Па самите вие (машки пол) си направивте да е тешко да си најдете девојка.
Скроз се согласувам со постот за фб страница пред оваа.
Колку лигавења имам прочитано под слики на секоја што ставила минич или купачи, па реално е дека таа ќе си умисли дека е којзнае што.
Имам колешка што реално не е ни нешто посебно убава, тежок просек, но ради тоа лигавење од машкиве и лајковите кои и стигаат со брзина на светлината, таа сега не сака ни да сврти муабет со дечко кој да речеме не е нешто посебно или е некој рандом тип. Трагично е што не е само она таква. Многу ги има.
Престанете да им се лигавите, симнете ги малце од ѕвездите, секоја втора денес е ко манекенка прикажана на овој смотаниов фб, а тоа е далеку од манекенка.