Кој и зошто ја присвојува Мара Бунева

Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Тоа Бугари односно бугари од македонија е турско-грчка измислица за верниците егзархисти во на територијата на османлиска Македонија и не знам зошто сеуште држи вода кај одредени личности.А македонците и со егзархијата не биле задоволни јас само еден стих ке посочам од песната на Димитрија Миладинов малку е позната кој има читано од Критиките на Харалмпие Поленаковиќ ја има сретнато сигурно се вика Грк и Булгарин и се вели :`Грцките владици рушвет земаа дојдоја блгарите и тепсиите ни ги збраа`.Затоа и подоцна во великосрпската,великогрчката,македонците ако не беа срби беа бугари или ако не си грк си бугарин без да се помисли дека е различно од едното и од другото.Од денешен аспект е дури апсурд да се помисли на такво нешто и да се смета за неприкосновена вистина дека кај нас има бугари,односно срби или грци кои во текот на историјата подвлијание на другите се откжалае од својата татковина.:tapp:
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
Гледам ништо не знаете за целата фамилиа на Бунева . Тато и е околиски раководител од ВМОРО и градоначалник во времето на бугарското управување во првата светска војна , след српската окупација лично носи архивата на ВМОРО во софија и се враќа во тетово.Изпрашта син во бугарското училиште во Солун и потоа го праќа да заврши воена академија во софија каде станува офицер . Неговиот пример следува и Мара Бунева која доаѓа во софија и завршува универзитет и станува член на организацијата мажи се за бугарскиот офицер и прв другар на брат и . по скопскиот судски процес и маченето на студентите добива задача од организацијата да убие прелич , разведува се и заминува за скопје и врши атентатот. по атентатот е убиен братовчет и во Битола а семејството и е уапсено ( потоа пуштено од притвор ) . Брат и се жени а кум му е лично Иван Михајлов . меѓу друго тој и учествува во собранието на кое е избран Иван Михајлов .
По 1944 година комунистите го праќаат во концетрационни кампот Белене по смртта на Сталин добива амнестија и е пуштен во 1953 , неговите другари во македонија немаат таква среќа убиени се по наредба на .......... (нема да ги пишувам дека ги славите како херои)уште1944 како вмровци
По смртта на Бунева се создаваат многу здруженија со нејзиното име како во бугарија така и канада.За Мара Бунева има песна која сигурно не знаете ама нема да ја пуштам за да не ме обвините дека ширам великоб'лгарска пропаганда .
Не се проблем информациите што ги имаме или немаме,туку резонот и пошироката слика која ти ја немаш. Информациите се само делови од мозаик, сепак ти треба акал за да ги составиш во слика нели.

Прво, во тоа време тука окупатор е Србија. Нормално е Бунева, ако се бори за слобода на Македонија, да се бори против конкретниот окупатор, а тоа е Србија. Кого да убива, бугарски обвинител? Да беше тој на функција, него ке го убиеше, поточно да беше тука Бугарската држава окупатор. Нели е тоа претерано едноставно и логично за да до толку неможеш да го разбереш?

Второ, велиш го праќа во бугарско школо. Добро,можеш ли да го наведеш македонското школо во кое имал опција да го испрати, а не го испратил? Неможеш секако,така да и за тоа не треба да си гение за да сватиш дека имаш 2 школи на свој словенски јазик тука,бугарско и српско. Бидејки Србија е окупатор, на него се гледа со негативизам. Ајде сега за овој генијален заклучок да ми се додени нобелова награда молам.

Го праќа во Софија на воена академија, па? Јане Сандански во која армија се бореше? Толку ли немате капацитет виртуално да си ја претставите позицијата на еден Македонец во времето и условите за кои зборувате? Нема држава,има окупатор. Има опција да седи дома, и има опција да се бори. Како да ја оствари својата борба во такви услови? Кај да оди ако сака да се оспособи на тоа поле, во Пакистан? Вие упорно неразбирате дека Македонците немаат ментален проблем како вас,и дека они не мешаат држава и народ, никој од нив не чувстувувал дека Бугарите се друг народ како народ,не ги сметале за Турци или Кинези,него свој народ. Тоа нема врска со државата,која е посебен ентитет сво своја воља и свои цели,во 99,9 % погрешни према Македонскиот народ.
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 16:55 ---
Да додадам,току поради тоа бугарската држава е вољно за сите времиња тука кај овој народ, да повторам ДРЖАВАТА.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Мара Бунева – македонски револуционер
На спомен плочата за оваа наша револуционерка треба да пишува: На ова место македонскиот револуционер Мара Бунева го изврши атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година. Нејзините последни зборови беа: За Македонија!


