Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
И кој е крив затоа што си прифатил да работиш под минималецот и плус не си го пријавил случајот? Абе дур има овци ќе има волна...

Кај ќе го пријавиш бе другар?..кај нас се е партизирано до коска и секој со секого се знае..кого јас да пријавам дека тој дава помалце пари од минималецот а таму партиски е поврзан со градоначанилокт,еден, друг, трет итн....ова не е држава ,ова е катастрофа,мизерија...

И плус онај лајнарот Груевски нема да кажи за тоа дека ќе поскапи млекото,струјата,лебот,јајцата..итн..ама важно платата ја кренаа на магични 2000 денари за две години..каков мрсул господе..

И сега пак на избори ќе имаат 500.000 гласој..какви морони живеат во оваа Македонија тоа чудо нешто
 
точно е дека 10к се премалку за преживување, а не па 8к и 6к, ама барем има било какво придвижување напред, нешто се прави.....

Се придвижува инфлацијата/цените нагоре, мора некако да се стабилизира народот за да не мисли дека нема пари. А, математиката во 2016, значи не денес (ко преживи, причаче) - е тоа да маслото за јадење ако денес е 80тина денари, во 2016 ќе рипне за истиот процент за кој што ја зголемуваат минималната плата (поради зголеменост на цените на сите вмешани страни при производството).

Уште нешто интересно - "Со оваа мерка ќе се зголемат примањата на околу 65.000 работници во државата“, изјави премиерот Груевски."

Не е мала бројкава?
--- надополнето: Jan 21, 2014 3:03 AM ---
И кој е крив затоа што си прифатил да работиш под минималецот и плус не си го пријавил случајот? Абе дур има овци ќе има волна...

Aбе дур во земјава нема работа секој втор (или помалку од тоа?), има да си ја чуваш работата за корка леб и за да си нараниш семејство. Ова не е Запад за да фино лепо си ги пријавиш сите - од шеф до газда во фирма ради тоа.

Баш статијава ја погодија денес - link.

Извадок:

За да преживееш мора да работиш нешто. За да работиш нешто, мора да прифатиш каква било работа. "Каква било работа" се такви работни места кои не оставаат никаква можност да заштедиш било што за да можеш да се спремиш за подобро платена работа. Тоа е магепсаниот круг на сиромаштијата која првенствено на примерот на жените го анализира Барбара Еренраих чии наоди покажуваат дека некогаш е е поскапо да си сиромашен: ако не можеш да собереш доволно пари за депозит за кирија (прв и последен месец) принуден си да преноќуваш во мотел, ако немаш кујна или фрижидер, пазариш поскапи производи, ако итно да ти требаат пари, ги позајмуваш по најлоши услови, ако возиш крнтија од кола те сопира полицаец и ти пишува пријава за немање ретровизор по што мора да најдеш пари за казната која ќе биде поголема од самиот ретровизор....
 
смеам ли истакнатото да ми служи како извор за дипломската што ја спремам за на економски... а исто така може да служи и за философија на темата збровите и моќта ...

Не ја открив америка да ти кажам прао али..
 
Срамота е бе 21 век уште некој да зима 100-120 евра плата а се стремиме кон ЕУ.
Минималната плата уште пред 4-5 години требаше да биде 150 евра а веќе овие години да правиме муабет за многу многу повеќе.
Веќе секој пунолетен се запишува на факултет па тешко дека веќе некој ќе ти работи за 8.000 т.е за џабе.
Не се малку оние што работат по конфекциине но се дур се тие платите во Македонија ќе останат уште долго време ниски.
 
Кај ќе го пријавиш бе другар?..кај нас се е партизирано до коска и секој со секого се знае..кого јас да пријавам дека тој дава помалце пари од минималецот а таму партиски е поврзан со градоначанилокт,еден, друг, трет итн....ова не е држава ,ова е катастрофа,мизерија...

И плус онај лајнарот Груевски нема да кажи за тоа дека ќе поскапи млекото,струјата,лебот,јајцата..итн..ама важно платата ја кренаа на магични 2000 денари за две години..каков мрсул господе..

И сега пак на избори ќе имаат 500.000 гласој..какви морони живеат во оваа Македонија тоа чудо нешто

Тие 10-20 газди што си го можат нека тераат, што да ви правам кога имате страв до коски... Другите ќе качат плата, тоа е придобивка.

Цените секаде се качуваат. Ќе се качуваат и без да се качеше платата па сега види ти... И на крај сфати дека тоа не е до влада или некој индивидуалец, тоа си е пазарна економија...
 
Замисли минималнава плата да ти биде дневница.

Човек би работел максимум три месеци во годината а после би уживал.
 
Замисли минималнава плата да ти биде дневница.

Човек би работел максимум три месеци во годината а после би уживал.

А зошто да работи 3 месеци кога може да работи цела година и ете да заштеди прилично пари? Мрзлива нација сме.
 
Кај ќе го пријавиш бе другар?..кај нас се е партизирано до коска и секој со секого се знае..кого јас да пријавам дека тој дава помалце пари од минималецот а таму партиски е поврзан со градоначанилокт,еден, друг, трет итн....ова не е држава ,ова е катастрофа,мизерија...

И плус онај лајнарот Груевски нема да кажи за тоа дека ќе поскапи млекото,струјата,лебот,јајцата..итн..ама важно платата ја кренаа на магични 2000 денари за две години..каков мрсул господе..

И сега пак на избори ќе имаат 500.000 гласој..какви морони живеат во оваа Македонија тоа чудо нешто

Значи не треба никој да ти кажи дека цените на продуктите ќе се кренат , тоа се подразбира и си е пазарна економија и ја има насекаде. Една држава оди надолу доколку цените се креваат но платите не, тогаш потрошувачката моќ опаѓа и опаѓа стандардот .
Ако цените се кренат за 5 % минималната плата би требало да се покачи за 10 % или повеќе и со тоа би се кренал стандардот. Е кај нас наместо секоја година да се крева континуирано , креваат еднаш на 2-3 години за да се пофалат дека процентот е поголем.

Според мене за да се зголеми стандардот(кој неможи да се промени преку ноќ ) би требало минималната плата да е околу 200-250 евра . А компаниите кој што плаќаат минималец и сите оние што работат за минималец би се намалиле само доколку се намали невработеноста. Кога имаш невработеност од 4-5 проценти тогаш веќе има недостиг на специфичен кадар така да ако сакаат да има работи некој ќе мораат да понудат повисоки плати за да земат кадар од некоја друга компанија.
И се така си е поврзано :)
 
А зошто да работи 3 месеци кога може да работи цела година и ете да заштеди прилично пари? Мрзлива нација сме.

Затоа што толку дозволува безвизниот режим :icon_lol:, а и носталгијата за дома, па и шо ќе ти се пари ако немаш време да ги потрошиш.
 
Затоа што толку дозволува безвизниот режим :icon_lol:, а и носталгијата за дома, па и шо ќе ти се пари ако немаш време да ги потрошиш.

И Македонците во странство за викенд не работат. Разликата е во тоа што тие за викенд одат на кино, на базен, во луна парк, на фешти кои им ги приредува градот, а јас во Тетово колку и да имам пари можам само у кафиќ да одам. Немам ни парк.
 
Ova ti e cista birokratska prevara za da sobiraat so poveke danoci i pridonesi. Gi boli stapot niv kolku zema narodov plata.Ako se kaci za 2000 minimalecot drzavata od tie ke lapne 700-800 denari. Tuka lezi zajakot. Ne vikam deka stvarno nema luge so mizeruvaat za minimalac ama obicno privatnjacite skoro site gi prijavuvaat rabotnicite na minimalec zaradi so poniski davacki a drugoto se isplaka na raka.
Bruto platite se isto taka pricina zosto narodot vojna vodi da se nacuka vo drzavno. Ke dojde vreme koga ovie od javnata administracija i drzavnite monopolisti ke imaat 10x pogolema penzija od tie sto rabotele vo stopanstvoto, toa veke i se slucuva, od raspadot na komunizmot pa natamu vo privatniot sektor se praktikuva sto poniska bruto plata na smetka i ostanatoto na raka.
 
Овој прави планови како да ќе биде 50 години на власт. И ваљда ќе биде ако не цркне пред тоа. Дека опозиција немаме за жал.
На темата, убаво е да има покачувања на платите, ама да не се лажеме колку од тие што ќе ги добијат во плата ќе ги вратат на рака. И која е таа спецификација на дејноста за текстилната и кожарската индустрија освен тоа што се најмногубројни меѓу минимално платените? И што исцркаа луѓето со денови и ноќи за мизерни пари. Понекогаш се чудам како нашиов народ паѓа на вакви маркетиншки трикови и како не им ја навредува интелегенцијата.

Како тргнал, ќе биде и 2027 на власт.....а непостоечката опозицијата е соучесник во ова. Премолчување е одобрување....и воопшто не се сомневам дека и они би играле така....
Од фамилијата може да се очекува дека до 2017 веројатно ќе поседува 9500 фирми, чисто за да ја заокружи таа нумеролошка симболика....

Не знам колку се сеќаате, пред едно 4 години, кога се збореше за некаква рецесија, па тоа како нашиве лопови ќе се оправале од нејзе - истиов патор обеќааше некои 8 милијарди (ако добро ми текнуе) во некакви си „инфраструктурни инвестиции“ и некаква помош за стопанството. Од нив, нормално видовме само пола миљарда фрлена у бронзени говна и ништо друго...другото веројатно им „помогнал“ на своите...

Само ретардиран народ може да си бира вакви „лидери“ у провалија, најобични лопови и да им робува до бескрај.
 
Се чудам зошто не забележавте дека се работи за „ етапно “ зголемување.
Ја би рекол вака - минималната плата во 2525 година ќе изнесува 5000 евра и тоа сигурно ќе се случи бидејќи до тогаш минималните плати етапно ќе се зголемуваат.
Додека чекате ова да се случи, гласајте за нас и слушајте ја песната In the year 2525
http://www.youtube.com/watch?v=izQB2-Kmiic
 
Македончето никад не е задоволно со никое покачување на плати.сите се жалите како немате пари како едвај преживувате,а онаму дискусии за купување клима од 50 илјади,телефон од 500евра, 50 инчен тв од 70 илјади,нарачки од интернет секој ден.и после немале пари ,платите не стигале.
ако за вас 2000ден се ништо,за некои луѓе тие пари значат многу.и колку што гледам 2000ден се малку само на оние кои имаат поголеми плати или кои воопшто и не работат.
а ако толку ви сметаат тие 2000 ден,соберете се пред собрание,и барајте минимална плата 4000ден!ко не им дават зш не им давале,ко ќе им даат зш им дале,и вас крајот не ви се знае.
 
tumblr_m85bw9fGtf1rqfhi2o1_500.gif

:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom