Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Лани убиени 22 лица, откриени 15 сторители
Вкупно 22 лица биле ладнокрвно убиени минатата година во Македонија во 20 сторени кривични дела „убиство“. Во два случаи се работи за двојни убиства, а во сите случаи убиецот е од машки пол, говорат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи. Најмладата жртва годинава било осумгодишно дете, кое е убиено од неговиот татко, додека најстарата жртва е 71-годишна старица усмртена од нејзиниот син.
До сега се расветлени 15 убиства, а сè уште останаа нерасветлени пет убиства, сите извршени на подрачје на Скопје.
Според податоците на МВР, најчесто извршител на убиството е член на поблискиот круг од семејството. Најчесто мотив се нарушени меѓусемејни односи. Како примери се јавуваат инциденти кога татковци ги лишиле од живот својата ќерка или својот син, синот ја убил својата мајка, сопругот – сопругата, братоубиство, а едно лице, кое било психички растроено си ги убило својата мајка и сестра.
Од МВР велат дека и покрај тоа регистарот покажува дека оваа година има најмал број убиства, споредувајќи ги бројките од последните 25 години. Во 2012 година биле регистрирани 28 дела, додека највисока стапка имало во 2003 кога биле регистрирани 75 убиства.
По извршување на четири, од 20-те убиства, сторителите си го одзеле животот.
Според начинот на извршување, најголем број, односно 12 се извршени со пукање од огнено оружје (пиштол-пет, ловна пушка-четири и автоматска пушка-три), потоа, три убиства се извршени со употреба на тврд предмет, две со употреба на нож, по едно со секира и физичка сила, додека едно убиство е извршено со употреба на стап и физичка сила.
Од минатогодишните кривични дела „убиство“ повеќето се извршени на подрачје на Скопје - осум, потоа по две во Штип, Тетово и Куманово и по едно во Радовиш, Кратово, Велес, Демир Хисар, Гостивар и во Кавадарци.
- Објавено: пред 43 минути
- Прочитано: 98
- Печати