Деновиве актуелни беа настаните со прославувањето на ликот и делото на Мара Бунева од страна на граѓани на нашата земја кои се чувствуваат како Бугари, како и голем број на бугарски граѓани кои допатуваа со повеќе автобуси за да учестуваат на настанот.

Сепак, текот на „прославувањето”, веењето на знамиња на туѓа држава, дивото поставување на спомен плоча напишана на бугарски јазик, скандирање со навредливи зборови за нашиот народ и држава... покажува дека овие постапки се спротивни на заложбите за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија.
Ваквите постапки ги зголемуваат тензиите и негативните чувства и кај Македонците за Бугарите и кај Бугарите за Македонците и внесуваат уште поголема недоверба меѓу двата блиски народи кои имаат многу заеднички работи, но сепак се два одделни народи, секој со сопствена култура, јазик и идентитет. Сметам дека за овие настани кои може да се оквалификуваат како провокаторски треба да реагира и МНР со соодветна нота до бугарското МНР. Ова е удар врз заложбите за постигнување на договор за добрососедство за кој толку многу зборуваат бугарските политичари.

Кога зборуваме за Мара Бунева несомнено е дека таа е неразделен дел од македонската историја, како македонски револуционер и активист на ВМРО. Убиството на српскиот државен обвинител Прелиќ во Скопје на 13 јануари 1928 година е организирано како одмазда за затворањето и судењето на македонски студенти, членови на ВМРО во Скопје од страна на српските власти во 1927 година. Атентатот е спротивставување на политиката и теророт што го спроведувале српските власти врз македонскиот народ. Мара Бунева по атентатот се обидела да се самоубие, но починала наредниот ден во скопската болница. Според искажувања на лекар очевидец, таа пред да умре изјавила дека атентатот го извела „за Македонија”.


Еве еден извадок од тоа интервју: „Тоа што го знам ми го кажа мајка ми. Таа раскажуваше дека тетка ми Мара кога ќе работела низ куќата во Тетово, секогаш пеела песни за Гоце Делчев, за Јане Сандански и плачела. Им се восхитувала на македонските револуционери. Се раскажуваше и тоа откако го извршила атентатот, кога лекарот од Белград ја прашал зошто го убила Прелиќ, му одговорила - за Македонија”

Судбината на Мара Бунева е трагична и несомнено е дека во тие тешки времиња за нашиот народ младите патриоти и револуционери биле под притисок и влијание од силната пропаганда што ја спроведувале соседните земји со цел да ги придобијат да работат за нивната кауза. И до денешен ден сме сведоци како работи бугарската пропаганда, сега кога имаме независна држава, а може да замислиме како било тогаш кога сме биле под туѓа окупација и кога не смеело слободно да се изразува македонскиот идентитет.

Од тие причини, сметајќи дека Мара Бунева е неразделен дел од нашата историја, како што се подигнати паметници и спомен плочи за други личности (како на пример споменикот на царот Душан кој исто така е дел од историските настани на овие простори или споменикот на Скендербег и многу други), така Македонија треба официјално да постави спомен плоча и за Мара Бунева на местото каде што го извршила атентатот, со пригоден текст, на пример следниот:
На ова место македонскиот револуционер Мара Бунева го изврши атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година, нејзините последни зборови беа: За Македонија!

