Кагава во Борусија Дортмунд играше 10 - ка и не беше главен плеј зошто позади него беа Кел кој ги извршуваше дефанзивните задачи и Шахин или Гундоган кои играа како плејмејкери. Откако си отиде Кагава таму Свен Бендер игра на местото на Кел а Шахин е плејмејкерот со што Мхтарјан е 10 - та каде играше Кагава во отсуство на Гундоган кој може да игра и како плејмејкер и како 10 - ка.
Вака најдобро и нас би можел да не објаснам, тебе те буни позицијата на Керик бидејќи подолго време немавме играч од среден ред кој ќе ги прекинува акциите бидејќи Флечер беше болен а Фелаини го немавме затоа Мајкл се прилагоди на таа позиција. Со што и ќе диктира темпо на игра и ќе извршува дел од дефанзивата, имаше моменти кога Џонс играше на позицијата на Мајкл а пак тој си беше класичниот плејмејкер.
Целта на Мојс е да игра со Фелаини како деструктивец или пак Флечер/Џонс и да има плејмејкер до него како Керик, Клеверли, Пауел, Сколс што беше или сите што ги сакаше Мојс. Тоа не е во ефект оваа сезона бидејќи Фелаини немаше подготовки со тимот од пред - сезоната како и Флечер. Од другата сезона ќе биде друга приказна со Пауел, Клеверли, Керик и уште еден плејмејкер плус би ги имале Фелаини, Флечер и Џонс по потреба на позицијата деструктивец. Со што останува и 10 - ка играчот како Руни, Кагава или Јанузај што само ќе ја засили средината и ќе понуди пасови за крилата и напаѓачот. Не може 10 - ка играч толку напред да ја диктира играта т.е. темпото.