Не станува збор за потценување.
Данска е моментален Европски шампион, од кого на претходното првенство изгубивме несреќно во последна секунда. Тогаш бевме во најјак состав. Сега Мојсо не игра, некои играчи имаа стомачен вирус и уште милион други ситници кои укажуваат на тоа дека ќе изгубиме. Плус Данците играат пред своја публика
По што ти проценуваш дека ќе ги победиме? Дај некој аргумент, освен “Јас НЕ ЗНАМ до кога ќе ја потценуваме Македонија и Македонците, а ќе ги величаме останатите народи...“
И да изгубиме, никој тука нема да им замери, не е срамота да се изгуби од актуелниот Европски шампион кој секогаш растура во ракомет.
Јас ги обожавам дечките, нека играат со срце, мерачки, па и да изггубат ништо страшно, имаат уште два натпревари пред себе.