"Тајната" на водата

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Меѓу персиските суфи , постои легенда :


Ќе дојде ден кога целата вода на светот , освен онаа која ќе биде брижно сместена , ќе исчезне.
А на нејзино место ќе се појави друга , од која луѓето ќе полудуваат .
Само еден човек го сватил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода.
Дошол претскажаниот ден и сите извори пресушиле .
Човекот пиел од своите резерви .
Набрзо изворите се наполниле со нова вода .
Луѓето пиеле жедно и сите полуделе , а тој човек продолжил да пие од својата вода
и останал нормален .
ЕДИНСТВЕН РАЗУМЕН СРЕД БЕЗУМНИЦИТЕ
И сите луди го нарекувале луд .
Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот .
А БЕЗУМНИЦИТЕ РЕШИЛЕ ДЕКА НАЈПОСЛЕ СЕ ЗДОБИЛ СО РАЗУМ ...

Водата најпозната материја на земјата. Таа го исполнува секој миг од нашиот живот. Но дали знаеме каква тајна крие во себе Таа восхитувачка стихија. Од каде дошла кој и зошто ја подари на нашата планета, единствена во целата вселена. Можеби одговорот на овие прашања ги знае само водата. Всушност неа на Земјата сега ја има толку, колку што ја имало кога започнало се, кога светот се раѓал добивајки ги сега познатите црти.
wwbzlu.jpg

Рустум Рој
,Ние извршивме многу детално истражување во многу тесна област. Си рековме , дајте да го фокусираме нашето внимание кон водата , но да ја разгледаме од различни агли .“
24dgb35.jpg

Руски митрополит Кирил
,,Водата во светото писмо е нешто повеќе од физичка супстанца . Таа е определено однесување . Таа на определен начин се поврзува со идејата за живот.“
lao-tzu.gif

ЛАО ЅЕ :
,,Во светот нема ништо помеко и податливо од водата, но исто така нема ништо посилно од неа. Податливото го победува здравото, а мекото го победува тврдото.
...сите го знаеме тоа но никој не се осмелува да дејствува на тој начин.“

Всушност водата е изучувана доста подробно и извесно е тврдењето, дека водата поседува необични физички и хемијски својства, во споредба со другите течности, но ниту еден научник неможе да објасни зошто при температури под нулата, волуменот се зголемува, апри температура над нулата се намалува.

Секоја материја при ладење се стеснува, а водата напротив се шири.
Уште во далечно време луѓето научиле да го ползуваат ова уникатно својство. Тие налевале вода во пукнатините и кога таа ќе замрзне, добиваат камчиња, iли во карпа ќе набијат дрвен клин и на тој начин ја разнесуваат.

Доста подоцна научниците воспоставиле дека водата во порите и капиларите создава огромен притисок. Тој може да достигне 400 атмосфери, при проникнувањето на семето. Па затоа со леснотија го пробива дури и асфалтот, карпата и др.

zoi2id.jpg
k6kiv.jpg


Резултатите од експериментите изведени во многу држави покажуваат дека водата го прима и запаметува секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некоја направа, за да ги “разбере “ и меморира својствата. Дали за ова се досетиле нашите претци, претворајки ја обичната вода во лековита, користејки за таа цел сребрени садови. Засега ова е најдобриот антибиотик што постои (Ова го практикувал и Александар Македонски), а денес војниците на САД во Авганистан и Ирак употребуваат СРЕБРЕНА ВОДА. Еден атом на сто милиони ги уништува сите микроби во раната. Ете зошто и претседателот на САД користи ваква вода.
Се јавува прашањето како може да постои ваква вода. Таа запамтувајки ја информацијата придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште е дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав, сензационална новост е дека тоа претставува глупост. СТРУКТУРАТА НА ВОДАТА е многу поважна од хемискиот состав.

Структурата на водата - тоа е начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во кои што водата запишува се што гледа и чувствува.

Видено под микроскоп:
29vxci1.jpg
316xe68.jpg


При исклучување на светлината водата се менува. Како резултат на технолошко делување на високо напонски линии структурата на водата може да се промени, реагира како нервен систем на некое дразнење. Со современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440 000 инфармациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина. Ако го разгледаме гроздот како група молекули, неговиот живот е краток, но ако говориме за него како структура, во која молекулите може да влегуваат и излегуваат, гроздот може да суштествува долго време.

Вака изгледа молекуларната структура на водата под дејство на мали електрични бранови:
vrargx.jpg
 
Возможно е водата да претставува бесценет компјутер, според припадноста компјутерска меморија, меморија – информација.
Треба да знаеме како е тоа организирано:
Ако имате азбука, но вие не ги знаете буквите, зборовите...вие не можете да составите реченица.
Така молекуларната структура претставува АЗБУКА НА ВОДАТА, и со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.
Стана јасно дека емоциите, позитивни и негативни делуваат најсилно. Во лабораторијата на проф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции на водата. Водата реагирала на строго определен начин:

-Љубовта ја стабилизира
-Агресијата ја дестабилизирa

Во лабораторијата на д-р . Јамото се испитува водата, подложена на различни делувања ,,впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со КРИОГЕНА КАМЕРА.

Вака изгледа водата загреана во микробранова печка:
2wfv6op.jpg


Ова е ефект од зрачењето на мобилен телефон:
5tzy28.jpg


Како изгледа структурно водата кога и се обраќаме со „Благодарам“:
nqpso4.jpg

Кога и викаме „извини“:
2qxt8jl.jpg

Ти си ми противник:
ipa4iw.jpg
 
Во текот на 1995г. д-р. Јамото Масуру за прв пат успеал да ги фиксира ,,музичките впечатоци на водата“:

Реакција на Бах:

2q3rceq.jpg


Реакција на Бетовен:

8x2drp.jpg


Реакција на Моцарт:

2vhsq5d.jpg


Хард рок:

24ni5ts.jpg
 
Со СТРУКТУИРАНА ВОДА се полевале растенија. Таа го забрзала растењето на зеленчуците и ја зголемува неколку пати содржината на микроелементите и белковини. Обработените никулци се долги рамни и здрави, а необработените ниски слаби и кревки. При полевање со таква вода потрошувачката на истата е 20 % помала. Ниту во почвата ниту во водата нема отрови. Водата остаува со истиот хемиски состав. Се менува само нејзината структура. Научниците денес можат да одговорат на прашањето како тоа се случува , но на прашањето зошто тоа се случува, науката нема одговор. Современата технологија овозможува структуирање нa водата. Растенијата полевани со таквата вода имаат шест пати појако емитување на фотони.

29byczc.jpg
24o82rq.jpg
2nb6r8i.jpg


Традиционалната источна медицина од древни времиња се базира на вибрациите, на звучењето на тонот во водата. Покажувач на правилниот тон е пулсот. Се смета дека тој може да биде: силен, слаб, студен или врел. Лекарот прави соодветно енергетско скенирање, поставува дијагноза и препишува лечење.
2qmerno.jpg

„Ние не лекуваме со вода, зошто човечкото тело е вода. Ние читаме мантри, за да ја поправиме лошата вода во себе.“

Се покажува дека честотата на вибрациите при молитвите на секоја вера на секој јазик е точно 8 херци. Тоа соодветствува на честотата на земјиното електромагнетно поле. Затоа водата формира хармонична структура.

Феноменот СТРУКТУИРАНА МЕМОРИЈА овозможува на водата да запамети се наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.

А живее меѓу народот изреката „Кај што течела вода, пак ќе потече“.

Ова е извадок од еден документарец, каде многу подобро, сликовито се објаснува сето она што е нафрлено тука. Јас го имам документарецот, руски е ама со Македонски превод. И кој сака, може да добие копија.
 
Го прочитав ова, интересно е стварно, посебно сликите со како се распоредуваат молекулите на одредени зборови, а и на музиката.
 
јас би дал копија од дивидито на оној кој има највеќе контакти со вас, па да си направите сите копија, а не е исклучено и да го аплоадирам целиот документарец на google video.
 
:bravo: за темава. Секоја чест. Посебно ми се допадна делот со легендата. Ти благодарам што ме потсети на она што го имав подзаборавено.
 
Закон еј! Многу добра ствар. Не сум знаела дека водата може да реагира така. Од сега натаму ќе си зборувам со неа :)
 
Затоа, што сакате да добиете од водата тоа кажете и го (со тоа што ја менува структурата така и ќе делува ), ти ме прочистуваш таа ќе те прочисти, ти си ми како лек таа ќе ти послужи како лек ти не си здрава за мојот организам таа нема да биде здрава за твојот организам :smir: многу добар документарец признавам, од кога го гледав си ја сакам многу водата па и почнав да и зборувам...:helou:
 
Многу интересни работи. Убаво е да се знае.. феномен е оваа водава значи! :)
 
Ако го интересира некој повеќе за структурата на водата:

http://www.chem1.com/acad/sci/aboutwater.html

Инаку, имате ли некое Ваше видување за тоа како се створува формата на снегулката?

saijo_japan.gif


snow3.jpg


Нешто што се потврдува, а во исто време е и контроверзно како структурата на водата во тврда состојба, и во течна...се шири или собира? :)

Структура на мраз:
icestruct.gif


Структура на вода:
watstruct.gif
 
пред некој ден завршив со читање на ПОЛЕ од Лин Мектагарт...навистина интересна книга..ако читате не ја пропуштајте...како и да е, еден дел е посветен баш на тематика слична на оваа..така извесна Елизабет Давенас(лабараториски техничар) правејки некој експеримент за реакција на извесен алергент(раствор) врз крвта, случајно претерала со разредувањето на растворот...сепак реакцијата на крвта била стандарда...иако подоцна претпоставила дека во растворот има премалку концентрација на алергент за да предизвика реакција кај крвта...ова било прилично интересно па типката продолжила со разредување на растворот замајки еден дел раствор и мешајки го со 9 делови на вода...новодобиените раствори и понатаму ја предизвикувале алергиската реакција на крвта...само еден дел од првобитниот раствор помешан со 999 делови вода и понатаму реагирал..Давенс постојано добивала конзистентни резултати дури и кога растворот толку го разредила што станал обична вода...при статистички пресметки се претпоставува дека во новодобиениот раствор не е останата ни една молекула од алергентот...таквата вода сепак предизвикувала реакција..
интересно е што ефектот на реакцијата бил висок и при раствор од еден спрема 1000...после овој одност ефектот опагал, што било и очекувано донекаде...мегутоа после 9 разредување на овој раствор(1 спрема 1000) во сооднос 1 спрема 9 -растворот иако видно ослабен почнал да го зголемува ефектот!!!!
ова е во согласност со хомеопатијата и може да се зема како научна основа за истата...основното правило на хомеопатијата е-колку е послаб растворот толку е посилен неговиот ефект...


резултатите од овој експеримент првично ги потврдиле неколку европски лабаратории..сепак подоцна истите(иако и ден денес голем број лабаратории ги потврдуваат) беа отфрлени од научната јавност...



p.s
Dipl. inž. Ivo Košak
kaže: “Molekule vode, pored ulaženja u složene molekularne asocijacije (cluster), mogu oscilirati u devet slobodnih pravaca. To znači da jedna jedina molekula vode može zauzeti 9! ili jednu od 362880 binarnih informacija! S jednim tucetom molekula vode, moguće je, prema tome, dobiti broj informacija koje bi trebalo ispisati na tridesetak tisuća stranica A4 formata. Danas još nitko ne zna što predstavlja samo jedna jedina scena u igri vodene memorije. A taj je scenarij još zamršeniji ako oscilacije ne shvatimo kao monotono, jednofazno njihanje, nego kao Fourierov niz….”.
 
Инаку, имате ли некое Ваше видување за тоа како се створува формата на снегулката?

saijo_japan.gif


snow3.jpg


Нешто што се потврдува, а во исто време е и контроверзно како структурата на водата во тврда состојба, и во течна...се шири или собира? :)

Па со оглед на тоа што погоре го имаш пишано веројатно некој горе и свири на водата за да добие вакви совршени форми пр. Бах или Моцарт :) шегата настрана мислам дека тоа е поради бавниот процес на смрзнување.
А то со ширењето на +4 степени целзиусови е т.н парадокс на водата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom