Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Мајло
  • Време на започнување Време на започнување

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Возраст
36
Ми треба помош околу патување во Украина(Одеса).Авион е скапо,најдов јас нешто преку Истамбул,ама цените се доста солени.Единствена опција ја најдов преку Варна со автобус до Одеса.Е сега многу мачно ми делува тоа,дали вие сте биле некогаш во Украина?

Кажете ми за цените за спиење во Одеса,за цените за храна,излегување,ресторани,кафичи.

Истото ме интересира и за Николаев(Mykolaiv).Решив да отидам на овие две места по секоја цена.

Ако некој бил или па знае некој што бил,нека сподели искуства тука,секогаш се добредојдени.
 
Не е баш ептен далеку Варна до Одеса со бус како што гледам, 600 и кусур километри се.
Ако толку имаш желба и финансии, шибај (y)
 
Прво мислев тема за простестите дека е ама супер што не е :ROFLMAO:
Ја иначе мн мерак имам за западна Украина - Карпати и Симферопол (покрај Киев секако) .
Провери колку пари е од мкд(твојот град до Варна) и после до Одеса и направи споредба за со авион преку Стамбол или некоја бугарска линија на авион шо иде натака...
Ако испага дека 70-80 % од цената ја даваш за бус боље иди со авион за да не се возиш 3-4 дена.
http://wikitravel.org/en/Odessa
http://www.odessa-guide.com/
http://travel-2-ukraine.com/information/city-guides/ - Водичи за Одеса
 
една опција која е најевтина, да одиш со автобус до Софија, потоа од софија со автобус до Силистра(8 часа). Во Силистра го тргнува Ракета(вид брод кој патива по дунав) со ракетата за околу 8-9 часа ја минеш Романија, и доаѓаш близу до место каде што Дунав се влива во Црно Море, многу блиску до Одеса. Втора по скапа опција, одиш со автобус до Софија, потоа со автобус до Варна, од Варна за 40 минути си авионски во Одеса. мислам дека околу 200 евра е повратната до Одеса, но не сум сигурен. Биди спремен во Одеса, и покрај претставата дека се источен народ, неможеш да пиеш кафе и да седнеш да ручаш.мора да имаш домаќин од градот, кој ќе знае каде да те однесе. по продавниците се истите цени како кај нас, но во угостителските објекти е огин. 100 грама ориз во ресторан е околу 10 евра, еден стек 2500 денари, памтам со сигурност, зошто сите гледаа во нас, кога седнавме во ресторан и од како го видовме менито,станавме и си заминавме. пици во пицерија која ја рачунаа поевтина студентска...кошташе некаде околу 400 денари. иначе има што да се види, оди прошетај и ако најдеш подобра опција за патување до таму, пиши да знам. има некоја линија која ја пуштаат летно време, но не сум патувал со неа од солун до одеса. И внимавај, ти треба виза, да не се случи како мене да те вратат од граница.
 
Виза НЕ ти е потребна.

Одеса ти е најскап град во Украина, сигурно 3-4 пати поскап од останатиот дел од земјата.
Во продавница цените се нормални, ама ако сакаш да јадеш во ресторан ќе те чини 50 евра сигурно.

Градот сам по себе е многу многу убав (y) Јас само со авион сум патувал, така да неможам многу совет околу тоа да ти дадам.
 
Извини ама и јас знаев дека не треба виза па се вратив првиот пат кога одев, не е лошо да отидеш до амбасада или да се јавиш за секој случај.
 
Виза проверив дека не треба,барав на нашето Министерство за надворешни работи и пишува дека не е потребно виза.

Авионски повратно од Варна е 200 евра,а повратен со автобус од Варна е 120-130 евра.Разликата е 70тина евра што е прифатливо со оглед на тоа дека вака ќе патувам доста помалце.

Ме интересира за смештајот таму,хотелските цени како се движат,и цените за ноќен живот.

Иначе @Bojco видов за ресторанските цени,и си мислев дека сигурно е некоја грешка тоа :D

Ме интересира исто така дали овој град е сигурен за странци?Безбедноста и слично?
 
Ако некој бил или па знае некој што бил,нека сподели искуства тука,секогаш се добредојдени.
http://vbb.mk/

Има репортажи од таму, пробај да исконтактираш....ја го читам чат-пат
 
јас сакав лани да одам миколаев имав пишано и во темата туризам и се распрашвав која е најдобра опција ама многу скапо излегваше есапот и многу прекачвања имаше ... позз и убав помин :)
 
јас сакав лани да одам миколаев имав пишано и во темата туризам и се распрашвав која е најдобра опција ама многу скапо излегваше есапот и многу прекачвања имаше ... позз и убав помин :)

Многу скап излегуваше патот само,или општо целото шетање.Да те прашам реално,за 4-5 дена таму,се комплетно до превоз и смештај колку пари би биле потребни?
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 20:27 ---
со автобус софија варна одеса е 50 евро

Се качувам во Софија,се симнувам во Одеса за 50 евра?Дај ми линк да видам ако не ти е тешко.
 
Многу скап излегуваше патот само,или општо целото шетање.Да те прашам реално,за 4-5 дена таму,се комплетно до превоз и смештај колку пари би биле потребни?
--- надополнето: 20 јануари 2014 во 20:27 ---


Се качувам во Софија,се симнувам во Одеса за 50 евра?Дај ми линк да видам ако не ти е тешко.
2000 najmalku, ako ste par, moze i poveke!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom