оние кои размислуваат спротивно на тебе! Ова е чисто себично размислување на некој кој нема појма од религија и на нејзиниите позитивни ефекти за човекот! Но,јас знам дека мора да има и такви како тебе госпожа,заради балансот кој го има на овој свет и заради тоа што овој свет е едноставно на тој степен од својот развој,ние сеуште учиме за Универзумот кој не опкружува,за водата како градител,за се она што е Интелигентен дизајн а кој ако сакаш да го видиш,ќе го видиш,само ако не мижиш со умот! А ти,ако мислиш дека си кралица во овој свет,отрчи до оближниот рид и погледни ги луѓето долу во градот,загледај се неколку минути и ќе видиш дека тие се обични мравки кои итаат да завршат некоја работа,а немој да заборавиш дека така изгледаш и ти од околната планина,поздрав и се најдобро! :)
 
А Вие Господине, пред да цитирате некого дочитајте до крај, нели пишав "Не оспорувам, кој сака нека верува, негово право. Мене ми е глупост" и не гледам што има тука спорно. Ова не е чисто себично размислување туку е чисто мое размислување, а тоа што ти мислиш дека твоето размислување е исправно, а моето не е тоа е твое право, и фала на совет, ама не сум заинтересирана да ги гледам луѓето од горе.
 
Јас верувам во ова...не гледам во него конспираси теори.
 
Тестот за оваа’тајна’’ го имам направено пред околу 3 години,кога за прв пат разбрав за оваа ’’тајна’’.
Значи тестот е прост. Во 3 тегли се става малку ориз и вода покријте ги озгора со прозрачна тенка ткаенина и ставетеги на собна температура и сончева светлина.
Напишете на првата тегла убави работи(љубов среќа),и секој ден по еднаш им го кажувајте тоа што сте го напишале. На втората пишете лоши работи(смрт, те мразам).и исто кажувајте ги. На третата ништо не им пишувајте и не им зборите.
Резултатите кај моите тегли беа фрапирачки на кај првата имаше ферментација со прекрасна миризба и чисто бела пена над оризот. Втората смрдеше и беше изгнила. Третата нешто измеѓу.
Така да има многу вистина во тоа дека водата има меморија.
 
Водата си е жива материја... Реагира на звуци на збор. Поточно се кристализира нејзината структура во зависност од тоа што се случува околу нејзе.
 
Во Македонија во последните неколку години се појавија многу дистрибутери, да не речам производители, на флаширана вода.
Дали на некој му е позната таа област, поточно, преработената флаширана вода за пиење којашто земена од маркет е во ред но, конзумирана од некоја институција до која стигнала преку тендер, друг е "вкусот".

Да подискутираме малку на таа тема, колку флашираната вода е квалитетна.
 
Se somnevam voopsto dali flashiranata voda e polneta od izvori. Moze samo obicnata voda da ja dobro filtriraat. Duri i da e navistina izvorska stoejki vo plastika i toa za ednokratna upotreba znacajno go gubi kvalitetot. Zatoa e idealno da se pie cista izvorska voda
dokollku e izvodlivo.
 
Неможам да го најдам рускиот документарец за меморијата на водата,доколку некој има линк од негде нека пушти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom