Значи веќе реков,Мухаммед а.с. рекол дека перото на мелеците е дигнато од три вида на луѓе.
А кога перото на мелеците е дигнато тоа значи дека не им се пишуваат гревови.
1. Човек кој спие,додека не се разбуди.
2. Малолетно дете додека не ја достигне својата полова зрелост
3. Неразумна личност додека не се врати разумот.
Тоа значи дека луѓето(бидејќи и детето еден ден ќе стане човек,односно полнолетен) кои се психички пореметени,односно не можат да го користат својот разум на овој свет се ослободени од исламски обврски, и не им се пишуваат гревови.
Додека пак,тие што се со инвалидитет,но сепак разумни односно немаат никакви психички пречки се со ист статус како и сите луѓе,говорам за муслимани,само што се ослободени од исламски обврски кои не можат да ги прават поради тој недостаток/инвалидитет.
На пр. Човек кој не проодил од раѓање не е должен да обави аџилак,или не е должен да оди во џамија на молитва,итн итн.
А тоа за идниго,тоа се ваљда деца/личности кои се интелектуално понапредни,односно развиени се некои способности кои ги немаат останатите луѓе,углавном некои приказни од овие со Новиот Поредок,тоа на темата за телемити можеби подобро можат да ти го одговорат брачата секташи,тие ги чекаат таквите луѓе.
15. На Аллах, чинејќи сеџда, Му се покорува сè што е на небесата и на Земјата, сакале или не сакале, а и сенките нивни, наутро и приквечер.
16. Кажи: „Кој е Господар на небесата и Земјата?“ – и одговори: „Аллах!“ Кажи: „Па зошто тогаш наместо Него како заштитници сте ги прифатиле тие што не можат самите себеси никаква корист да си направат ниту од себе некаква штета да отстранат?“ Кажи: „Зарем се еднакви слепецот и тој што гледа, или, зарем се исти темнините и светлото, или зарем тие што Му ги здружуваат на Аллах создаваат како што Тој создава, па создавањето им се чини слично?“
Кажи: „Аллах е Создателот на сè и Тој е Единиот и Семоќниот.“(сура Ер-Рад)