Најубава општина во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Jonson
  • Време на започнување Време на започнување

Која е најубава Општина во Град Скопје?


  • Вкупно гласачи
    149
  • Гласањето е завршено на .
Аеродром моментално најубава општина, Ивица си ја скоцка општината за мерак, и за шетање и за седење и за дечиња и храна и кафичи се супер, овој Сокол наш незнам оти неземе пример по партиска линија од колега му да го среди тро и Ѓорчево наше..(n)


Онака џабе е што имаме градоначалник од власта, на кој никој не му пречи да прави нешто. 3 мандати и уште нема клупа ставено во населбава...Бркоња...
 
Се разбира, Чаир... местото каде што можеш да играш Call Of Duty и Killing Floor во живо :icon_lol:
 
Беше и останува Аеродром.
Живеев и Аеродром и Ѓорче и Чаир и Центар ама како Аеродром никаде не е. Башка шо седмица до мене беше..то башка.
 
Центар зошто е единствена скопска општина
 
Аеродром и Карпош не да ги упропастија!Искрено има и убави паркови,ама не бива веќе и со ова зграда до зграда!:( Во Тафталиџе каде што живеат моите,се е катастрофа!Малите куќички Во тафталиџе кои порано беа синоним за Скопје сега се згради од по 3-4 ката!Навистина и луѓево во трка за пари си расипаа еден дел од нивната традиција.Сега на нивно место се згради и тоа е тотален хаос.Зборам особено за позади Георги Димитров школото.Кој бил знае како е.:гомце:
 
Aбе јас зборам центар како јадро нема, да во тафталиџе и капиштец(воглавно) се провинцијалци.
едно другарче е монтер у т-хоме и баш пред месец дена збореше за тоа како у јадрото кај што идел на монтирање опрема зборат доста на дијалект
баш ми се жалеше за тоа како нашите цел живот тука не успеале една гарсоњера да земат а овие од пичке си матер 4собни станови :)
 
Онака џабе е што имаме градоначалник од власта, на кој никој не му пречи да прави нешто. 3 мандати и уште нема клупа ставено во населбава...Бркоња...
А шо се клупите у парк нови или пак кај Мирче, си прошетал Дексион :))) изглеа не ... епа Куча посао ...
 
едно другарче е монтер у т-хоме и баш пред месец дена збореше за тоа како у јадрото кај што идел на монтирање опрема зборат доста на дијалект
баш ми се жалеше за тоа како нашите цел живот тука не успеале една гарсоњера да земат а овие од пичке си матер 4собни станови :)

абе не можат да се многу,
 
Како вицон „ќерко, треба прво да си убава....“, Скопје нема убав ќош, а на општина. Го испосраа разноразни инџиковци, подржикоњци и слични селоначалници, со нивните сељачки инвеститори во грди згради и уште посељачки дојденци кои ги испокупуваа становите во истите за скапи пари...„добро било да се гради“ - не е добро, супер е, ама со мозок, со план...
Општината во која јас живеам на дневна основа се претвара во срање, се заградуваат љуљашки со тараби, се гради кај се стигне....на мојава мала станбена улица врзаа две нови огромни згради и се случи тоа што претходно 40 години се немаше случено - залетан мајмун успеа да удри девојче со колата.....мизерија...
Нема зонско паркирање, ама затоа оди најди место у Карпош за паркинг, се товарат згради со нови катови, изникнуваат доградби и надградби како чирови....море како тумори....
Скопје беше град, сега е едно големо г***о....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom