- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.074
- Поени од реакции
- 16.642
Од каде ти се овие бројки?
Вработен сум кај нив.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од каде ти се овие бројки?
И Фотос како си задоволен? Мене ми се пофалија дека било добро.Вработен сум кај нив.
И Фотос како си задоволен? Мене ми се пофалија дека било добро.
Раководител зема 20.000 денари, збориме за шеф на една линија, тоа ти е група околу 40 луѓе, тие над неа земаат 10.000 денари плус од неа, шеф на оддел зема 1000 евра, и така.
Луѓе со факултет не вработуваат, тоа е точно, башка треба да го плати плус пари, бидејќи има завршено факултет, башка на тој со факултет ќе му е шеф некој со осмо одд. на пример, и ништо чудно да му ја земи работата.
а колку луѓе се раководители, шефови на оддел во цела фабрика?
Па да ти кажам, ко што ни беше мртов градот, гледам луѓево генерално се задоволни. Ваљда од што порано седеле дома и немале работа. Како и да е, нешто се мрдна од мртва точка, a за мене тоа е плус. И мило ми е што е така.Знаеш како викаат кај нас, поарно нема.
Солидно, задоволен сум од плата, работата не е физички, сеа малце психички те утепуваат, ама некако се издржува.
Само што меѓу тие по главните не се знае кој јаде кој пие, ред нема никаков(барем на мене така ми изгледа), без разлика на тоа што се потенцира као еве германецот ќе ни држе дисциплина и ред други работи, и напуштаат само тие што не се зависни од таму и што не трпат некој да му попува над глава, а не знае дека први три месеци е тој на обука, и за тоа е платен.
И врски луѓе секаде има, не е ни ова без врски, е сеа со врски се тие што се на по битните и по лесни работни места, ама 4000 луѓе сигурно не се со врски примени, и партиски.
Има смисла ова што го зборуваш. Во Македонија никогаш нема да има плати високи, како на пример еве Словенија што има. Не верувам дека некогаш и Хрватска би ја стигнале.За да се земаат плати од 1к евра треба да се створи прво тој капитал.Треба БДП по глава да порасне барем тродупло,да се створат производи и добра кои коштаат..да се створи економија.Многу поголем капитал да се врти во земјава.Од кај сега да исплати еден работодавач толкава плата,кога и он самиот за себе не вади толку профит,зборот ми е за помалите работодавачи.Треба голем обрт на капитал во економијата за да пораснат убаво платите,стабилна економија,сива економија на минимум.
Очекувачки е еден келнер да зема плата од 8000 денари, кога машински инженер ги зема истите пари во фирма како Микросам или Дрекселмајер.
Колеги имам таму што работат. Со толку почнаа. И не верувам оти од 20к погоре ќе пркнат. Деградирачки е за една таква исклучителна професија да ја изедначуваш и вреднуваш како и некој што воопшто не се школувал.од каде овие информации за машински инженери?
Колеги имам таму што работат. Со толку почнаа. И не верувам оти од 20к погоре ќе пркнат. Деградирачки е за една таква исклучителна професија да ја изедначуваш и вреднуваш како и некој што воопшто не се школувал.
Раководителите можеш на една рака да ги изброиш. Не се тие репер.се согласувам за ова ... не знам за Микросам, ама ете погоре пишува за раководителите во Дрекселмаер земаат повеќе (претпоставувам раководителите се инженери)
Пред некој ден една пријателка потпиша тримесечен договор за работа кај нив. Бруто плата на договорот пишувало 12 500ден, истото им го кажале и кога ги повикале на интервју, така некако. Доста луѓе се примени и од Велес во фабрикава (ако не грешам мислам дека се некаде околу 150 засега). Имаше и прилог на телевизија од тестирањето, па и интервјуа со потенцијалните вработени. Наводно со организиран превоз ќе биде.
Знам дека понеделник треба да оди " на екскурзија " да види каква е работата, што работат.. бла бла.. А вторник исто требало да оди во Кавадарци да извади лекарско (прегледот бил платен од фирмата).
Но, за пон и вторник немаат организиран превоз до таму, па бараше друштво ако има уште некој заедно да одат. Од среда почнува на работа според договорот.
Лесни биле прашањата. Множење, делење, собирање.. општи мат. функции и разликување на бои. Претежно со заокружување биле. Останатиот дел од прашањата се однесувал на тоа што мислат сами за себе и како би се опишале со два три збора. Секако имало и прашања за тоа кои најлоши карактерни особини ги поседуваат, како би се снашле во одредена ситуација и сл.Какво било тестирањето, интервјуто? Што ги прашувале, ме интересира кој тип на прашања им ги даваат?
Лесни биле прашањата. Множење, делење, собирање.. општи мат. функции и разликување на бои. Претежно со заокружување биле. Останатиот дел од прашањата се однесувал на тоа што мислат сами за себе и како би се опишале со два три збора. Секако имало и прашања за тоа кои најлоши карактерни особини ги поседуваат, како би се снашле во одредена ситуација и сл.
За интервјуто не би знаела да кажам нешто, немале време да ја интервјурираат последнава група. Прилично брзо ги викнаа и да потпишат договор за работа, дали имаше два-три дена поминато од тестирањето. Денес го помина лекарскиот од утре почнува на работа, втора смена. Автобусот им тргнувал некаде 10 до 13 од трговски, претпоставувам дека раб. време им почнува од 14ч.
Хјуман ресорс менаџмент ти е енглески израз за Синдикат.Понекогаш, навистина не ги сфаќам овие што работаат како HR. Секаде.