Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.641
Поени од реакции
6.468
Класичен плеј во моментов не ни е потребен искрено, зошто нашава моментална формација не бара игра со класичен плеј, туку плеј како 10ка. Барем во оваа 4-2-3-1 која ја форсира Мојс и затоа сеуште не ми е јасно што профил бара Мојс во средината, а изгледа и самиот е во дилема дали да форисра филозофија која ја има сега или да се префрли во тројка во средина каде ќе има еден ДМ, ама средните ќе имаат поголема слобода, зошто да форсираш со 10ка понапред и класичен плеј без ДМ остава голема дупка во одбрана и со тоа пример Керик би бил доста лимитиран во своите задачич.

Тројкава која игра во средина ни е класична 10ка (плеј) Јанзуај/Кагава/Руни
класичен централен играч за врска (Керик) - box to box играч кој ја движи играта напред назад (Флеч и Клеверли)
Со нашиве класични крила и те како ни е потребен класичен плеј. Со вакви крила формацијата ни е 4-4-1-1 а не 4-2-3-1. Мислам дека и тоа е проблемот што Кагава не може да го покаже својот потенцијал. Со поофанзивни крила ( wing forward) сигурен сум дека би бил многу попродуктивен кога игра како 10ка.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.783
Поени од реакции
9.601
Кагава во Борусија Дортмунд играше 10 - ка и не беше главен плеј зошто позади него беа Кел кој ги извршуваше дефанзивните задачи и Шахин или Гундоган кои играа како плејмејкери. Откако си отиде Кагава таму Свен Бендер игра на местото на Кел а Шахин е плејмејкерот со што Мхтарјан е 10 - та каде играше Кагава во отсуство на Гундоган кој може да игра и како плејмејкер и како 10 - ка.

Вака најдобро и нас би можел да не објаснам, тебе те буни позицијата на Керик бидејќи подолго време немавме играч од среден ред кој ќе ги прекинува акциите бидејќи Флечер беше болен а Фелаини го немавме затоа Мајкл се прилагоди на таа позиција. Со што и ќе диктира темпо на игра и ќе извршува дел од дефанзивата, имаше моменти кога Џонс играше на позицијата на Мајкл а пак тој си беше класичниот плејмејкер.

Целта на Мојс е да игра со Фелаини како деструктивец или пак Флечер/Џонс и да има плејмејкер до него како Керик, Клеверли, Пауел, Сколс што беше или сите што ги сакаше Мојс. Тоа не е во ефект оваа сезона бидејќи Фелаини немаше подготовки со тимот од пред - сезоната како и Флечер. Од другата сезона ќе биде друга приказна со Пауел, Клеверли, Керик и уште еден плејмејкер плус би ги имале Фелаини, Флечер и Џонс по потреба на позицијата деструктивец. Со што останува и 10 - ка играчот како Руни, Кагава или Јанузај што само ќе ја засили средината и ќе понуди пасови за крилата и напаѓачот. Не може 10 - ка играч толку напред да ја диктира играта т.е. темпото.
Се разбираме, само не сум сигурен во целост дали е таква замислата на Мојс, тоа ме буни зошто кога и да ги има во ваков ростер т.е кога се фит, играчиве не се така поставени на терен. Муабетот ми е дека со Керик - класичен плеј и 10ка Керик ќе се загуби дефанзивно, а доколку се донесе класичен плеј и се игра со ДМ до него и 10ка понапред тогаш пак нема да има место за Керик и тука е целата збрка. САФ го правеше истово кога беа Андо/Харгривс/Флеч до Керик и Руни/Тевез понапред, ама Керик во тој период ги играше најслабите партии во својата кариера.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Се разбираме, само не сум сигурен во целост дали е таква замислата на Мојс, тоа ме буни зошто кога и да ги има во ваков ростер т.е кога се фит, играчиве не се така поставени на терен. Муабетот ми е дека со Керик - класичен плеј и 10ка Керик ќе се загуби дефанзивно, а доколку се донесе класичен плеј и се игра со ДМ до него и 10ка понапред тогаш пак нема да има место за Керик и тука е целата збрка. САФ го правеше истово кога беа Андо/Харгривс/Флеч до Керик и Руни/Тевез понапред, ама Керик во тој период ги играше најслабите партии во својата кариера.
Епа Керик ќе игра како плејмејкер ќе се врати на својата првобитна позиција зошто со годините губи од брзината и ќе диктира темпо истото што Сколс го правеше во последните години додека играше. Само како што кажав не сака да ризикува Мојс зошто ги немаше сите играчи на подготовките во пред - сезоната и не е воиграно.
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Мата 7-ка, Илкај 8-ка и нека каже Гоше кој е за 9-ка и да завршиме работа за зимава.. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Позајмици: Пауел го однесе Виган во следното коло од ФА купот додека Бебе постигна маестрален гол

Има видео од головите на Пауел и голот на Бебе.

Инаку, најверојатно Данте се обидува да изнуди нов договор со Баерн Минхен зошто договорот му истекува 2016 - та година а преговорите не одат најдобро или не се започнати. Еве ја изјавата на агентот.

Dante's agent tells PA: "We've only spoken to Bayern. There is no way it is going to happen. He is not going to leave in the window."

Dante agent: "We are still waiting for an answer from Bayern. Until that situation changes, we cannot speak to anyone else anyway."

Dante agent: "MUFC followed him two years ago. We were in talks but he ended up at Bayern. I stress we have not spoken to anyone."

Според нашата клупска телевизија MUTV: Мата сака трансфер на „Олд Трафорд“.

Од ФБ
Тешка лага е ова ако од MUTV вакво нешто направат е тек тогаш никогаш нема да дојде Мата. Во тек на преговори ова да го каже некој од двата клуба е убиство.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
Легнете си, добро е да отспиете малце. А пак пладневна дремка е најдобра во овај период. :icon_lol:
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Тешка лага е ова ако од MUTV вакво нешто направат е тек тогаш никогаш нема да дојде Мата. Во тек на преговори ова да го каже некој од двата клуба е убиство.
Па затоа си пишува КЛУПСКА телевизија бе :D
--- надополнето: 21 јануари 2014 во 19:20 ---
Еве од покредибилен извор за ситуацијата со мата
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Замислете го Де Геа во моментов, чита шпекулации за Мата и онака лежерно си вика нема шанси ова да се случи. Чека 3 години да му се донесе шпански другар и уште не го добил иако ги молеше Алкантара, Цеск, Ерера и за Коке е исто и сега од никаде тој што има најмали шанси да дојде го гледа на Олд Трафорд. :vozbud:

Редно време е Де Геа да добие другар од Шпанија. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom