Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.856
- Поени од реакции
- 52.919

Дваесет и второто коло во Премиер Лигата ни носи ново дерби. Челзи го дочекува актуелниот шампион Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ. Мурињо повторно ќе се соочи со Мојс на клупата на Манчестер Јунајтед откако првиот дуел сезонава кој беше одигран на Олд Трафорд заврши без голови. Во седумте натпревари на кои се имаат сретнато двајцата менаџери, четири пати Мурињо завршил како победник и три пати се одиграло нерешено.
Двата тима ја започнаа сезоната како конкуренти за титулата. Манчестер Јунајтед во обид да ја одбрани, овој пат без Фергусон на клупата, и Челзи во обид да се врати на врвот со повратникот Мурињо. Но, од почетокот на сезоната нивниот пат се раздели.
Челзи, иако недоволно доминантен во својата игра, успева да одржува некаква константност во досегашниот дел од сезоната и после 21 одигран натпревар се наоѓа на третата позиција со освоени 46 поени, на само два поени зад лидерот Арсенал. Мурињо и понатаму одбива дека тимот е спремен за освојување на титулата како оној кој го имаше во неговата прва ера на клупата на Челзи, но сепак очекува тесна борба до последното коло.
Манчестер Јунајтед сеуште пробува да се навикне на животот без Алекс Фергусон. Дејвид Мојс прифати голем предизвик да го замени големиот Фергусон и засега не ги исполни очекувањата на навивачите. Јунајтед во пресрет на 22рото коло се наоѓа на седмата позиција со освоени 37 поени, 11 помалце од лидерот на табелата. Јунајтед мора брзо да ја стабилизира играта и да се врати на победничките патеки доколку сака да обезбеди учество во ЛШ наредна сезона.
Во последните пет натпревари од Премиер Лигата, Челзи има четири победи и еден нерешен, додека пак Манчестер Јунајтед има четири победи и еден пораз. Челзи во моментот е во подобра форма на чело со Хазард кој игра одлично, но на ваквите дерби средби тоа не мора да е никаков показател. Се очекува Челзи денес да се засили со повратникот Немања Матич што би било дополнителен проблем за Јунајтед.
Кај Челзи повредени се Ван Гинкел, Лампард и Иванович, а кај Манчестер Јунајтед не се на располагање Фердинанд, Џонс, Нани, Фелаини, Ван Перси, а можно е Руни да се врати во составот.
Последни пет натпревари помеѓу тимовите во ПЛ:
Манчестер Јунајтед 3-1 Челзи
Челзи 3-3 Манчестер Јунајтед
Челзи 2-3 Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед 0-1 Челзи
Манчестер Јунајтед 0-0 Челзи
Можни состави:
Челзи
Чех
Азпиликуета - Кејхил - Тери - Кол
Рамирес - Луиз
Мата - Оскар - Хазард
Торес
Манчестер Јунајтед
Де Геа
Рафаел - Смолинг - Видич - Евра
Керик - Гигс
Валенсија - Кагава - Јанузај
Велбек
Нека победи подобриот.