На овој начин ќе се спречи ситуацијата која се повторува секоја година со диво поставување на плочи на бугарски јазик кои се кршат веќе наредниот ден и предизвикуваат големи проблеми меѓу двете соседни земји и народи. Исто така, од наредната година нашите власти треба да го забранат влезот на бугарски граѓани без претходно доставена програма на прославување која би била прикладна и одобрена од македонските власти. На пример, не може да се дозволи во иднина веењето на голем број на знамиња на туѓа држава на наша територија што претставува некултура и непочитување на македонската државност и знаме, како и забрана за поставување на плочи или други обележја без претходно одобрение – нешто што е казниво според македонските закони, како и во секоја друга држава.
Тони Димитровски
Izvor-mkd.mk
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Македонка по род...Бугарофилка во душа,омажена со Бугариште.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Тоа Бугари односно бугари од македонија е турско-грчка измислица за верниците егзархисти во на територијата на османлиска Македонија и не знам зошто сеуште држи вода кај одредени личности.А македонците и со егзархијата не биле задоволни јас само еден стих ке посочам од песната на Димитрија Миладинов малку е позната кој има читано од Критиките на Харалмпие Поленаковиќ ја има сретнато сигурно се вика Грк и Булгарин и се вели :`Грцките владици рушвет земаа дојдоја блгарите и тепсиите ни ги збраа`.Затоа и подоцна во великосрпската,великогрчката,македонците ако не беа срби беа бугари или ако не си грк си бугарин без да се помисли дека е различно од едното и од другото.Од денешен аспект е дури апсурд да се помисли на такво нешто и да се смета за неприкосновена вистина дека кај нас има бугари,односно срби или грци кои во текот на историјата подвлијание на другите се откжалае од својата татковина.:tapp:
Интересно како така е измислено за екзархистите, а се користи од пред повеќе од 10 века пред создавањето на Егзархијата.

Самиот зборник "Бугарски народни песни" на браќата Миладинови е напишан пред создавањето на Егзархијата, каде Константин зборува за "најјужните словени Бугари".

Да не заборавиме и другиот "македонски преродбеник" Пејчиновиќ коj во 1816 пишува "Огледало":

описасја ради потреби и ползованија препростејшим и некнижним јазиком Болгарским долнија Мисии, многогрешним во јеромонасех и недостојнејшим игуменом Крал Марковаго Монастира; иже во Скопие у Маркоа река храва светаго великомученика Димитрија Кирил Тетоец Пејчинович.
Да не се враќаме уште поназад дека ќе дојдеме дури до Кубер...

Во овој период за Македонци и македонски јазик воопшто зборува ли се?
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 12:40 ---
Зборот "присвојување" значи да земеш нешто од некого. Бугарија до сега никогаш не зборувала за такво нешто. Станува збор за заеднички херои за луѓето од двете страни на административната граница.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
И сега пак се вркакаме до моментот на еурека каде што за султанот односто општо за сите словеснки народи за да се докажат различни од грците се нарекуваат бугари,а да не заборавиме дека тука одиграла клучна улога и неколкукратното дословно кажано кратко задржување на бугарите на македонската територија.

Бидејќи ако погледнеме некогаш и Срби се нарекувале само за да покажат дека не се Грци. Всушност и стариот назив за населението од Румелија рум и милет значи грчки човек, а словенските народи и останатите кои биле различни од грците правеле што правеле само за да докажат дека не се Грци.

Бугарите како племе водат потекло од азија и се населуваат тука во 7 век а словените кои исто така се инородно племе на Балканот се населуваат кон средината на 5 и почетоко и цел шести век.

Фамозниот Кубер бара дозвола од византија да се насели на овие територии тоа е факт кој не треба да се заборави ни под разно.

За крај за тоа што многу личмости од нашата историја се окарактеризирани како бугари сме виновни самите ние затоа што дозволивме неправилни осудувања кон личности кои многу не задолжиле со своето дејствување од страна на србоманите низ разните државни инстанци на Југославија.

Бугарското национално будење завршува во 1878 кога и си добива свој држава и со тоа нејзината борба е завршена исто така и на Србија фамозната српска револуција како што е наречена од страна на Леополд фон Ранке а го означува периодот од 1804 до 1835 со добивањето на бератите и хатишерифот таа веќе си е независна односно автономна држава.

Грчкото национално ослободително движење завршува завршува на 11 мај 1832 година кога таа е призната за суверена држава.

Сето тоа штосе случувало потоа е чисто едно бедно искористување на бедниот и страден македонски народ кој се обаќал за помош и таа малечка помош што ќе сте ја даделе,а подоцна на големо низ Европа ќе се фалите дека таму и таму има бугарски, српски, грчки народ кој чека браката од веќе создадените држави ослободување,а сешто сакал е овој народ е да го оставите на мира ако можете да помогнете а не да одмагате како што било и е чест случај до денешни дни. Безброј се таквите манипулации низ историјата со македонскиот страден и напатен нерод.

И сега кога вашето национално движење завршува во 1878 година кога и си добивата своја држава ,вие нема што да барате да славите херои кои се бореле за слободна и автономна Македонија или да се искористам со зборовите на Ванчо Михајлов `Швајцарија на Балканот`,а факт е дека не останал ни Михајлов рамнодушен кон бугароманските планови на Бугарија врз Македонија и дека тогаш и самата организација се наоѓала во ситуација не различна од денешната каде што не условуваат со промена на нашето име за влез во ЕУ,местот кое е чешмата на економски подобар живот за нас.

Така да сосема е исправен терминот присвојување бидејќи она што се прави е не присвојување туку крадење и воеднои во 21 век ширење на националистичка и големобугарска пропаганда во туѓа земја, и за тоа сме пак ние виновни што дозволуваме такви работи,кога убаво со 400 специјалци мози да се реши овој проблем еднаш засекогас,како кога доагате во смилево така и секогаш кога се стреми кон националистистичка и големобугарска пропаганда во нашата напатена земја,па потоа се поставуваат услови за добрососедство кој се добри само за ширење на големобугарската пропаганда но сега веќе по договор,без никој да може да ве спречи.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
И сега пак се вркакаме до моментот на еурека каде што за султанот односто општо за сите словеснки народи за да се докажат различни од грците се нарекуваат бугари,а да не заборавиме дека тука одиграла клучна улога и неколкукратното дословно кажано кратко задржување на бугарите на македонската територија.Бидејќи ако погледнеме некогас и срби се нарекувале само за да покажат дека не се грци.Всушност и стариот назив за населението од Румелија рум и милет значи грчки човек а словенските народи и останатите кои биле различни од грците правеле што правеле само за да докажат дека не се грци.Бугарите како племе водат потекло од азија и се населуваат тука во 7 век а словените кои исто така се инородно племе на Балканот се населуваат кон средината на 5 и почетоко и цел шести век.Фамозниот Кубер бара дозвола од византија да се насели на овие територии тоа е факт кој не треба да се заборави ни под разно.За крај за тоа што многу личмости од нашата историја се окарактеризирани како бугари сме виновни самите ние затоа што дозволивме неправилни осудувања кон личности кои многу не задолжиле со своето дејствување од страна на србоманите низ разните државни инстанци на Југославија.Бугарското национално будење завршува во 1878 кога и си добива свој држава и со тоа нејзината борба е завршена исто така и на Србија фамозната српска револуција како што е наречена од страна на Леополд фон Ранке а го означува периодот од 1804 до 1835 со добивањето на бератите и хатишерифот таа веќе си е независна односно автономна држава.Грчкото национално ослободително движење завршува завршува на 11 мај 1832 година кога таа е призната за суверена држава.Сето тоа штосе случувало потоа е чисто едно бедно искористување на бедниот и страден македонски народ кој се обаќал за помош и таа малечка помош што ќе сте ја даделе,а подоцна на големо низ Европа ќе се фалите дека таму и таму има бугарски ,српски,грчки народ кој чека браката од веќе создадените држави ослободување,а сешто сакал е овој народ е да го оставите на мира ако можете да помогнете а не да одмагате како што било и е чест случај до денешни дни.Безброј се таквите манипулации низ историјата со македонскиот страден и напатен нерод. И сега кога вашето национално движење завршува во 1878 година кога и си добивата своја држава ,вие нема што да барате да славите херои кои се бореле за слободна и автономна Македонија или да се искористам со зборовите на Ванчо Михајлов `Швајцарија на Балканот`,а факт е дека не останал ни Михајлов рамнодушен кон бугароманските планови на Бугарија врз Македонија и дека тогаш и самата организација се наоѓала во ситуација не различна од денешната каде што не условуваат со промена на нашето име за влез во ЕУ,местот кое е чешмата на економски подобар живот за нас.Така да сосема е исправен терминот присвојување бидејќи она што се прави е не присвојување туку крадење и воеднои во 21 век ширење на националистичка и големобугарска пропаганда во туѓа земја, и за тоа сме пак ние виновни што дозволуваме такви работи,кога убаво со 400 специјалци мози да се реши овој проблем еднаш засекогас,како кога доагате во смилево така и секогаш кога се стреми кон националистистичка и големобугарска пропаганда во нашата напатена земја,па потоа се поставуваат услови за добрососедство кој се добри само за ширење на големобугарската пропаганда но сега веќе по договор,без никој да може да ве спречи.
Глупости.

За султанот има Бугари, Срби, Црногорци и секакви други Словени. Македонци не сум читал да е "имало" за султанот.

Потаму си напишал уште поголеми глупости. За автономија на Македонија се бори Бугарија цело време, не само македонските Бугари - цела Бугарија. А "Швајцарија на Балканот" е само држава во која сите народности - Бугари, Турци, Срби, Грци, Албанци итн живеат заедно. Истото зборуваат и левите и десните во движењето - и врховистите и автономистите. Прочитај спомените на Протогеров, кој според вас е врховист и предавник за што се борел тој - за истото.

И едните и другите се учев во бугарски училишта, на бугарски јазик и наставата во овие училишта. И едните и другите го користат својот бугарски јазик при комуникација.

Излегува дека, сепак, е проблем што спомен плочата била напишана на бугарски - јазикот на Гоце и Даме, истиот јазик на кој ти учеа дечината во бугарските училишта во Македониjа.

Не разбирам зошто земате славенето на заеднички ликови како пропаганда и провокација . Наследниците на поголемиот дел на Дејци на ВМОРО се во Бугарија и се чувствуваат како Бугари . Најголемите писатели и поети по ослободувањето ( 1878 ) година пишуваа во Бугарија , таму живееја и умреа таму . Како што вели Црвенковски во 1944 година во Македонија имаше 300 луѓе со високо образование . Целата интелигенција е во Бугарија и таму си остана . За ова денес има наследници на Мисирков и Марковски , на Талев и Вапцаров , на Александров , на Татарчев, на Сарафов, на Делчев , на Поп Јорданов , на Беровски, на Матов, на Пере Тошев и илјадници други .

И тие ли ви "крадат" хероите?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Не знам дали примарната цел на бугаристанската пропаганда е да ги претстави Македонците како бугаристанци, или пак да се поврзат бугаристанците со нас, Македонците, за да не се чувствуваат како мигрирана татаро монголска пермутација...?

Протогеров и Михајлов се обични врховисти за нас Македонците...не се релевантни, искале нешто ама и самите не знаеле што, па бугаристанскиот двор ги ставил во контекст на своите „искрени“ намери за ослободување на Македонија...
Никоја не ги бара нив...ама еве, и денес врховистите роварат низ Македонија, за да даваат повод и причина на ваквите глупости...
Луѓе кои се бореле искрено за слободна и независна Македонија, тогаш како давеници, се факале за сламката која ја нудела бугаристанската пропаганда, несвесни за вашата подлост, која и сега ка манифестирате. Е сега се што можела, ставила во свој „контекст“, не успеа егзрахиската асимилација, отоманската исламизација, патријаршијата србизацијата...и сега ти со некои јалови обиди тука во очајна сосотјба се обидуваш нешто...:facepalm:
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Абе ова се бедни обиди за пропаганда во денешно време,и да се врховисти сепак се работи за македонско двизење,кое за жал како начелна идеја имала една грда мисла.

Тоа се должи на одредени фактори кои и предходно ги кажав и а другите ги кажаја не мислам да повторувам по не знам кој пат.

Спомените ги имам читано и не знам по колку пати и затоа држам дека секое двизенје од 1893 до 1940 па ако сакаш и потоа е македонско бугарско во никој случај Бугарија си ја доби својата држава во 1878 црквата ја доби во 1871 и со тоа националниот стремеж на Бугарија завршува крај туто е финито.

Сето тоа што се случува подоцна е само бесрамно искористување на оние кои побарале помош од Бугарија а не е само Бугарија таква туку и сите останати наши комшиски држави.Кога еднаш ќе реазберете дека Бугарија е само една подлога врз која се равиваваат македонските интереси поради неможност за реализирање на истите на територија на Македонија.

И всушност тие пак работеле на територија на Македонија во Пиринска Македонија немам слушнато нити читано за некој со ширел македонска самосвест во варна на пример или на друго место крај Црно мореВие сакате да го романтизирате фактот што нашите ве искористиле како параван за многу свои цели,а тоа и се гледа и од многу дејци бугари кои така се изјасниле за нашите дејци.Иван Шишманов убаво си казува во своите дела исто и Андреј Лапчев во неговата книга за македонците која не знам како во 2008 ја имаше во архивот во Софија а подоцна во 2009 мистериозно исчезна откако беше откриена од проф Васил Тоциновски.

Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народноста со пари не се купува - тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува... (Егзархијата б.н) сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин - се гледа во нашата народност. (Се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин... да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез... да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш

— Петар Поп Арсов "Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници"

Македонците секогаш сами се бореле за својата слобода,имало и некаква помош и од Бугарија не велам не ,тука суштината или вистината зад таампомош е многу грда,сте помагале за подоцна да кажете да не бевме ние немаше да успеете.

Инаку еве еден султански документ со кој се забранува употребата на името Mакедонија. Во документот има мала печатна грешка каде што стои 319 трееба 1319 .
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Престанете со офтопици, темата е за Мара Бунева.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Се знае Бугарите зошто ја мразат Македонија и Македонците.
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
"МАРА БУНЕВА И СОФИСКИТЕ ВРХОВИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА
Пишува Тодор ПЕТРОВ
На 13 јануари годинава, 2016, се навршуваат 88 години од атентатот што го извршила Македонката од Тетово Мара Бунева во 1928 година врз српскиот државен обвинител Велимир Прелич во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, се самоубила...
Мара Бунева основно училиште завршила во Тетово, а во Скопје гимназија. Таткото на Мара Бунева, Никола С. Бунев бил пријател на видниот публицист родум од Тетово, Матеjа Геров и на д-р Никола Герасимов. Во семејството на Мара Бунева имало шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена.
По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските окупаторски власти во Македонија во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелич, на кејот на реката Вардар, кај Камениот мост во Скопје. Извори велат таа се жртвувала за брат и’ кој добил задача за атентатот, но место него таа го ликвидирала Прелича. Веднаш по атентатот, Мара Бунева самата се застрелала да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари 1928 година кога и умира.
На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Велимир Прелич му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност. Судените биле членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), основана во 1923 година во Виена, Австрија. Таа имала своја мрежа во Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз каде што студирале Македонците од Македонија. Истовремено, ММТРО свои јадра создала и во Македонија - во Скопје, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Ресен, Крива Паланка, Куманово, Кратово, Берово, Струмица, Тетово, Радовиш и во Неготино. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес, кој студирал во Виена, Австрија. Толку за историјата...
...Веќе стана декор, на тој ден, денот на атентатот врз Прелича, или ден порано подоцна, годинава, 2016, на 10 јануари, Бугарскиот културен клуб во Скопје - софиски платеници за ситни туѓи и други интереси, кои како алиби за својот криминал во Македонија велат дека се монтирани жртви на србо-комунистичката власт заради нивниот врховизам софиски - да ја чествуваат Мара Бунева со панихида во македонската црква Свети Димитрија до Камениот мост во Скопје, а потоа на кејот на реката Вардар, неговите членови и гостите од Бугарија да стават нова спомен плоча, којашто секоја година други ја кршат, откога Бугарите изнасликани за спомен, од Македонија ќе си заминат.
На годинешново чествување во Скопје дојде и бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. “Најголем македонски град во никој случај не е Скопје, најголем македонски град е Софија! Денес во Македонија има луѓе кои се нарекуваат Македонци. И ние го почитуваме тоа. Ние ќе го браниме нивното да се нарекуваат како што сакаат. Ние со нив немаме спор. Нашите спорови се на север, на запад и на југ од Македонија. Ние во Македонија и со Македонија немаме спор. Да не говориме дека веројатно три четвртини од луѓето кои се тука на чествувањето се со пасоши од Република Бугарија и имаат свои корени во денешната Република Македонија“ - рече Џамбаски во Скопје и остана жив!
Се разбира, Софија е поголем македонски град од Скопје, затоа што основата на Бугарија е Македонија, основата на бугарскиот демос е македонскиот етнос, во Бугарија има се’ само Бугари не’, во Бугарија нема македонско малцинство бидејќи мнозинството се Македонци! Кога и да е, ќе ја научат таа лекција, ќе се вратат на корените на Стара Македонија, откога ќе се одлепат од “корените“ во Татарстан, Кина и Монголија!
Како и да е, на годинешното одбележување имаше силно полициско обезбедување, но за разлика од минатите години немаше инциденти, ниту физички пресметки. Клекнати на колена со едноминутно молчење и развиорени знамиња, меѓу нив и унгарски по грешка место бугарски, на кејот на Вардар, дојдоа стотина гости со автобуси од Бугарија да оддадат почит на Мара Бунева.
Чествувањево не’ потсетува на оној вицот со Бугаринот кој застанал на Камениот мост, дерејќи се на цел глас “Аска с’м б’лгарин! Аска с’м б’лгарин!“ иако никој не му обрнувал внимание, за на крајот, западнат во очај, да подзастане случаен минувач со зборовите “О баче, аска с’м б’лгарин!“ А, случајниот минувач во од’ и бледо да му возврати “Па, кој ти е крив бе човек што си Бугарин!“
Секоја година, пластична плоча за Мара Бунева на Кејот поставуваа приврзаниците на Бунева од Бугарија, следниот ден секогаш беше искршена. Минатата година Бугарите на диво поставија бронзена плоча, ја зацрвстија со подолги метални клинови во бетонот, до неа подоцна иста плоча за Бунева постави и Македонското патриотско друштво Тодор Александров од Македонија.
Во сета оваа пародија, чудно е зошто власта во Македонија не реагира? Ја удостојува Европската Унија и софиската антимакедонска политика во престолниот град на државата Македонија? Или, молчиме, затоа што гребајќи се за членство во НАТО и Европската Унија, од намерата да ја одвратиме Софија од вето како и Атина кон Македонија? Замислете, кај ќе ви текне низ светот да правите процесии и да си лепите спомен плочи, без одобрение на домицилните власти, независно дали тоа некого провоцира или се санкционира?! Ама, еве кај нас во Македонија и тоа е можно, земи си автобус од туристичка агенција и на пат за Македонија на слава или помен. Не е важно зошто и кому! Затоа и ни го прават ова, ја сметаат за трло без кучиња Македонија. При македонска власт, зарем граѓаните треба да ставаат ред во центарот на Скопје, главниот град на државата Македонија?
Би рекле, во ред, дошле, направиле помен, секое чудо за три дена, многумина на погрешни места парадираат и без да знаат што чествуваат, извршиле уште еден неуспешен обид за провокација и толку, никој не им е виновен на Бугарите за тоа што се. Ќе талкаат уште некое време за да стигнат до корените и целта, како Македонци до нивната Македонија. Но, загрижува зошто македонската власт ги остава да парадираат и сами без никакви дозволи да лепат спомен плочи каде што сакаат, како што тие историјата ја читаат, наспроти државната во Македонија? Треба културно да им се каже на организаторите, дека процесијата ќе им биде обезбедувана со полициски сили, на определена маршута, ама нема да им се дозволи да лепат што сакаат и каде што сакаат, им се дава дозвола со време од до и место каде, и толку, сето останато се санкционира, како и кај нив во Брисел и Софија! Би дозволиле ли бугарските власти истото да го прават Македонците од Македонија со спомен-плоча во Софија? За гробот на Јане Сандански, веќе е научена лекција, тој ден влезот им е забранет на Македонците од Вардарска во Пиринска Македонија.
И, секако, чествување на реципроцитетна основа! Мирно чествување на Македонците во Бугарија, истото за Бугарите во Македонија. Во спротивно, нема дозвола за чествување на Кејот на Вардар во Македонија, како што Софија секоја година ги враќа Македонците од границата да не присуствуваат на чествувањата за Јане Сандански на Роженскиот Манастир до Мелник во Пиринска Македонија!
Се разбира, Мара Бунева е Македонка, Тетовчанка. Не знаела дека денес ќе ја слават Бугарите од Софија во Македонија. Впроче, не е никаква тајна дека за официјална Софија, Македонците се Бугари, а Македонија е “западна покраина на Бугарија“, вечната неизживеана романса! Ама, и да е така иако не е, од толку историја, датуми, настани и личности, цареви, кралеви, династии, војводи, комити, зошто Бугарите ја слават само Мара Бунева во Македонија? Во Скопје има доволно споменици, можат секој ден да шетаат по цркви и гробови со помени, да полагаат цвеќе на секој камен во Македонија. Ама, ете, Мара од Тетово им е најдрага. Дури и се смешни, кога се на купче, како зомби на сопственото опело. Тукуречи и за жалење, човек треба да ги разбере и да им помогне, да им го покаже патот на спасението и откровението.
На Бугарите од тајфата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД и сличните веќе видени циркузанти, воопшто и не им е важна Мара Бунева, таа служи само како параван да демонстрираат присутност и да ја провоцираат јавноста, ама само предизвикуваат антипатија и индигнација меѓу Македонците во светот и во татковината!
Бугарите и прософиските одродници во Македонија историјата за Македонија ја читаат според српско-бугарско-грчките интереси од времето на Балканските војни 1912-1913 година, кога Србија, Бугарија и Грција извршија окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ кој до денес се’ уште трае.
Да не се смешни, би биле жални. Ним Мара од Тетово и не им е драга за чествување, важно им е дека убила српски државен службеник, тоа е доволна причина за Бугарка да ја сметаат. Стара е бољката: Македонците во Бугарија за Софија се белградски врховисти, Македонците во поранешна Југославија за Белград беа софиски врховисти. За Белград и Софија, Македонци не постојат! Уште да знаат како да се договорат и да го доподелат тоа што остана од Македонија по дислуцијата на поранешна СФР Југославија! Тоа е поводот зошто како утки шетаат од македонската црква Свети Димитрија до Кејот на Вардар, а од Софија за Скопје со белградска карта доаѓаат во Македонија. Ако ништо друго, барем да си ја видат мајката Македонија, со аманет повторно да се вратат догодина, истото да го повторат. Не џабе народот рекол, има каравани, но и кучиња што по нив лајат...
Бог да ја прости Македонката, Тетовчанката, хероината Мара Бунева и вечна и памјат, се разбира, добро дело за Македонија сторила, но НЕ за Бугарија! Патем, сите го градиме македонскиот ѕид на отпорот и непокорот, а не’ слават сите, друго и нема, коренот и татковината Македонија - основата на Балканот во целина, македонската цивилизација - основата на денешните балкански нации-држави како креации на интересите на големите сили за свои сфери на влијание на овие простори... Е, ни иде умот... тро по тро и ќе дојде...
А по повод Мара Бунева, повторувањето: Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени!
Патем, врховизмот не е етничко, туку геололитичко прашање, а значи сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја од соседните метрополи Софија, Белград или Атина!
Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Македонија слободна! Амин!"
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
А си се запрашал зошто Унгарците даваат поддршка на Бугарите??? Зошто? И зошто ви се исти знамињата?
???
Затоа што Бугарите и Хуните потекнуваат од исто легло, затоа што се сродни народи...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom